ФК Железничар Сараево

Фудбалски клуб Железничар е фудбалски клуб од Сараево, Босна и Херцеговина и еден од најголемите и најуспешните клубови во земјата. Името Железничар значи "железнички работник", а клубот го носи ова име токму порад фактот дека бил основан од страна на група на железнички работници. Во Босна, клубот традиционално е познат по производството на талентирани играчи, наместо нивно купување. Клубот обично се потпира на продажба на своите најталентирани играчи на крајот на секоја сезона[2] за да преживее финансиски.

Железничар
Целосно имеФудбалски клуб Железничар
ПрекарЖељо,[1]
Плави (Сините)
Основан19 септември 1921; пред 102 години (1921-09-19)
СтадионГрбавица
Капацитет17.000
ПретседателБосна и Херцеговина Ведран Вукотиќ
ТренерСрбија Славко Петровиќ
ЛигаПремиер лига
2020/217-ти
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои

Во времето на поранешна Југославија, ФК Железничар биле шампиони еднаш во сезоната 1971-1972, квалификувајќи се за Европскиот куп во 1972-1973 сезоната, каде што биле елиминирани во првата рунда. Клубот исто така завршил како вицешампион еднаш во лигата, и бил финалист во Купот на Југославија во сезоната 1980-1981. Во Европа, клубот е најпознат по достигнувањето до полуфиналето на Купот на УЕФА за време на сезоната 1984-1985 и четвртфиналето во сезоната 1971-1972.

Железничар е првиот босански клуб кој успеал да стигне до полуфиналето на Купот на УЕФА и еден од ретките тимови од Југославија кои некогаш успеале да го сторат тоа. Железничар е исто така најуспешниот фудбалски тим во денешна Босна и Херцеговина, со освоени 6 првенства на Босна и Херцеговина, 5 купа и 3 суперкупа. Клубот никогаш не успеал да се квалификува за Лигата на шампионите (во ерата пост Европскиот куп), а како најдобар резултат на клубот би можело да се истакне достигнувањето до третото (последно) квалификациско коло во сезоната 2002-2003, во кое загубиле од Њукасл Јунајтед со вкупен резултат 0-5. Според списокот на IFFHS од Топ 200 европски клубови на 20-от век, организација призната од страна на ФИФА, Железничар е највисоко рангираниот босански клуб, на делба на 110-тотот место на листата заедно со АЗ Алкмар и Виторија Сетубал.[3]

Своите домашни натпревари Железничар ги игра на стадионот Грбавица, кој е со капацитет од 17.000 седечки места. Основните бои на клубот се сината и белата и најчесто настапуваат сини дресови и шорцеви или бели дресови и шорцеви. Нивен најголем соперник им е локалниот градски конкурент ФК Сараево, со кого се натпреварува во Дербито на Сараево, во кое гледано историски Железничар доминира. Низ историјата клубот има произведено многу великани на југословенскиот и босанскиот фудбал, како: Ивица Осим, Јосип Каталински, Мишо Смајловиќ, Благоје Братиќ Хајрудин Сарачевиќ, Јосип Букал, Божо Јанковиќ, Мехмед Баждаревиќ, Един Бахтиќ, Радмило Михајловиќ, Харис Шкоро, Никола Никиќ, Един Чуриќ, Џелалудин Мухаремовиќ, Един Вишча и Един Џеко.

Играчи уреди

Моментален состав уреди

Обновено на 31 март 2017
Бр. Позиција Играч
1   ГМ Ирфан Фејзиќ
2   ОД Синиша Стевановиќ
3   ОД Амар Беширевиќ
4   ОД Матео Бочачини
7   СР Иван Црнов
8   СР Дарко Марковиќ
10   СР Самир Бекриќ
11   СР Јован Блегојевеиќ
12   ГМ Аднан Бобиќ
13   ГМ Ведран Ќосевски
14   СР Дино Хасановиќ
15   ОД Јадранко Богичевиќ
Бр. Позиција Играч
16   ОД Срѓан Станиќ
17   СР Горан Закариќ
18   ОД Даниел Стојановиќ
19   ОД Семир Керла
20   СР Зајко Зеба  
22   ОД Муса Мухамед
23   НП Стево Николиќ
24   НП Иван Лендриќ
25   СР Угљеша Радиновиќ
27   ОД Кемал Османковиќ
39   СР Денис Жериќ
88   СР Мирослав Стевановиќ

Титули уреди

  Југославија уреди

1971-1972

  Босна и Херцеговина уреди

1997-1998, 2000-2001, 2001-2002, 2009-2010, 2011-2012, 2012-2013
1999-2000, 2000-2001, 2002-2003, 2010-2011, 2011-2012
1998, 2000, 2001

Наводи уреди

  1. „Osim card coming up trumps at Željezničar (Željo for short)“. uefs.com. Посетено на 14 August 2015.
  2. „Berjan: Željo je dobijao aplauz po cijeloj Jugoslaviji“. fkzeljeznicar.ba. Посетено на 19 August 2015.
  3. Europe's Club of the Century retrieved from www.iffhs.de, 13 September 2009

Надворешни врски уреди