Туршијазеленчук, пиперки, зелени домати, краставички, карфиол - конзервирани во киселина.[1]. Ова јадење е распространето на Балканскиот Полуостров и на Блискиот Исток, на сончевите простори кои располагаат со доста овошје и зеленчук. Се спрема во есен за да го пополни недостатокот на свеж зеленчук во текот на зимските месеци.

Туршија
Туршија
Дел од оброкотсалата
РегионБалкан, Близок Исток
Температура на послужувањеладна
Главни состојкизеленчуци, киселина

Туршијата се служи како предјадење или мезе.

Рецепт уреди

 
Жива туршија - сечкана пиперка и домат

Туршијата се прави со разни зеленчуци, најчесто: зелени пиперки, зелени домати, краставици, карфиол, моркови. Во наведениот рецепт покрај овие состојки се вклучени и зелени динчиња. Потребни состојки:

Количината на зеленчуци може да се менува само треба да се спази вкупната количина да биде 10 килограми.

Зеленчукот се чисти, мие и реди во сад наменет за туршија, кој може убаво да се затвори. Се остава да престои, а утредента се прелива со пресолот. Се прави пресол од 2 литри вода, солта, шеќерот. Се префрла во друг голем сад и се додава есенцијата и 8 литри вода. Со оваа течност се прелива зеленчукот и се пази истиот да не „лета“ нагоре. Се затвора садот и за десетина дена туршијата е готова.

Надворешни врски уреди

Наводи уреди