Урбана популарна култура

Урбаната поп-култура е поп-култура во градовите и урбаните средини. Таа е водена и поттикната од популарната култура на мејнстрим медиумите. Урбаната поп-култура има тенденција да биде повеќе космополитска и либерална од мејнстрим културата, но не е без свои сложени обичаи, одразувајќи ја, на пример, амбивалентноста на родителските општества кон сексуалноста.[1]

Влијанието врз популарните медиуми уреди

Влијанието на урбаната поп-култура врз традиционалните популарни медиуми денес е по воочливо за разлика од минатото. Од 1995 година, бројот на телевизиски реклами и популарни ситкоми што користат реквизити, наводи или сленг од пониските градски средини продолжува да расте. Филмовите на големиот екран се исто така пример за тоа како урбаната поп-култура влијае на традиционалната поп-култура. хит филмот „Тропска грмотевица“ е исполнет со наводи, слики и шеги што се вообичаени кај младите во Бруклин, Њујорк и Лос Анџелес . Урбаната поп-култура исто така се вметнува во главниот тековен свет на модата, музиката, па дури и политиката. За време на едно интервју, поранешниот претседател Џорџ В. Буш бил запрашан како се чувствува во врска со коментарот што раперот Кање Вест го даде во врска со напорите на неговата администрација да одговори на ураганот Катрина, а поранешниот претседател во својот одговор вклучи дека тој „не е хејтер (мразач)“; термин кој потекнува од градот Њујорк, а кој најмногу го користат рапери и млади.

Наводи уреди

  1. Cheuk-Yin Li (February 2011). „Queering Urban Popculture: Exploring Tactics in the Ho Denise Wan See (HOCC) Fandom in Hong Kong“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-03. Посетено на 2 декември 2020. Наводот journal бара |journal= (help)