ФК Бенфика е португалски фудбалски клуб од Лисабон, кој во моментов се натпреварува во највисоката категорија на португалскиот фудбал, Примеира лига.

Бенфика
Основан28 февруари 1904
СтадионСтадион Луж
Лисабон, Португалија
Капацитет64,642
СопственикПортугалија Луис Филипе Виеира
ТренерПортугалија Руи Виторија
Лига Примеира лига
2022-2023Примеира лига, 1.
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Тековна сезона

Клубот е основан на 28 февруари 1904, од група на луѓе предводени од Косме Дамиао. Бенфика е еден од таканаречената голема тројка клубови во Португалија кој никогаш не испаднале од Првата лига на оваа држава заедно со Порто и Спортинг Лисабон. Тие се исто така најуспешниот клуб во Португалија со освоени 78 титули во домашните и меѓународните натпреварување. Во нив спаѓаат рекордни 35 титули Шампион на Португалија, рекордни 25 титули освојувач на Купот на Португалија, рекордни 7 титули освојувач на Лига купот на Португалија, 6 Суперкупа на Португалија и 3 титули Кампеонато на Португалија. Исто така, Бенфика е и двократен европски шампион, освојувајќи го Европскиот куп на шампиони во две години едноподруго во 1961 и 1962 година. Клубот играл уште 5 пати во финалето на Европскиот куп во 1963, 1965, 1968, 1988 и 1990 и уште трипати во финалето на Купот на УЕФА или Лигата на Европа во 1983, 2013 и 2014 година.

Бенфика била рангирана како дванаестти клуб по успешност на списокот на ФИФА за најдобри клубови на 20 век.[1] Најдобар стрелец на клубот е Еузебио кој освоил една златна топка и две златни копачки за време на периодот додека настапувал за клубот.

Својте домашни натпревари Бенфика ги игра на Стадионот Луж, кој има капацитет од 64,642 седечки места. Играат во црвени дресови и бели шорцеви.

Стадиони уреди

 
Стадионот Луж за време на Европското првенство во 2004

Бенфика својте домашни натпревари ги игра на Стадионот Луж (што во буквален превод значи Стадион на светлината), кој е познат уште под неколку имиња како Спортски стадион на Лисабон и Бенфика или Катедрал (прев. катедралата). Тој може да собере 65.647 гледачи, со што е еден од најголемите во Европа. Тој бил изграден за Европското првенство 2004, настан на кој бил домаќин на финалето; Стадионот исто така бил избран да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во сезоната 2013-2014.

Меѓутоа, низ историјата тимот има променето повеќе игралишта: како Терас до Десембаргадор од 1904 до 1906, Кампо де Фелтеира од 1907 до 1911, Кампо де Сете Риос од 1913 до 1917 Кампо де Бенфика од 1916 до 1926, Амореирас од 1925 до 1940 и Кампо Гранде од 1941 до 1954.[2][3] На 1 декември 1954 бил инаугуриран стадионот кој го носи денешното име, кој бил реновиран во текот на осумдесеттите години, достигнувајќи капацитет од 130.000 гледачи во 1987.[4]. Во 2003 Бенфика го искористила неговото рушење, за во исто време, да го отвори новиот Стадион Луж, која бил изграден на истото земјиште врз основа на стариот стадион.[5][6].

Соперништва уреди

Најголеми соперници

Бенфика заедно со Порто и Спортинг Лисабон се трите гиганти (на португалски се нарекуваат Os Três Grandes) на португалскиот фудбал. Со овие екипи клубот има големо соперништво; пресметката со Порто е наречена О Класико, додека натпреварот со сограѓаните од Спортинг е познат како Дербито на Лисабон.

Играчи уреди

Моментален состав уреди

Бр. Позиција Играч
1   ГМ Едерсон
2   ОД Лисандро Лопес
3   ОД Алекс Грималдо
4   ОД Луисао (капитен)
5   СР Љубомир Фејса
7   СР Андреас Самарис
8   СР Андре Орта
9   НП Раул Хименес
10   НП Жонас
11   НП Константинос Митроглу
12   ГМ Жулио Сесар
13   ГМ Пауло Лопес
14   ОД Виктор Линделоф
Бр. Позиција Играч
15   СР Андре Карилјо
17   СР Андрија Живковиќ
18   СР Едуардо Салвио
19   ОД Елисеу
20   НП Гонсало Гуедеш
21   СР Пици
22   СР Франко Серви
27   СР Рафа Силва
28   СР Гуљелмо Селис
33   ОД Жардел
34   СР Андре Алмеида
37   СР Данило
50   ОД Нелсон Семедо

