Треската или ендогена хипертермија е состојба која настанува поради нарушување во центарот за терморегулација во хипоталамусот кој започнува да функционира на повисоко ниво под дејство на пирогени.

Треска (состојба)
Аналоген медицински топломер кој покажува температура од 38.8 °C

Диференцијална дијагноза уреди

Треската е чест симптом на многу состојби:

  • инфективна болест
  • разни кожни воспаленија
  • имунолошки болести
  • канцери
  • метаболички нарушувања

Пирогени уреди

Пироген е супстанца која индуцира треска. Тие можат да бидат внатрешни (ендогени) или надворешни (егзогени) за организмот. Бактериската супстанца липополисахарид (LPS), присутна во клеточниот ѕид на грам-негативните бактерии,[1] е пример за егзоген пироген. Пирогеноста може да варира: во екстремни случаи, некои бактериски пирогени познати како суперантигени може да предизвикаат брзопрогредирачка и опасна треска.

Наводи уреди

  1. Silhavy TJ, Kahne D, Walker S (2010). „The bacterial cell envelope“. Cold Spring Harbor perspectives in biology. 2 (5): a000414. doi:10.1101/cshperspect.a000414. PMC 2857177. PMID 20452953.