Триховишта (грчки: Καμποχώρι, Камбохори; книжевно: Καμποχώριον, Камбохорион, до 1927 година: Τριχοβίστα, Триховиста[2]) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.

Триховишта
Καμποχώρι
Триховишта is located in Грција
Триховишта
Триховишта
Местоположба во областа
Триховишта во рамките на Гида (општина)
Триховишта
Местоположба на Триховишта во општината Гида и областа Централна Македонија
Координати: 40°37′N 22°22′E / 40.617° СГШ; 22.367° ИГД / 40.617; 22.367
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаГида
Општ. единицаГида
Надм. вис.&1000000000000002000000020 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно690
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа на шест километри западно од градот Гида, крај главниот пат што води од Гида за градот Бер, на надморска височина од 20 метри.[3] Површината на селскиот атар изнесува 15 квадратни километри.

Сместено е во областа Урумлак.

Историја уреди

Триховишта во минатото било мала чифлигарска населба.[3]

По Првата светска војна во 1922 година, во селото биле населени грчки бегалци. Во 1928 година, Триховишта се смета за мешана населба со 50 бегалски семејства со вкупно 206 жители.[4].

Во 1927 година селото е преименувано во Камбохори (Καμποχώρι).

Стопанство уреди

Земјиштето е многу плодно и целосно се наводнува. Населението главно се занимава со земјоделство, а основни производи се памук, шеќерна репка и други производи.[3]

Население уреди

Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Трихлево е село во Берската каза и во него живееле 200 Грци христијани.[3][5] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Трихлево (Trihlevo) живееле 320 Грци.[6] Постои голема веројатност К’нчов и Бранков да ги имаат помешано Триховишта и Трихлево (Општина Гида).

Во пописот од 1913 година во селото биле забележани 206, а во 1920 година 259 жители. По 1923 година во селото биле сместени 50 бегалски семејства со вкупно 206 жители. Така селото пораснало и во 1928 година како мешана населба имало 478, а во 1940 година 659 жители. Во пописот од 1951 година биле забележани 772, во 1961 година 824, во 1971 година 791, во 1981 година 876, а во 1991 година 916 жители.[3]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 768 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 690 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 659 772 824 791 876 916 768 690
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика уреди

Селото припаѓа на општинската единица Гида со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Гида, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Триховишта, во кој е единствено село.

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τριχοβίστα -- Καμποχώρι
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 27–28.
  4. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  5. К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 145.
  6. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 222 - 223.