Тревизо (италијански: Treviso, венецијански: Trevixo) е град во италијанскиот регион Венето, административен центар на истоимената покраина. Се наоѓа на 30 км северно од Венеција, на местото каде што реката Ботенига се влева во Силе. Во општината има 84.669 жители (септември 2017 година).[1] .

Тревизо
Trevixo  (јазик?)
општина
Град Тревизо
Пјаца деи сињори во Тревизо
Пјаца деи сињори во Тревизо
Грб на Тревизо
ЗемјаИталија
РегионВенето
ПокраинаТревизо (TV)
Управа
 • ГрадоначалникМарио Конте (Лега Норд)
Површина
 • Вкупна55,5 км2 (214 ми2)
Надм. вис.&1000000000000001500000015 м
Население (31 декември 2019)
 • Вкупно85.760
 • Густина150/км2 (400/ми2)
ДемонимТревизани или Тревижани
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Пошт. бр.31100
Повик. бр.0422
Светец-заштитникСв. Либералис
Слава27 Април
Мреж. местоМатична страница

Се смета дека од овој град потекнува прочуениот италијански десерт тирамису.[2]

Историја уреди

Се верува дека Тревизо своето име го добил од келтскиот збор тарвос (tarvos) кон која е додадена латинската наставка „isium“ по што се добива „Тарвисиум“ (Tarvisium); тарвос значи бик во келтската митологија.[3] За време на римскиот период, христијанството се проширило во Тревизо. Веќе во 4 век имало доволно христијанското население за да има свој епископ. Првиот документиран епископ бил Јован Побожниот.[4]

По падот на Западното Римско Царство, Тревизо како и другите градови во Италија поминал низ демографски и економски пад; но бил поштеден од Атила Хунот, и така останал важен центар во текот на 6 век. Се верува дека во Тревизо се родил Тотила, водачот на Остроготите за време на готските војни. По готските војни, Тревизо потпаднал под византиската Егзархија од Равена, а во 568 година бил преземен од Ломбардите, кои го направиле едно од 36-те војводски седишта.[5]

Тревизо се приклучил на Ломбардскиот Сојуз и стекнал независност по мирот во Констанца (1183).[6] Кога благородничкот семејство Да Камино управувало со градот (по 1283 година), Тревизо доживеал значителен економски и културен раст кој продолжил до 1312 година.[7] Тревизо со околните градови станале привлечни за соседите, меѓу кои и да Карара и Скалигери. Околината на Тревизо станала место на постојани борби и пустошења (1329–1388).

Во 1339 година градот ѝ се предал на Венецијанската Република.[6] Во 1381 година градот му бил даден на војводата од Австрија, а помеѓу 1384 и 1388 година бил управуван од деспотот Карарези.[7]

 
Портата Сан Томазо, со Лавот на Свети Марко, амблем на Венецијанската Република

Во 1797 година, Тревизо бил освоен од Французите под водство на Мортие, кој бил назначен за војвода од Тревизо. Останал под француската власт до поразот на Наполеон, по што власта ја презела Австриската империја. Граѓаните, незадоволни од царското владеење во март 1848 година го истерале австрискиот гарнизон. Но, откако градот бил бомбардиран, народот бил принуден да капитулира на 14 јуни. Австриското владеење продолжило сè додека Тревизо не беше припоен со остатокот од Венето кон Кралството Италија во 1866 година.[8][9]

За време на Првата светска војна, Тревизо бил стратешко место во близина на австрискиот фронт. Битката кај Виторио Венето која се одиграла северно од градот се смета како пресвртница во војната.[се бара извор]

За време на Втората светска војна градот бил неколкупати бомбардиран.[10] Голем дел од средновековните објекти во центарот на градот биле уништени - меѓу кои и дел од Палацо деи Треченто, подоцна обновен - а загинале околу 1.600 луѓе.[11]

Географија уреди

Тревизо се наоѓа на местото каде што реката Ботенига се влева во Силе,[6] 30 км северно од Венеција, 50 км источно од Виченца, 40 км сесевероисточно од Падова и 120 км јужно од Кортина д'Ампецо. Градот се наоѓа на околу 15 км југозападно од десниот брег на реката Пиаве, на рамницата меѓу Венецискиот залив и Алпите.

Градби уреди

  • Доцнороманско-раноготската црква посветена на Сан Франческо, изградена во 1231-1270 година. Била користена како штала од трупите на Наполеон. Била повторно отворена во 1928 година. Во црквата, меѓу другите, се гробовите на Пјетро Алигиери, син на Данте и Франческа Петрарка, ќерка на Франческо.
  • Лоџа деи кавалиери (Loggia dei Cavalieri), типичен пример романската архитектура во Тревизо под влијание на византиските форми.
  • Пјаца деи Сињори (Piazza dei Signori), Плоштад на господата (подоцна во 15 век).
  • Црквата Сан Николо, мешавина од венето романски и француско готски елементи од 13 век. Внатрешноста има наос и два кораби, со пет апсидни капели. Во неа има важни фрески од Томазо да Модена, кои ги прикажуваат Свети Ромуалд, Света Агнес и Откупителот и Свети Џером во неговата студија.
  • Катедралата посветена на Свети Петар. Порано била мала црква изградена во доцноримската ера, на која подоцна биле додадени криптата и капелите Сантисимо и Малкиостро (1520). Во внатрешноста има дела од Ил Порденоне и Тицијан (Благовештение Малхиостро) меѓу другите.
  • Палацо деи треченто (Palazzo dei Trecento), изградена во 13-14 век.
  • Пјаца Риналди. Овде се наоѓаат три палати на семејството Риналди, првата изградена во 12 век по нивното бегство од Фридрих Барбароса. Втората е од 15 век, а третата била додаден во 18 век.
  • Понте ди Приа (Камениот мост), покрај градските ѕидини, каде што реката Ботенига се дели на три канали кои минуваат низ центарот на градот (Кањан Гранде, Кањан ди Мецо, Роџа).

