Услар (германски: Uslar) — град во јужниот дел на сојузната покраина Долна Саксонија, Германија, во југозападниот дел на округот Нортхајм. Сместен е на јужниот дел на шумското подрачје Золинг, кое претставува дел од Везерското Средногорје.

Услар
Центарот на градот
Центарот на градот
Центарот на градот
Грб на Услар
Услар во рамките на Германија
Услар
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Нортхајм
Градски единици 19
Градоначалник Торстен Бауер (ДХС)
Основни податоци
Површина 113,4 км2
Надм. височина 178 м
Население 14.068 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 124 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. NOM
Пошт. бр. 37170
Повик. бр. 05571, 05573, 05506, 05574
Портал www.uslar.de
Местоположба на градот Услар во рамките на округот Нортхајм
Карта
Карта
Координати 51°39′35″N 9°38′9″E / 51.65972° СГШ; 9.63583° ИГД / 51.65972; 9.63583Координати: 51°39′35″N 9°38′9″E / 51.65972° СГШ; 9.63583° ИГД / 51.65972; 9.63583

Услар се наоѓа на германскиот Пат на фахверкот.

Историја уреди

Услар бил првпат споменат во 1006/1007 година. Во втората половина на XII век, велфската династија започнала да владее со градот, што траело до XIX век.

Во 1599 година бил изграден замокот Фројдентал, кој бил запален во 1612 година. Во 1819 година, големи делови од градот биле запалени.

Географија уреди

Услар се наоѓа близу границите со Хесен и Северна Рајна-Вестфалија. Од Хановер е оддалечен 110 километри на север.

Градски единици уреди

Градот Услар е поделен на 19 градски единици: Алберсхаузен, Алерсхаузен, Болензен, Делихаузен, Динкелхаузен, Ешерхаузен, Фирстенхаген, Гирсвалде, Камерборн, Офензен, Шларпе, Шенхаген, Шенинген, Золинген, Услар, Фале, Ферлихаузен, Фолприхаузен и Винзен.

Сообраќај уреди

До Услар може да се стигне преку покраинскиот пат Л554 од Гетинген. Низ Услар поминува сојузниот пат Б241 во насока на Беферунген до Нортхајм. Најблиски автопати се А7 и А44.

Најблизок меѓународен аеродром е Хановер, додека други помали аеродроми се Падерборн-Липштат и Касел.

Во близина на градот се наоѓа мал рекреативно леталиште, водено од локалниот клуб.[2]

Услар е поврзан со железница преку градот Нортхајм.

Стопанство уреди

Индустријата во Услар се заснова на природните ресурси како дрво, песок и вода.

Во XX век, индустријата за мебел на Услар била светски позната со над 2000 вработени во 1950-тите години. Денес, само туризмот е важна гранка во градот.

Постои и приватна пиварница, која произведува пиво на семејството Бергброј.

Меѓународни односи уреди

Услар е збратимен со следниве градови:[3]

Наводи уреди

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)
  2. Airfield data on LSV Solling e. V. homepage
  3. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-03-23. Посетено на 2016-09-08.

Надворешни врски уреди