Тутанкамон (египетски: twt-ˁnḫ-ı͗mn; *tuwt-ʕankh-yamān), вистинско име: Тутанкатен (познат во XIV век пред нашата ера) - египетски фараон (1333-1323 г. пред нашата ера) од осумнаесетта династија.

Тутанкамон
Тутанкамен, Тутанкатен[1], можеби и Нибуререја (Амарнски писма)
Посмртната маска на Тутанкамоновата мумија (Египетски музеј)
Фараон на Египет
Владеелca. 1333–1323 п.н.е., XVIII династија
ПретходникСменхкар? or Нефернеферуатон?
НаследникAy
СопружнициАнхесенамен
Децадве ќерки
ТаткоЕхнатон
Мајканепозната мумија наречена „Помладата Дама“
Роден~1341 п.н.е.
Починал~1323 п.н.е.
(возраст: ~18 г.)
ЗакопанKV62

Дошол на престолот на околку осумгодишна возраст и бил советуван да се пресели назад во Мемфис од Ахетатон, градот на таткото на неговата сопруга и негов претходник, Ахенатон. За време на неговото владеење била вратена традиционалната религија по реформите на Ахенатон. Кратко пред неговата смрт, сѐ уште во своите тинејџерски години, Тутанкамон испратил војска во Сирија со цел да обезбеди помош за сојузот против една група поврзана со хетитите.

Бидејќи неговото име било меѓу „проколнатите“ на кралските списоци на XVIII династија, локацијата на неговиот гроб била заборавена, а просторијата во која бил закопан не била отворена сѐ до 1923 година, кога била пронајдена од страна на Хауард Картер (1873-1939). Благодарение на неговите богатства, Тутанкамон, веројатно, останал најпознат меѓу фараоните и покрај неговата рана смрт и ограничените остварувања.

Семејство уреди

Не е сигурно кои биле родителите на Тутанкамон. Се спомнува дека е кралски син,но не се знае точно од кој крал. Најголемиот број научници смета дека му бил син на Аменхотеп трети или на Аменхотеп Четврти. Кога Тутанкамон го наследил престолот од Акхенатон, Аменхотеп Трети бил веќе мртов. Тутанкамон вледеел со Египет меѓу 9 и 10 години. Испитувањата на неговата мумија покажале дека тој бил многу млад кога умрел. Се претпоставува дека имал само 19 години. До овој заклучок се дошло од испитувањето на неговите заби.

Тутанкамон бил оженет со Анкесенпатен, Акхенатовата ќерка. Анкесенпатен подоцна своето име го сменила во Анкесенамун. Познато е дека имале две ќерки кои биле родени мртви и нивните мумии се наоѓаат во гробницата на Тутанкамон. Египетските научници извршиле ДНК-анализа на две мумифицирани фетуси, пронајдени во гробницата на Тутанкамон за да утврдат дали тие се деца на најпознатиот фараон-дете. Фетусите ги открил британскиот археолог Хауард Картер во 1922 година, кога и ја открил фараонската гробница. Повеќето научници сметаат дека мајка на фетусите е Анкесенамун, единствата жена на младиот фараон. Анкесенамун инаку била ќерка на Нефертити, која надалеку била позната по својата убавина. Египетските научници соопштија дека постои можност фетусите да не се деца на Тутанкамон. Од друга страна, според старото египетско верување фетусите му помагале на фараонот задгробниот живот да го живее како новороденче.

Владеење уреди

Во третата година од владеењето на Тутанкамон (веројатно во 1331 г.п.н.не, кога тој имал 11 години (веројатно под влијанието на Аи), старата египетска религија повторно станала официјална религија, а Теба повторно е прогласена за главен град. Младиот фараон своето име го променил од Тутенкатен во Тутанкамон. Се претпоставува дека поголемиот дел од неговите одлуки ги донеле други бидејќи тој бил многу млад.

По смртта на Тутанкамон, Акхесенатон се омажила за Аи, можно е под присила и набрзо ја снемува од пишаната историја. Тутанкамон бил наследен од Аи, а небрзо потоа, Хоремхеб, кој ги тргнал поголемиот дел од трагите на владеењето на Акхенатон, Тутанкамон и Аи.

Причини за смртта уреди

Причината за смртта на Тутанкамон долго време на била позната. Телото првпат било испитувано од тимот на Хауард Картер, во деведесеттите години на дваесеттиот век. Во 2005 година египеткиот археолог Захи Хавас ги изнел резултатите од истразувањата на Тутанкамоновата мумија кои не укажуваат на фактот дека е тој убиен. Постоела дупка на главата но се смета дека настанала за време на обредите на мумифицирањето. Постојат истажувања која укажуваат на тоа дека Тутанкамон ја скршил ногата и можно е да умрел од нејзина инфекција. Тутанкамон умира во деветнаесеттата година од својот живот. Има и други претпоставки за неговата смрт од маларија во комбинација со наследната болест на коските - некроза.

Ова сознание е резултат на деталните ДНК и радиолошки истражувања спроведени врз неговата мумија, две мумии пронајдени во гробницата на фараонот, како и врз сите познати мумии од 18-та династија, на кој Тутанкамон и припаѓал. Научниците со истражувањето успеаја да ги утврдат патолошки значајните и наследни заразни болести во семејството. Дијагнозата за смртта на фараонот е поставена благодарение на генетските испитувања кои ги откриле низата малформации во семејството на Тутанкамон, како што се Кохлеровата болест, која посебно го погодила младиот фараон. Станува збор за ретка болест на коските на стапалата кај децата, поради кои овој дел од телото го губи снабдувањето со крв. Анализата, исто така, покажала трага од паразитот Пласмодиум фалципарум, предизвикувач на маларијата кај Тутанкамон и уште четири испитани мумии, пренесуваат француските медиуми, не наведувајќи од каде го добиле извештајот пред неговото објавување. Резултатите на истражувањето, во среда, во Каиро, официјално ќе ги соопшти д-р Захи Хавас, главен секретар на египетскиот врховен совет за старини.Истовремено, резултатите ќе ги објави и американската медицинска асоцијација. Научниците со истражувањето успеаја да ги утврдат и семејните врски, односно досега не сосема познатото потекло на фараонот. Така, утврдено е дека таткото на Тутанкамон, кој умрел на возраст од 19 години по кратко владеење, бил фараонот Аменхотеп- познат и како Ехнатон. Но, анализите покажаа дека е исклучено негова мајка да е легендарната кралица Нефертити. Мајка на фараонот е мумијата КВ35ЅЛ чие име останува непознато.

Археологија уреди

Истражувањето на гробницата на Тутанкамон го вршел Картер, а финансирањето на истражувањето било од лордот Карнавон. Истражувањето траело 5 години. Кралската мумија била откриена во октомври 1925, а последниот предмет бил изнесен во ноември 1927. Во гробницата морало да се донесе електрично светло и морала добро да се обезбеди од кражби бидејќи била преполна со злато. Само изнесувањето на златото траело 84 дена. Златото на Тутанкамон сега се наоѓа во Египетскиот музеј во Каиро и сместено е во 12 простории. Тутанкамоновата гробница е сега достапна под неонско светло и во неа се наоѓа саркофаг со позлатена маска на фараонот и во него е и самата мумија на фараонот. На тутанкамоновата гробница пишувало: „Смрт ќе дојде за тие кои го нарушуваат сонот на Фараонот...“

Клетви уреди

Смртта ги косела сите што го вознемирувале сонот на фараонот. Во дворот на една англиска селска куќа сред ноќ почнал да лае пес. Непрекинатото тажно завивање ги разбудило заспаните членови на домаќинството. Кутрото животно не можело да се смири и продолжувало да завива сè додека на крајот, тешко збивајќи, не паднало на земја и умрело. Овој необичен настан се случил во куќата на ценетиот археолог-аматер, педесет и седумгодишниот лорд Карнарвон во Хемпшир. Во мигот кога кучето почнало да вие и самиот Карнарвон се тресел во претсмртна треска, илјада милји подалеку, во една соба во хотелот Континентал во Каиро. Проклетството на детето-фараон Тутанкамон ги зело своите први две жртви. По нив ќе следуваат уште многу други. Проклетството на фараонот му било добро познато на Карнарвон, страсниот египтолог. Се сеќавал на него уште додека во Англија ја планирал својата последна и најголема експедиција за Египет во потрага по баснословната гробница на Тутанкамон полна со скапоцености. Добил предупредување од познатиот мистик од тоа време, гроф Хамон. Пораката гласела: „Лорд Карнарвон не смее да влезе во гробницата. Му се заканува опасност ако не послуша. Ќе се разболи и нема да оздрави. Смртта ќе го стигне во Египет“. Карнарвон се загрижил поради предупредувањето и двапати ги консултирал гатачите кои во двата случаи му претскажале блиска смрт под мистериозни околности. Карнарвон сепак тргнал на пат предводејќи ја експедицијата што требало да претставува круна на неговиот долгогодишен неостварен сон. Стигнувајќи во Египет, се расфрлал со храброст и му се потсмевал на проклетството во кое исплашените домородци, што работеле под негово водство на ископувањето кај Луксор, слепо верувале. Еден од неговите блиски соработници во експедицијата, Артур Вејгал, забележил: „Ако Карнарвон слезе во таа гробница, не му давам повеќе од два месеци живот“. prokletstvo-tutankhamun1.jpg Карнарвон и неговата екипа на 17 февруари 1923 година влегле во посмртната одаја на младиот крал. Во внатрешноста Карнарвон и неговиот американски партнер Хауард Картер нашле богатство за кое не ни сонувале дека постои – злато, скапоцени камења и украси, како и ковчег од чисто злато во кој лежело мумифицираното тело на Тутанкамон. Над гробницата имало натпис што веднаш бил преведен. Пишувало: „Смрт ќе го снајде тој што го нарушува сонот на фараонот“.

Два месеци подоцна, тогаш веќе славниот лорд Карнарвон се разбудил во својата соба во хотелот Континентал велејќи: „Се чувствувам како во пеколот“. Кога му стигнал синот, Карнарвон веќе бил во кома. Умрел истата ноќ. Во мигот кога Карнарвон издивнал, неговиот син се наоѓал во соседната соба. Подоцна рекол за тоа: „Одненадеж, во цело Каиро изгасна осветлението. Запаливме свеќи и се молевме“. Смртта на Карнарвон му била припишана на каснување заразниот комарец москито, што предизвикало воспаление на белите дробови и папсаност на целиот организам. Чудно, велат дека балсамираното тело на кралот Тутанкамон има лузна на левиот образ, точно на местото каде што комарецот го каснал лорд Карнарвон. Набргу потоа во хотелот Континетал умрел и американскиот археолог Артур Мејс, еден од водечките членови на експедицијата, кој се жалел на замор и ненадејно паднал во кома. Умрел пред да можат лекарите да ја постават дијагнозата. Случаите на смрт на египтолозите се нижеле еден по друг. Џорџ Гулд, близок пријател на Карнарвон, побрзал да отиде во Египет штом слушнал за неговата смрт. Гулд исто така ја посетил гробницата на фараонот. Следниот ден добил силна треска и по 12 часа умрел и тој. Радиологот Арчибалд Рид, кој со помош на Х-зраците го испитувал телото на Тутанкамон, бил пратен дома во Англија поради тоа што се жалел на исцрпеност. Набргу потоа умрел и тој. Личниот секретар на Карнарвон во експедицијата, Ричард Бетел, бил пронајден мртов на својот кревет, велат, од срцев удар. Британскиот индустријалец Џоел Вул бил еден од првите посетители на гробницата. Набргу потоа умрел од мистериозна треска.

Во рок од шест години по ископувањето на гробницата на Тутанкамон, умреле 12 луѓе што присуствувале на тоа откритие. По 7 години биле живи само уште двајца од првобитната екипа. И други 22 луѓе што биле во врска со експедицијата умреле предвреме. Меѓу нив и леди Карнарвон и полубратот на лордот. Тој најверојатно извршил самоубиство зашто бил умствено растроен. Еден од преживеаните бил коорганизаторот на експедицијата Хауард Картер. Тој продолжил да му се потсмева на легендарното проклетство и умрел во 1939 година од природна смрт.

Но проклетството на фараонот продолжило да го зема својот данок со години потоа. Директорот на одделението за антика на Египетскиот музеј во Каиро, Мохамед Ибрахим, во 1966 година бил замолен од својата влада да организира изложба на богатството на Тутанкамон во Париз. Тој се противел на тоа решение, зашто сонил дека ќе се соочи со опасност ако богатството на фараонот го напушти Египет. Кога се враќал од последниот неуспешен состанок со претставниците на владата во Каиро, на Мохамед Ибрахим налетал автомобил и го усмртил.

По три години, единствениот преживеан од Тутанкамоновата експедиција, седумдесетгодишниот Ричард Адамсон, дал интервју за британската телевизија со намера да го „разоткрие митот за проклетството“. Адамсон, кој бил во личната придружба на лорд Карнарвон, им рекол на гледачите: „Ниту еден миг не верував во митот“. Потоа, кога се враќал од телевизиското студио, таксито со кое се возел се судрило со друг автомобил и тој паднал на улицата. Камионот што минувал во тој миг поминал на една педа од неговата глава. Тоа бил веќе трет случај кога Адамсон го плаќал данокот на проклетството. Првиот пат кога зборувал за него, 24 часа подоцна починала неговата сопруга. Кога го направил тоа вторпат, неговиот син тешко си го повредил р’бетот во авионска несреќа.

По несреќата на улицата, Адамсон закрепнувал во болница од повредите на главата и зборувал: „Досега одбивав да поверувам дека несреќите во моето семејство имаат врска со проклетството. Сега сум убеден дека имаат“. Стравот од проклетството на фараонот оживеал во 1972 година, кога златната маска на Тутанкамон била подготвена и спакувана во Каиро за изложбата во Британскиот музеј во Лондон. За целата операција во Каиро бил одреден д-р Гамал Мерез, кој како директор на Египетскиот музеј го наследил несреќниот Мохамед Ибрахим. Д-р Мерез не верувал во проклетството. Изјавил: „Јас сум, повеќе од кој било друг на светот, поврзан со гробниците и мумиите на фараоните, па сепак сум жив. Јас сум жив доказ дека сите трагедии што се доведуваат во врска со фараонот биле чиста случајност. Ниту еден миг не верував во проклетството“. Докторот се наоѓал во музејот во Каиро, организирајќи го пренесувањето на богатството, кога пристигнале бродовите што требало да го натоварат непроценливиот товар. Таа вечер, откако завршил со надгледувањето на работата, д-р Мерез умрел. Како причина за неговата смрт бил наведен колапс.

Организаторите на изложбата без многу возбуда продолжиле со работата. Транспортот на остатоците на фараонот што имале непроценлива вредност го извршил авионот на Кралската воена авијација. Но во рок од неколку години по тој лет, шест членови на екипажот ги снашла несреќа или смрт. prokletstvo-tutankhamun2.jpg Полковник Рик Лори, главниот пилот на британскиот авион, и механичарот Кен Паркинсон биле совршено подготвени и здрави луѓе. Меѓутоа, и двајцата набргу умреле. Сопругата на Паркинсон раскажувала дека нејзиниот сопруг страдал од срцеви пречки секоја година по тој лет, и тоа секогаш во исто време. Од последниот срцев удар тој починал во 1978 година, во својата четириесет и петта година. Главниот пилот Лори умрел две години пред него, исто така од срцев удар. Неговата сопруга изјавила: „Тоа е поради проклетството на Тутанкамон – тоа го уби“. Лори имал 40 години. Во текот на летото, техничарот Јан Ландсдаун на шега ја шутнал кутијата со посмртната маска на Тутанкамон велејќи: „Го шутнав најскапиот предмет на светот“. По тој настан ногата му била 5 месеци во гипс, откако скалите на кои се наоѓал Ландсдаун на необјаснив начин паднале. Навигаторот на авионот, поручникот Џим Веб, го загубил целиот имот кога му изгорела куќата во пожар. Девојката од авионот морала да го напушти РАФ по една сериозна операција. Стјуард Брајан Раунсфол изјавил: „Во текот на повратниот лет игравме карти на ковчегот. Потоа сите до еден седнувавме до сандакот со посмртната маска смеејќи се и правејќи шеги на сметка на тоа. Тоа не беше непочитување – беше само мала забава.Наредникот Раунсфол во тоа време имал 35 години. Во следните 4 години доживеал два инфаркта.

Дали постои некакво логично објаснување за мистериозните умирања и несреќите на толкав број луѓе што биле во врска со реликвиите на Тутанкамон? Новинарот Филип Вандерберг со години ја проучувал легендата за фараоновото проклетство. Во јавноста излегол со изненадувачка теорија. Во својата книга „Проклетството на фараонот“ тој тврди дека гробниците во пирамидите претставуваат совршена подлога за бактериите кои со текот на вековите можат да развијат нови и непознати форми и да ја одржат својата сила сè до денешново време.

Тој укажува и на тоа дека старите Египќани биле стручњаци за отрови. Некои отрови не мора да се голтнат за да убијат – би можеле да бидат смртоносни дури и ако само навлезат во кожата. Отровни материи биле користени за сликање по ѕидовите на гробниците, кои потоа биле запечатувани и на тој начин станувале херметички затворени. Ограбувачите на гробници, кои во старите времиња ги сквернавеле спомениците, секогаш најнапред дупчеле отвори на ѕидовите за да овозможат циркулација на воздухот пред да влезат и да го ограбат богатството на фараонот.

Надворешни врски уреди

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. Clayton, Peter A. (2006). Chronicle of the Pharaohs: The Reign-by-Reign Record of the Rulers and Dynasties of Ancient Egypt. Thames & Hudson. стр. 128. ISBN 0-500-28628-0.