Труењето со арсен е медицинска состојба предизвикана од зголемено количество на арсен во организмот. Студија од 2007 година открила дека над 137 милиони луѓе во повеќе од 70 држави се веројатно погодени од труење со арсен од водата за пиење.[1]

Труење со арсен
Труењето со арсен е глобален проблем кој настанува од арсенот кој нормално го има во подземните води.
СпецијалностУргентна медицина Уреди на Википодатоците

Знаци и симптоми уреди

Први симптоми кои се јавуваат при труење со арсен се главоболка, конфузија, тешка дијареа и поспаност. Краен резултат од труењето со арсен е кома и смрт.[2]

Дијагноза уреди

Дијагнозата на труењето се поставува со определување на концентрацијата на арсен во крв, урина, коса и нокти.

Третман уреди

Димеркапролот и димеркаптосукцинска киселина се хелирачки агенси кои се користат при акутно труење со арсен.

Наводи уреди

  1. Видете:
  2. „Arsenic Poisoning“. IHC World. Архивирано од изворникот на 2016-06-08. Посетено на 2 мај 2014.