Украинска гривна (украински: українська гривня, МФА: [ˈɦrɪu̯nʲɑ], ознака UAH) — официјална валута во Украина и се состои од 100 копејки (едн. копејка, укр. копійка). Националната Банка на Украина (Національний Банк України) има ексклузивно право на печатење и издавање на монети и банкноти во Украина.

Украинска гривна
українська гривня (украински)
ISO 4217
КодUAH
Составници
Подединица
 1/100копејка
Множинагривни
 копејкакопејка
Симбол
Банкноти1, 2, 5, 10, 20, 50, 100, 200, 500 гривни
Монети1, 2, 5, 10, 25, 50 копејка, 1 гривна
Демографија
Корисник/ци Украина
Издавач
Централна банкаНационална Банка на Украина
 Мреж. местоwww.bank.gov.ua
Вредност
Инфлација3% (проц. за 2012)
 ИзворBloomberg, 6 март 2012
Знакот на гривната
Знакот на гривната

Името на украинската парична единица потекнува од времето на Киевски Рус - гривната била главна парична единица на Киевски Рус. Украинската Народна Република ја користела гривната како национална валута во периодот од 1918 до 1920.

По вторпат гривната била воведена на украинскиот пазар на 2 септември 1996 година.

Денес во Украина во оптек се метални монети со деноминации од 1, 2, 5, 10, 25, 50 копејки и 1 и 2 гривни, како и хартиени банкноти со деноминација од 1, 2, 5, 10, 20, 50, 100, 200, 500 гривни.

На аверсот на гривните се значајни личности од украинската историја.

Украинските монети уреди

Слика Деноминација Технички параметри Опис Воведување
Лице Опачина Пречник Дебелина Маса Состав Раб Лице Опачина
1 копејка 16 мм 1,2 мм 1,5 гр не’рѓосувачки челик Рамен Грбот на Украина Деноминација 1992
  2 копејки 17,3 мм 1,2 мм 0,64 или 1,8 гр алуминиум или не’рѓосувачки челик
  5 копејки 24 мм 1,5 мм 4,3 гр Не’рѓосувачки челик Назабен
10 копејки 16,3 мм 1,25 мм 1,7 гр Месинг или алуминиумска бронза Reeded Грбот на Украина Деноминација 1992
  25 копејки 20,8 мм 1,35 мм 2,9 гр Reeded and plain sectors
  50 копејки 23 мм 1,55 мм 4,2 гр
1 гривна 26 мм 1,85 мм 7,1 или 6,9 гр Напис: „ОДНА ГРИВНЯ“ (една гривна), година на воведување

Украинските банкноти (серија 1992 г.) уреди

Слика Вредност Димензии Главна боја Description Дата на
Лице Опачина Лице Опачина Прво печатање Воведување
    1 гривна 135 х 70 мм темнозелена Владимир Велики рушевините на Херсонес 1992 2 семтември, 1996
    2 гривни кафена Јарослав Мудриот Катедрална црква на Свети Софија во Киев
    5 гривни Темносино Богдан Хмелницки црква во селото Суботов
    10 гривни виолетова Иван Мазепа Киевско-печерска лавра
    20 гривни жолта и кафена Иван Франко Лавовски театар на операта и балетот

Надворешни врски уреди