Трсино

село во Општина Виница

Трсино — село во Општина Виница, во областа Пијанец, во околината на градот Виница.

Трсино

Панорама на Трсино

Трсино во рамките на Македонија
Трсино
Местоположба на Трсино во Македонија
Трсино на карта

Карта

Координати 41°54′38″N 22°38′58″E / 41.91056° СГШ; 22.64944° ИГД / 41.91056; 22.64944Координати: 41°54′38″N 22°38′58″E / 41.91056° СГШ; 22.64944° ИГД / 41.91056; 22.64944
Регион  Источен
Општина  Виница
Област Пијанец
Население 444 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2316
Повик. бр. 033
Шифра на КО 05014
Надм. вис. 740 м
Трсино на општинската карта

Атарот на Трсино во рамките на општината
Трсино на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Трсино се наоѓа на западните падини на планината Голак, во крајниот северен дел на територијата на Општина Виница и неговиот атар се граничи со Општина Делчево. Селото е ридско и е сместено на надморска височина од 740 м. Атарот на селото зафаќа површина од 35 км2. Од Виница е оддалечено околу 20 км.[2]

Историја уреди

Во XIX век, Трсино било мешано село на Македонци и Турци, сместено во Кочанската каза на Отоманското Царство.

Во Првата балканска војна, од селото имало еден доброволец кој бил дел од Македонско-одринските доброволни чети.[3]

По Втората балканска војна, селото паднало под српска власт.

Стопанство уреди

Селото има мешовита земјоделска фумкција. Од вкупната земјоделска површина во атарот на селото, шумите зафаќаат површина од 1.384 ха, пасиштата површина од 1.301 ха, а на обработливо земјиште отпаѓаат 756 ха.[2]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948857—    
1953978+14.1%
1961637−34.9%
1971692+8.6%
1981659−4.8%
ГодинаНас.±%
1991704+6.8%
1994749+6.4%
2002730−2.5%
2021444−39.2%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Трсино имало 660 жители, од кои 150 Македонци христијани, 500 Турци и 10 Роми.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во селото имало 160 жители Македонци.[5] Според Димитар Гаџанов, во 1916 година во Трсино живееле 300 Турци и 239 Македонци.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Турци и 250 Македонци.[7]

Според пописот од 2002 година, во селото Трсино живееле 730 жители, од кои 723 Македонци и 7 Турци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 444 жители, од кои 402 Македонци, 2 Турци, 3 останати и 37 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е прикажано вкупното население и етничка припадност во Трсино:[10]

Година Македонци Турци Срби Ост. б.п. Вкупно
1948 857
1953 431 545 1 1 978
1961 579 58 0 0 637
1971 686 6 0 0 692
1981 655 4 0 0 659
1991 699 6 0 0 705
1994 741 8 0 0 749
2002 723 7 0 0 730
2021 402 2 0 3 37 444

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години.

Родови уреди

Трсино е македонско-турско село.

Според истражувањата од 1959 година, родови во селото се:

  • Турски: Риза (1 к.), Џемо (1 к.), Зија (1 к.), Јусеин (1 к.), Јусни (1 к.), Амдија (1 к.), Шефкија (1 к.), Реџеп (1 к.) и Есад (1 к.) стари доселенички родови. Имало и многу иселени турски родови. И набројаните родови биле големи но се смалиле поради иселување.
  • Македонски:
  • Славчовци (13 к.) доселени се на почетокот од XIX век. Доселени се од селото Робово кај Пехчево. Го знаат следното родословие:. Петре (жив на 68 г. во 1959 година) Јован-Пецо-Андон-Славчо, кој се доселил. Славчо имал три синови. Андон, Цоне и Лесо.
  • Максимовци (13 к.) доселени се од селото Криволак во Тиквеш. Од Криволак се иселиле тројца браќа. Максим дошол во Трсино, вториот брат во Драгобраште, а третиот во Крушево. Го знаат следното родословие:. Гафе (жив на 60 г. во 1959 година) Гоше-Стојан-Максим, кој се доселил во селото.
  • Карганџии (6 к.), Ратковци (6 к.), Заврци (6 к.), Мицовци (5 к.), Шугљевци или Скакарци (5 к.), Стамболисци (3 к.) и Самарџици (3 к.) доселени се од Витанска Маала.
  • Андоновци (3 к.), Цоневци (2 к.) и Максимовци (1 к.) гранка се од родот Максимовци.
  • Даскалци (3 к.) доселени се од маалото Цинцарите.
  • Лесовци (4 к.), Петревци (3 к.), Беловци (2 к.), Трајановци (2 к.), Шанќевци (1 к.) и Кучковци (1 к.) доселени се од селото Грљани.
  • Бумбарци (2 к.), Петринци (1 к.), Присади (1 к.) и Коларци (1 к.) доселени се од селото Бигла кај Делчево.
  • Витларци (2 к.) доселени се од селото Калиманци.
  • Чучунци (1 к.) доселени се од селото Разловци кај Делчево.[11]

Општествени установи уреди

Во селото има основно училиште до четврто одделение, амбуланта и продавница.[2]

Самоуправа и политика уреди

Селото влегува во составот на Општина Виница од 1955 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Грпани во склоп на Кочанската околија.

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачко место бр. 0327 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.[12]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 475 гласачи.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 462 гласачи.[14]

Културни знаменитости уреди

 
Црквата „Св. Троица“
Археолошки наоѓалишта
Цркви


Галерија уреди

Иселеништво уреди

До 1959 година 100 турски семејства се иселиле во Турција. Во Блатец има иселено неколку македонски семејства.[11]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 303.
  3. Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 884.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 227.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 132-133.
  6. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 242.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 22 мај 2018.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население во 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). Извор: ДЗС Архивирано на 3 февруари 2020 г..
  11. 11,0 11,1 Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје: Универзитетска печатница.
  12. „Изборна единица 3 — Општина Виница“ (PDF). Посетено на 22 мај 2018.
  13. „Локални избори 2017“. Посетено на 22 мај 2018.
  14. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. Освет на камен темелник за изградба на манастирска црква посветена на „Св. вмч. Пантелејмон" на врвот Чавка, на планината Голак во Делчево. Архивирано од изворникот на 2018-09-03. Посетено на 2018-09-30.

Надворешни врски уреди