Управна поделба на Русија

Како најголема земја во светот, и една од најнаселените, Русија има неколку видови и нивоа на управна поделба.

Федерални субјекти уреди

 
Федерални субјекти на Русија

Русија е федерација која се состои од 85 субјекти[1]. Овие субјекти имаат еднакви федерални права во смисла дека се подеднакво претставени во собранието—секој има двајца делегати—во Советот на Федерацијата (горниот дом на рускиот парламент). Меѓутоа тие се разликуваат по степенот на автономија која ја уживаат. Автономните окрузи, додека се субјекти сами за себе, истовремено се сметаат за административна поделба на други федерални субјекти (со единствен исклучок на Чукотскиот автономен округ). Федералните субјекти се сметаат за второ ниво на поделба, бидејќи се предмет на федералните закони (прво ниво).

Административна поделба уреди

Секој федерален субјект има одредено своја административната и територијална поделба посебно. Еве генерализирана список на видови на административна поделба на пониско ниво (3то ниво) на федералните субјекти:

Типични административни единици од 4то ниво:

  • Селсовети (селски совети)
  • Градови и населени места од градски тип под јурисдикција на реонот
  • Градски реони

Општински целини и меѓуопштински територии уреди

Во текот на општинската реформа во Русија (руски: муниципальная реформа в России), сите федерални субјекти на Русија требале да си ги усогласат самоуправните структури, гарантирано според Уставот на Русија. Според оваа реформа секој субјект треба да има унифицирана структура на општинските управни тела до January 1, 2005, и законот за нивно извршување стапил во важност на 1 јануари, 2006. Според законот, единиците на општинска поделба се:

  • Општински реон (руски: муниципальный район), група општинско образување (руски: муниципальные образования) кои имаат заедничка територија во која се одвива локална самоуправа. Во практика, муниципалните реони обично се формираат во рамките на границите на постоечките реони, включае градски и селски општини и меѓуопштините територии:
    • градска општина (руски: городское поселение), град или населено место од градски тип (често и група селски населени места) каде локалната самоуправа се врши директно од народот и/или преку локални самоуправни тела кои се избрани или одбрани на друг начин.
    • селска општина (руски: сельское поселение), која опфаќа повеќе селски населени места каде локалната самоуправа се врши директно од народот и/или преку локални самоуправни тела кои се избрани или одбрани на друг начин.
    • меѓуопштина територија (руски: межселенная территория), територија која се наоѓа вон териториите на селски и градски општини.
  • Градски округ (руски: городской округ), градска општина кое не е во состав на општински реон, каде локалните самоуправни тела имаат право, како кај општинскиот реон да решаваат политички важни прашања, како и извршување на некои државни моќи кои им се дадени од федералните и регионалните закони.
  • Внатрешна градска територија на федерален град (руски: внутригородская территория города федерального значения), дел од територијата на еден федерален град каде локалната самоуправа се врши директно од народот и/или преку локални самоуправни тела кои се избрани или одбрани на друг начин.

Други поделбени единици уреди

Федерални окрузи уреди

Сите федерални субјекти се групирани во девет федерални окрузи[2], секој под управа на претставник назначен од претседателот на Русија. Пратениците на федералните окрузи служат како врска помеѓу федералните субјекти и федералната влада и се главно одговорни за надгледување на почитувањето на федералните закони.

Економски региони уреди

 
Економски региони на Русија

За економски и статистички цели, федералните субјекти се делат на 11 економски региони[2]. Економските региони и нивните делови кои делат заеднички економски трендови пак, се групираат во економски зони и макрозони.

Поврзано уреди

Наводи уреди