Бернер Шпорт Клуб Јанг Бојс или ФК Јанг Бојс е швајцарски професионален фудбалски клуб од главниот град, Берн. Клубот е основан во 1898 година и се натпреварува во највисокото ниво на швајцарскиот клупски фудбал, Швајцарска Супер лига. Тие се моментални шампиони на Швајцарија, откако триумфирале во сезоната 2017-2018 освојувајќи ја титулата првпат по 32 години чекање.

Јанг Бојс
Основан14 март 1898
СтадионСтад де Свис
Берн, Швајцарија
Капацитет32,000
СопственикШвајцарија Вернер Мулер
ТренерШвајцарија Герардо Сеоане
ЛигаШвајцарска Супер лига
2022–231.
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Тековна сезона

Со 12 наслови во швајцарското првенство Јанг Бојс е на делба на четвртото место по успешност со ист број на титули со Цирих а зад Грасхопер, Базел и Сервет. Освен тоа тие имаат и 6 наслови во Купот на Швајцарија. Јанг Бојс исто така е еден од најуспешните швајцарски клубови и во европските натпреварувања, а најголемиот успех им е полуфиналето во Европскиот куп во сезоната 1958-59, каде биле поразени од францускиот претставник Ремс.

Од 2005, Јанг Бојс ги игра својте домашни натпревари на Стад де Свис кој има капацитет од 32.000 места, а изграден е на местото на некогашниот стадион Ванкфорд.

Бои и амблеми уреди

Официјалните бои на клубот се црна и жолта ( ).

Титули уреди

1902-03, 1908-09, 1909-10, 1910-11, 1919-20, 1928-29, 1956-57, 1957-58, 1958-59, 1959-60, 
1985-86, 2017-18, 2018-19, 20219/20, 2020/21, 2022/23.

1929-30, 1944-45, 1952-53, 1957-58, 1976-77, 1986-87, 2019/20, 2022/23

1976.

Моментален состав уреди

Бр. Позиција Играч
1   ГМ Марко Велфли
4   ОД Мохамед Али Камара
5   ОД Стив вон Берген  
7   СР Миралем Сулејмани
8   ОД Џибрил Со
11   СР Џанлука Гаудино
14   СР Муми Нгамале
16   НП Кристијан Фаснахт
17   НП Рожер Асале
18   НП Жан-Пјер Нсаме
19   СР Торстен Шик
20   СР Мишел Ебишер
Бр. Позиција Играч
21   ОД Улисес Гарсија
22   ОД Грегори Вутрих
23   ОД Лорис Бенито
26   ГМ Давид вон Балмос
29   ОД Џордан Лотомба
30   СР Сандро Лаупер
39   СР Лео Сејду
40   ГМ Дарио Марцино
43   ОД Кевин Мбабу
51   ОД Јан Крониг
99   НП Гијом Оаро

Надворешни врски уреди

Наводи уреди