Триптис (германски: Triptis) — мал град во округот Зале-Орла, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Се наоѓа 22 километри југозападно од Гера.

Триптис

Triptis

Поглед во градот
Поглед во градот
Поглед во градот
Грб на Триптис
Триптис во рамките на Германија
Триптис
Управа
Земја Германија
Покраина Тирингија
Округ Зале-Орла
Општ. заед. Триптис
Градски единици 8
Градоначалник Петер Орош (Противпожарна бригада Триптис)
Основни податоци
Површина 33,15 км2
Надм. височина 358 м
Население 3.597 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 109 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. SOK
Пошт. бр. 07819
Повик. бр. 036482
Портал www.triptis.de
Местоположба на градот Триптис во рамките на округот Зале-Орла
Карта
Карта
Координати 50°44′N 11°51′E / 50.733° СГШ; 11.850° ИГД / 50.733; 11.850

Градот претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.

Географија уреди

Местоположба уреди

Градот Триптис се наоѓа недалеку од вододелницата помеѓу Зале и Вајсе Елстер. Во источниот дел се наоѓа изворишното подрачје на Орла, југоисточно од градот е истоименото вештачко езеро.

Соседни места уреди

Соседни општини се Бремсниц, Карлсдорф, Рентендорф во округот Зале-Холцланд, Шварцбах и градот Аума-Вајдатал во округот Грајц, како и Герода, Мителпелниц, Темелсдорф, Лемниц, Мизиц, Драјцш, Розендорф и градот Нојштат на Орла во округот Зале-Орла.

Градски единици уреди

Триптис се состои од следниве места:

  • Триптис
  • Оберпелниц
  • Деблиц
  • Хасла
  • Шенборн
  • Отмансдорф
  • Пилингсдорф/Буркерсдорф

Кон него припаѓаат и имотите Милпелниц, Бухпелниц и Штајнпелниц, кои немаат статус на посебно место.

Политика уреди

Градски совет уреди

Градскиот совет на градот Триптис се состои од 16 членови. Според последните општински избори на 26 мај 2019 година биле добиени следниве резултати:[2]

  • Слободни гласачи Триптис: 5 места (30,6%)
  • Противпожарна бригада Триптис: 4 места (23,4%)
  • Алтернатива за Германија: 2 места (14,4%)
  • ФК Хеми Триптис: 2 места (11,0%)
  • Левица: 2 места (10,7%)
  • SPD: 1 место (10,0%)

Градоначалник уреди

Од 2018 година, градоначалник е Петер Орош (Противпожарна бригада).

Збратимени градови уреди

Триптис е збратимен со следниве градови:

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2021. (германски)
  2. Thüringer Landesamt für Statistik. „Wahlen in Thüringen, Gemeinderatswahl 2019 in Thüringen, Stadt Schwarzatal“. Посетено на 2021-12-29.

Надворешни врски уреди