Уполу (самоански: Upolu) е остров во државата Самоа.

Уполу
Карта на Самоа со острвот Уполу на десна страна.
Географија
МестоТихи Океан
Координати13°55′S 171°45′W / 13.917° ЈГШ; 171.750° ЗГД / -13.917; -171.750
Површина1.125 км2
Должина75 км
Највисоко издигнување1.113 м
Највисока точкаФито
Управување
Најголема населбаАпија (pop. ~35,000)
Демографија
Население143,418 (2011)
Густина127 /km2 (329 /sq mi)
Етнички групи92.6% Самоанци, 7% мешани, 0.4% Европејци

Географија уреди

Островот е долг 75 километри и има вкупна површина од 1125 км2, што го прави втор по големина во државата. На Уполу живеат околу 145.000 жители и со тоа е најнаселен самоански остров. Уполу се наоѓа југоисточно од Саваи. Апија, главниот град на државата, се наоѓа во средишниот дел на северниот брег. На западниот дел од островот се наоѓа Меѓународниот аеродром Фалеоло. Нема забележано вулкански ерупции, но има остатоци од три дамнешни потоци од лава.

Историја уреди

Во 19 век, шкотскиот писател Роберт Луис Стивенсон поседувал имот на Уполу во селото Ваилима. Тој умрел на Уполу во 1894 година и е закопан на врвот на брдото Ваеја, каде гробот гледа кон неговиот имот. Поседот бил откупен во 1900 година и служел како службена резиденција на германскиот гувернер на Германска Самоа. Кога Британија ја презела контролата врз островите, Британците го конфискувале имотот и го ставиле во иста употреба. Денес е резиденција на шефот, односно претседателот, на Самоа.

Жив свет уреди

Уполу е дом на еден многу редок вид пајак. Според Гинисовата книга на светски рекорди, пајакот е голем колку точката на печатена страница.[1]

Галерија уреди

Белешки уреди

  1. „Smallest spider“. Guinness World Records. Посетено на 6 July 2017.

Наводи уреди

  • „Upolu“. Глобална програма за вулканизмоит. Смитсонова установа. (англиски)

Надворешни врски уреди

13°55′S 171°45′W / 13.917° ЈГШ; 171.750° ЗГД / -13.917; -171.750