Триатлон на Летните олимписки игри 2016

Натпреварите во триатлон на Летните олимписки игри 2016 во Рио де Жанеиро беа одржани од 18 до 20 август 2016 година на тврдина Копакабана. По педесет и пет спортисти се натпреваруваа во две конкуренции.[1]

Триатлон
на Летните олимписки игри 2016
ОдржувалиштеТврдина Копакабана
Денови18–20 август 2016
Натпреварувачи110
«20122020»
Триатлон на
Летните олимписки игри 2016

Список на натпреварувачи
Дисциплини
мажи  жени

Формат на натпреварување уреди

 
Поглед на Копакабана
 
Мапа на патеката

Олимпискиот триатлон се состои од три дисциплини; 1.5 км пливање, 40 км велосипедизам, и 10 км трчање.[2] Натпреварувањето зема форма на поединечен натпревар помеѓу сите учесници без квалификации.

Квалификации уреди

Периодот за квалификување на олимпиското натпреварување во триатлон бил од 20 мај 2014 година до 15 мај 2016 година. Вкупно 110 натпреварувачи (55 во двете конкуренции) се борат за место на Олимписките игри. Првите осум најдобропласирани национални олимписки комитети можат да пријават по три натпреварувачи по дисциплина, додека другите национални олимписки комитети можат да квалификуваат по два натпреварувачи по дисциплина. За да се квалификуваат за игрите, сите натпреварувачи мораат да исполнат норма преку континенталните квалификациски натпреварувања, да остварат пласман во најдобрите три преку светските квалификациски натпреварувања и да бидат меѓу најдобрите 140 натпреварувачи на олимпискиот квалификациски список, на рангирањето на Светската триатлон серија, и на списокот со бодови.[3][4]

Триесет и девет натпреварувачи во двете конкуренции се квалификуваат преку својот ранг, потоа следат петте континентални шампиони и најдобропласираните три на Меѓународниот квалификациски турнир, одржан во Рио де Жанеиро на 1 и 2 август 2015 година. Земјата домаќин, Бразил, добива едно место по дисциплина, додека две места се доделуваат од страна на трипатритната комисија. На крајот, последните пет места се распределуваат помеѓу националните олимписки комитети кои немаат исполнето норма преку списокот со бодови на ITU.[3]

Распоред уреди

Сите саатници се по Бразилско време (UTC-3). Сите саатници се предмет на промена.

Конкуренција Датум Почеток
Триатлон за мажи 18 август 11:00
Триатлон за жени 20 август 11:00

Земји учеснички уреди

Освојувачи на медали уреди

Дисциплина Злато Сребро Бронза
Триатлон за мажи
подробно
   Алистер Браунли 1:45:01 (ВБР)   Џонатан Браунли 1:45:07 (ВБР)    Хенри Шуман 1:45:43 (ЈАР)
Триатлон за жени
подробно
   Гвен Јоргенсен 1:56:16 (САД)    Никола Шпириг Хуг 1:56:56 (ШВА)    Вики Холанд 1:57:01 (ВБР)

Табела на медали уреди

Место Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1   Велика Британија 1 1 1 3
2   САД 1 0 0 1
3   Швајцарија 0 1 0 1
4   ЈАР 0 0 1 1
Вкупно 2 2 2 6

Наводи уреди

  1. „Rio 2016: Triathlon“. Rio 2016. Архивирано од изворникот на 2015-10-08. Посетено на 31 January 2015.
  2. „London 2012 Olympics: triathlon guide“. The Daily Telegraph. 11 February 2011. Посетено на 11 May 2011.
  3. 3,0 3,1 „Rio 2016 – ITU Triathlon Qualification System“ (PDF). ITU. Посетено на 15 June 2015.
  4. Ерин Грин. „ITU announces 2016 Olympic Games qualification system“. ITU. Посетено на 15 June 2015.