Тренер — личност што води, подучува и тренира спорт или спортски клубови. Покрај физичките и техничките подготовки, тренерот исто така може да врши и психичка припрема на спортистите со цел што подобри подготовки на истиот за натпреварувањата кои му претстојат.

Тренерски тим на ФК Ливерпул ги набљудува играчите во тек на тренинг

Кога станува збор за тимските спортови, тренерот, покрај веќе споменатите функции, врши и селектирање на стратегијата која тимот ќе ја применува во претстојните натпревари. Исто така, тренерот е задолжен да ги гледа и проучува соперниците и соперничките стратегии.