Тјоурсау

река во Исланд

Тјоурсау (исландски: Þjórsá) — река на југот на Исланд, најдолга во земјата 230 км. Има истек од 310-360 [[м3/с]].[1]

Реката Тјоурсау со ледниците Тиндфјадлајекидл and Ејафјадлајекидл

Ова е ледничка река која истекува од ледникот Хофсјекитл. Тече низ тесните клисури во Исландската Висорамнина, па подолу ѝ се приклучува притоката Тингаау, па навлегува во рамничарски предели. Тука тече низ долината Тјоурсаудалир каде се наоѓа реконструираниот чифлик Стенг од викиншко време. Во низината течението оди по источната граница на најголемиот лавотек Þjórsá Lava.

Во средината на реката е се наоѓа голем остров Аурнес, каде во минатото се одржувал тинг (народен собор). По него е наречена административната единица Аурнесисла .

Реката ја преминува државната Обиколница (Þjóðvegur) со мост од Селфос до Хетла. Неколку километри југозападно од мостот, реката се влева во Атлантскиот Океан.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Податоци за реката Архивирано на 14 јули 2007 г. - портал „Тјоурсау“ (исландски)

Координати: 63°47′N 20°48′W / 63.783° СГШ; 20.800° ЗГД / 63.783; -20.800