Фудбалски клуб Копер (словенечки: Nogometni klub Koper), вообичаено познат како ФК Копер или едноставно Копер — словенечки фудбалски клуб кој игра во градот Копер и се натпреварува во словенечката Прва лига. Копер е еден од петте фудбалски клубови во земјата кои успеале да ги освојат сите три домашни трофеи (лига, куп и суперкуп). Клубот своите натпревари ги игра на стадионот Бонифика со капацитет од 4.047 седишта. Клубот е основан во 1920 година.

ФК Копер
Целосно имеФудбалски Клуб Копер
Nogometni klub Koper
ПрекарКанаринците (Kanarčki)
Основан1920; пред 104 години (1920)
ЛокацијаКопер, Словенија
СтадионБонифика
Капацитет4.047
ПретседателАнте Губерац
ТренерЗоран Жељковиќ
ЛигаПрва словенечка фудбалска лига
2020/219.
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои