Тур де Романди 2016

издание 2016 на Тур де Романди
Тур де Романди 2016
Детали за трката
Издание70. Тур де Романди
НатпреварувањеСветска турнеја на UCI 2016 2.UWT
Етапи6
Датуми26 април – 1 мај
Растојание646,66 км
ДржаваSUI Швајцарија
ПоаѓалиштеЛа Шо де Фон
ОдредиштеЖенева
Екипи20
Возачи на почеток160
Возачи на крај124
Просечна брзина43.185 км/ч
Добитници на наградите
ПобедникCOL Наиро Кинтана (Мовистар)
ВторопласиранFRA Тибо Пино (ФДЖ)
ТретопласиранESP Јон Исагире (Мовистар)
БодовенSUI Михаел Албасини (Орика-ГринЕЏ)
ПланинскиBEL Сандер Арме (Лото-Судал)
МладинскиFRA Пјер Латур (АГ2Р Ла Мондијал)
ЕкипенESP Мовистар
◀20152017▶
Документација

Тур де Романди 2016 (именувана и како Трка околу Романди) — 70. издание на велосипедската етапна Тур де Романди, која се одржала помеѓу 26 април и 1 мај како четиринаесетти настан во сезоната на Светската турнеја.[1]

Трката имала шест етапи. Првата била пролог (поединечен хронометар); петте етапи кои следувале имале две завршници на нагорнина и уште еден ридест хронометар.

Рута уреди

ЕтапаДатумТекtypeРастојание (км)ПобедникCевкупен лидер
Пролог  26 апрЛа Шо де Фон – Ла Шо де Фон
 
пролог
3,95  Јон Исагире    Јон Исагире  
1  27 апрMathod – Мудон
 
ридеста етапа
100,5  Марсел Кител    Јон Исагире  
2  28 апрМудон – Моржен
 
планинска етапа
177  Наиро Кинтана    Наиро Кинтана  
3  29 апрСјонСјон
 
индивидуален хронометар
15,11  Тибо Пино    Наиро Кинтана  
4  30 апрКонти – Вијар сир Ојон
 
планинска етапа
172,7  Крис Фрум    Наиро Кинтана  
5  1 мајОјон – Женева
 
ридеста етапа
177,4  Михаел Албасини    Наиро Кинтана  

Екипи уреди

Бидејќи Тур де Романди е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[2] Две други професионални континентални екипи биле дополнително поканети и на трката настапиле вкупно 20 екипи.

Екипи од Светската турнеја на UCI (18)Професионални континентални екипи (2)

Поредок уреди

На Тур де Романди 2016 биле доделувани четири различни маички. За генералниот пласман, пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа и временски бонуси на етапите — десет секунди за етапниот победник, шест секунди за второпласираниот и четири секунди за третопласираниот. Немало временски бонуси на средните спринтови. Предводникот на пласманот ја добивал жолтата маичка. Овој пласман се сметал за најважен на Тур де Романди 2017 и победникот на овој пласман се сметал за победник на трката.[3]

Дополнително, постоел и пласман за млад возач, кој се наградувал со бела маичка. Овој пласман се пресметувал на ист начин како генералниот пласман, но само возачите родени на и по 1 јануари 1990 можеле да учествуваат во пласманот.[4]

Исто така, постоел и планински пласман, каде се доделувала розовата. Во планинскиот пласман, бодови се добиваат доколку велосипедистите се искачат на некое искачување пред другите велосипедисти, така што повеќе бодови има на повисоките категоризирани искачувања; постоеле петнаесет категоризирани искачувања, поделени во три различни категории. На искачувањата од прва категорија, првите петорица возачи добивале бодови; првиот освојувал 12 бода. Бодови добивале исто така првите пет возачи на искачувањата од втора категорија, иако победникот освојувал само 8 бода. На искачувањата од третата категорија, само првите четворица возачи добивале бодови, а првиот меѓу нив добивал 5 бода.

Постои и бодовен пласман. На секоја од етапите постоеле два средни спринта. Првиот возач на овие спринта освојувал шест бода, вториот возач три бода и третопласираниот еден бод. Немало бодови за етапните завршници. Победникот во пласманот ја добивал зелената маичка.[5]

Последен поединечен пласман била наградата за борбеност. По секоја друмска трка, жирито избирало еден возач на основа на покажаното и напорот на етапата. Возачот го добивал црвениот број на следната етапа. По последната етапа, жирито го бирало најборбениот возач на целата трка.[6]

Постоел и пласман за екипите, каде времињата на тројцата најдобри велосипедисти по екипа на секоја екипа се додаваат заедно. Водечката екипа на крајот на трката е екипата со најниско вкупно време и секој член на победничката екипа добива маичка со жолт број на завршниот подиум.[4]

Етапа Победник Генерален пласман
 
Бодовен пласман
 
Планински пласман
 
Пласман за млад возач
 
Награда за борбеност
 
Екипен пласман
 
П Јон Изагире Јон Изагире Јон Изагире Луј Вервеке Луј Вервеке недоделена Мовистар Тим
1 Марсел Кител Марсел Кител Сандер Арме Сандер Арме
2 Наиро Кинтана Наиро Кинтана Наиро Кинтана Давиде Формоло Дарил Импи Канондејл
3 Тибо Пино Јон Изагире Дамјен Хаусон недоделена Мовистар Тим
4 Крис Фрум Пјер Латур Боб Јунгелс
5 Михаел Албасини Михаел Албасини Сандер Арме Крис Фрум
На крај Наиро Кинтана Михаел Албасини Сандер Арме Пјер Латур недоделена Мовистар Тим

Наводи уреди

  1. Вин, Најџел. „UCI WorldTour calendar 2016“. Cycling Weekly. Посетено на 18 декември 2015.
  2. „UCI Cycling Regulations: Part 2: Road Races page 110 article 2.15.127“ (PDF). uci.ch. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот (PDF) на 2 јули 2015. Посетено на 20 август 2015.
  3. TdR 2015, стр. 3.
  4. 4,0 4,1 TdR 2015, стр. 4.
  5. TdR 2015, стр. 3–4.
  6. TdR 2015, стр. 4–5.

Надворешни врски уреди