Узем

село во Општина Крива Паланка

Узем — село во областа Славиште, во Општина Крива Паланка, во околината на градот Крива Паланка.

Узем

Поглед на селото Узем

Узем во рамките на Македонија
Узем
Местоположба на Узем во Македонија
Узем на карта

Карта

Координати 42°13′21″N 22°25′35″E / 42.22250° СГШ; 22.42639° ИГД / 42.22250; 22.42639Координати: 42°13′21″N 22°25′35″E / 42.22250° СГШ; 22.42639° ИГД / 42.22250; 22.42639
Регион  Североисточен
Општина  Крива Паланка
Област Славиште
Население 193 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1335
Повик. бр. 031
Шифра на КО 15051
Надм. вис. 959 м
Узем на општинската карта

Атарот на Узем во рамките на општината
Узем на Ризницата

Потекло на името уреди

Името првпат се сретнува во турски документи од XVI век, како Узема. Потеклото на името главно е нејасно. Најверојатно доаѓа од „уземир“ од старословенски, што означува „затвори, стесни, се јадосува, загрижува“.[2]

Географија и местоположба уреди

 
Куќи во маалото Бобошинци

Селото се наоѓа во областа Славиште, во источниот дел на територијата на Општина Крива Паланка, во изворишното сливно подрачје на Крива Река, а чиј атар се допира со државната гранична линија со Бугарија.[3] Селото е планинско и раштркано, чии маала се сместени на надморска височина од 900 до 1.060 метри. Од градот Крива Паланка, селото е оддалечено 11 километри.[3]

Куќите на ова село во поголемиот дел се наоѓаат на десната страна на долината на Крива Река, во непосредна близина на македонско-бугарската граница. Околни села се Жидилово на северозапад и Костур на североисток.[4]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Пишевица, Набоји, Љути Рид, Крива Река, Селиште, Црквиште и Деве Баир.[4]

Селото е од разбиен тип. Се разликуваат десет маала, осум од нив на левиот брег на Крива Река, една на падината и една на дното од долината.[4]

Селото е планинско и се наоѓа во областа Славиште. Узем е на 3 километри од граничниот премин Деве Баир. На северозапад од атарот на селото се наоѓа Жидилово, на запад Кркља, на југ Костур и на исток Бугарија.

Средиштен дел од селото претставуваат маалата Витановци и Манѓелици. Во атарот на селото се наоѓа и граничниот премин „Деве Баир“.[4]

Историја уреди

Се верува дека пред денешното село постоело друга постаро, но тоа пропаднало. Денес, постојат само топонимите Селиште и Црквиште. Тие месности се наоѓаат во маалото Манѓелици, десно од реката. Тоа село трипати е споменато во историските извори од XVI век.[4]

Денешното село потекнува од првата половина на XIX век. Било основано од доселеници од другите села и области. Еден од родовите потекнува од Врање, во Србија. Тоа е родот Стравинци, кои се доселиле околу 1830 година, кога дошле и другите селски родови.[4]

Во XIX век, Узем било село во Кривопаланечка каза на Отоманското Царство.

Стопанство уреди

 
Поглед на селото

Атарот зафаќа простор од 8,7 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 353 хектари, на шумите отпаѓаат 326 хектари, а на пасиштата 143 хектари.[3]

Во минатото, главно занимање на мештаните било сточарството, но замрело по Втората светска војна.[4]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948560—    
1953632+12.9%
1961574−9.2%
1971494−13.9%
1981314−36.4%
ГодинаНас.±%
1991276−12.1%
1994272−1.4%
2002256−5.9%
2021193−24.6%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Узем имало 330 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Узем имало 400 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.[7]

Селото во 1961 година имало 574 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 272 жители.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Узем живееле 256 жители, од кои 254 Македонци и 2 Срби.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 193 жители, од кои 188 Македонци, 1 Србин и 4 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 330 400 560 632 574 494 314 276 272 256 193
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови уреди

Узем е македонско село, во кое живеат доселенички родови. Во секое маало живее еден род.[4]

Родови во Узем се: Стравинци (13 к.), доселени се од некое село во околината на Врање, го знаат следното родословие: Санде (жив на 51 г. во 1973 година) Максим-Стојан-Ранко-Ивко, основачот на родот кој се доселил; Витановци (10 к.), Манѓеловци (10 к.), Барбуловци (8 к.), Долномаловци (7 к.), Штиќаревци (6 к.), Кортељаровци (5 к.), Ќосинци (4 к.) и Јанчевци (3 к.), сите овие родови се доселени со непознато место на старина.

Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:[14]

  • Староседелци: Митревци или Стојковци (11 к.), Пауновци (10 к.), Урулејки (2 к.), Стоименовци (3 к.), Новоселец и Стоилковци (1 к.), Раневци (5 к.) и Бошковци или Тасковци (1 к.).
  • Доселеници: Петревци или Тасковци (1 к.), потекнуваат од домазет доселен од селото Костур; Деа Илијевци или Милковци (1 к.), потекнуваат од домазет доселен од селото Конопница; Буџовци (3 к.), доселени се од некое место во Србија; Кортељаци (13 к.), доселени се од околината на Врање во Србија; Бобашевци или Манѓелци (12 к.), доселени се од селото Бобешино кај Ќустендил во Бугарија; Штицарци или Ристовци (5 к.), доселени се од селото Црвена Јаболка кај Ќустендил во Бугарија; Барбулци (10 к.), доселени се од Барбарево кај Пробиштип; Јовановци (2 к.), доселени се од околината на Врање во Србија и Пејчиновци (1 к.), доселени се од селото Жидилово.

Општествени установи уреди

 
Поглед на подрачното основно училиште „Јоаким Крчовски“
 
Поглед на селото

Самоуправа и политика уреди

Селото влегува во рамките на Општина Крива Паланка, која била една од малкуте општини, кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Жидилово, во која покрај селото Узем, се наоѓале и селата Жидилово, Костур, Кркља и Трново. Селото било дел од некогашната општина Жидилово во периодот 1950-1952, кога покрај него се наоѓале и селата Жидилово, Кркља и Узем.

Избирачко место уреди

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0961 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште во селото Узем. Во него е опфатено и соседното село Костур.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 189 гласачи.[16]

Редовни настани уреди

Во селото, во маалата Манѓелци и Витановци, кои го претставуваат средишниот дел на селото, се одржуваат повеќе селски слава. Се одбележуваат Велигден, Ѓурѓовден, Спасовден, Духови и Илинден.[4]

Иселеништво уреди

Од селото има приличен број на иселеници. Поголемиот дел од селото се има иселено по Втората светска војна. Подетално се знае за следниве родови: Стојанчеви (1 к.) живеат во селото Видовиште, близу Кочани; Чеканци (1 к.) и Дејановци (1 к.), живеат во селото Пеширово, Овче Поле.[4]

Најпозната личност во Узем е Мирче Јакимовски,познат како "Брки" кој е основоположник на рудникот Тораница(кој се наоѓа во близина).

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р. Македонија. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 189–190.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 306. Посетено на 31 јули 2019.
  4. 4,00 4,01 4,02 4,03 4,04 4,05 4,06 4,07 4,08 4,09 Трифуноски, Јован (1973). Кривопаланачка област. Загреб: Хрватска академија на науките и уметностите. стр. 252–253.
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 224.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 142-143.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 31 јули 2019.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. Величковски, Драган (2009). Славишки Зборник Бр.1. Крива Паланка: Градски Музеј - Крива Паланка.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 6 август 2019.
  16. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 6 август 2019.

Надворешни врски уреди