Рекордери уреди

Статистиката е ажурирана на 29 декември 2016

Играчи со најмногу натпревари
Место Име на играчот Натпревари
1   Тамањини Нене 578
2   Антонио Велосо 534
3   Марио Колуна 528
4   Умберто Коелјо 497
5   Шеу Хан 488
6   Мануел Бенто 462
7   Луизао 453
8   Антонио Симоес 451
9   Еузебио 445
10   Домисиано Кавем 418

Играчи со најмногу постигнати голови
Место Име на играчот Голови
1   Еузебио 478
2   Жозе Агуаш 376
3   Тамањини Нене 363
4   Жозе Аугусто Торес 236
5   Арсенио Дуарте 215
6   Рожерио Лантрес де Карвалјо 203
7   Жулињо 200
8   Жозе Аугусто 177
9   Оскар Кардосо 172
10   Нуно Гомеш 166

 
Еузебио рекордерот по бројот на постигнати голови во дресот на Бенфика.

Освојувачи на титули уреди

Добитници на златна топка
Шампиони на Европа

Тренери низ историјата уреди

Моментален стручен кадар уреди

 
Руи Виторија моменталниот тренер на Бенфика.
Позиција Име
Тренер Руи Виторија
Асистенти Арналдо Тешеира
Серџо Ботелјо
Минервино Пиетра
Марко Педросо
Фитнес тренер Пауло Моурао
Тренер на голманите Луис Естевес
Benfica LAB coordinator Бруно Мендес

Source: [7]

Титули уреди

Домашни натпреварувања уреди

1935-1936, 1936-1937, 1937-1938, 1941-1942, 1942-1943, 1944-1945, 1949-1950, 1954-1955, 1956-1957, 1959-1960, 1960-1961, 1962-1963, 1963-1964, 1964-1965, 1966-1967, 1967-1968, 1968-1969, 1970-1971, 1971-1972, 1972-1973, 1974-1975, 1975-1976, 1976-1977, 1980-1981, 1982-1983, 1983-1984, 1986-1987, 1988-1989, 1990-1991, 1993-1994, 2004-2005, 2009-2010, 2013-2014, 2014-2015, 2015-2016,2016-2017, 2018-19, 2022−23
1939-1940, 1942-1943, 1943-1944, 1948-1949, 1950-1951, 1951-1952, 1952-1953, 1954-1955, 1956-1957, 1958-1959, 1961-1962, 1963-1964, 1968-1969, 1969-1970, 1971-1972, 1979-1980, 1980-1981, 1982-1983, 1984-1985, 1985-1986, 1986-1987, 1992-1993, 1995-1996, 2003-2004, 2013-2014, 2016−2017
2008-2009, 2009-2010, 2010-2011, 2011-2012, 2013-2014, 2014-2015, 2015-2016
1980, 1985, 1989, 2005, 2014, 2016

Меѓународни натпреварувања уреди

1960-1961, 1961-1962

Наводи уреди

  1. „web.archive.org“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-04-23. Посетено на 23 март 2011.
  2. „História dos Estádios“ (португалски). slbenfica.pt. Архивирано од изворникот на 2014-01-13. Посетено на 13 август 2013.
  3. „Other Stadia“ (англиски). planetbenfica.co.uk. Архивирано од изворникот на 2013-06-01. Посетено на 13 август 2013.
  4. „Estádio do Sport Lisboa e Benfica (1954)“ (португалски). slbenfica.pt. Text "http://www.slbenfica.pt/pt-pt/est%C3%A1dio/est%C3%A1diosanteriores/est%C3%A1diodosportlisboaebenficaluz.aspx" ignored (help); Отсутно или празно |url= (help); |access-date= бара |url= (help)
  5. „Estádio da Luz“ (англиски). worldstadiums.com. Архивирано од изворникот на 2017-04-12. Посетено на 13 август 2013.
  6. „Stadium Construction“ (англиски). planetbenfica.co.uk. Text "http://www.planetbenfica.co.uk/page.php?56" ignored (help); Отсутно или празно |url= (help); |access-date= бара |url= (help)
  7. „Staff“. S.L. Benfica. Архивирано од изворникот на 2016-08-23. Посетено на 23 August 2016.

Надворешни врски уреди