Тропосферата го опфаќа приземниот, најгуст слој на атмосферата. Нејзината маса изнесува приближно околу 75% од вкупната маса на атмосферата. Нејзината дебелина се движи од 8 km над поларните до 18 km над екваторијалните предели. Во неа се наоѓа околу 90% од вкупната маса на воздухот и скоро целото количество на водена пареа. Затоа, во тропосферата се одвиваат сите атмосферски појави: водениот циклус, циркулација на воздушните маси, создавање на облаците, врнежите итн. Температурата на воздухот во тропосферата опаѓа со порастот на височината за 6oC на секои илјада метри. На нејзината горна граница, температурата изнесува од -50 до -80oC. Многубројните појави и процеси во тропосферата имаат значајно влијание врз времето и климата над одредени области на Земјата. Затоа таа е најважна за живиот свет, а и целата биосфера е составен дел на тропосферата.

Надворешни врски уреди