Култура уреди

Народната библиотека се наоѓа на пет локации, од кои три се наоѓаат во центарот на градот.[12]

Музеи уреди

Покрај многуте музеи, во градот има и изложбени места како на пример Палацо деи треченто, седиштето на градскиот совет, Ка деи карарези, во сопственост на Фондацијата Казамарка и Палацо бомбен.[13]

  • Градските музеи, отворени во 1879 година под името Музео Тривиџано, денес се наоѓаат на три локации: музејот Баило, кој по реновирањето започнато во 2003 година бил повторно отворен во есента 2015 година; комплексот Санта Катерина; комплексот Каза да Ноал, Каза Робеган и Каза Карват, купени од општината во 1935 година.[14]
  • Националниот музеј Колекција Салче, отворен во 2017 година, во која се наоѓа колекцијата од постери од Нандо Салче, донирани на државата по неговата смрт во 1962 година.[15]
  • Етнографски регионален музеј, отворен во 2002 година и поставен во руралниот архитектонски комплекс - куќите од Пиавоне, кои датираат од крајот на седумнаесеттиот век.[16]
  • Епархиски музеј, отворен во 1988 година, музејот е сместен во зградата наречена Стари канони (12 век), поранешното седиште на каноните од катедралата Свети апостол Петар.[17]
  • Музеи на Епископската богословија, во доминиканскиот манастир припоен кон црквата Сан Николо. Од 1840 година тука е седиштето на Епископската богословија. Во музејот се наоѓаат збирките на Зоолошкиот музеј именуван по Џузепе Скарпа, доктор по природни науки кој во 1914 г. ја донирал колекција од животни и Етнографскиот музеј на венецуелските Инди (Пијароа, Макиритаре, Панаре, Варао и Мотилон), основан благодарение на придонесот на свештеникот Дино Гроса.[18]

Спорт уреди

Во Тревизо има неколку значајни италијански спортски тимови, благодарение на семејството Бенетон, кое ги поседува и спонзорира:

Фудбалскиот тим, АСД Тревизо 2009, за прв пат играл во италијанската Серија А во 2005 година. Натпреварите ги игра на стадионот Омобоно Тени.

Во Тревизо се одржуваат професионални цикло-крос трки, а во 2008 тука се одржало Светското првенство во цикло крос.

Збратимени градови уреди

Тревизо е збратимен со:

Наводи уреди

  1. „Data at Istat website“. Архивирано од изворникот на 23 April 2011. Посетено на 15 May 2011.
  2. online, Redazione. „Crisi, chiude il ristorante dove nacque la prima ricetta del "Tiramisù". Corriere del Veneto (италијански). Архивирано од изворникот на 21 September 2018. Посетено на 20 September 2018.
  3. „Storia di Treviso“. Comune di Treviso. 17 August 2008. Архивирано од изворникот на 22 September 2018. Посетено на 22 September 2018.
  4. „Chronotaxis“. Diocesi di Treviso (италијански). Diocese of Treviso. Архивирано од изворникот на 3 March 2016. Посетено на 15 September 2011.
  5. „Treviso“. Enciclopedia Italiana. Посетено на 3 March 2021.
  6. 6,0 6,1 6,2 Britannica 1910.
  7. 7,0 7,1 „Treviso“. Enciclopedia Italiana. Посетено на 3 March 2021."Treviso". Enciclopedia Italiana. Retrieved 3 March 2021.
  8. „Treviso“. Enciclopedia Italiana. Посетено на 3 March 2021."Treviso". Enciclopedia Italiana. Retrieved 3 March 2021.
  9. See Wikipedia page Veneto
  10. Migliorini, Elio; Lavagnino, Emilio. „TREVISO“. Enciclopedia Italiana di Scienze, Lettere ed Arti. Архивирано од изворникот на 21 September 2018. Посетено на 20 September 2018.
  11. La mostra Treviso il 7 aprile 1944
  12. „Biblioteche Comunali Treviso“. www.bibliotecatreviso.it. Посетено на 2021-08-13.
  13. „Spazi Bomben“. Fondazione Benetton Studi Ricerche (италијански). Посетено на 2021-08-17.
  14. srl, Q.-Web. „Musei Civici di Treviso“. Sito di Musei Civici Treviso (италијански). Посетено на 2021-08-13.
  15. „Salce 1.0 - Soprintendenza SBSAE Venezia“. www.collezionesalce.beniculturali.it. Архивирано од изворникот на 2021-08-13. Посетено на 2021-08-13.
  16. S.p.A, e-ntRA- CMS per siti accessibili- http://www e-ntra it/- Ra Computer. „Home Page“. museo.provincia.treviso.it (англиски). Посетено на 2021-08-13.
  17. „Diocesan Museum“. www3.diocesitv.it. Архивирано од изворникот на 2022-01-15. Посетено на 2021-08-13.
  18. „Musei Civici di Treviso“. Marcadoc (италијански). 2021-04-26. Посетено на 2021-08-17.
  19. 19,0 19,1 „comuni-italiani.it“. Архивирано од изворникот на 14 June 2014. Посетено на 3 June 2014.
  20. „Câmara recebe delegação sul-coreana“. CÂMARA MUNICIPAL CURITIBA (португалски). Câmara Municipal de Curitiba. 24 July 2007. Архивирано од изворникот на 21 September 2018. Посетено на 21 September 2018.