Требишница

река во БиХ

Требишница (српски: Требишњица) – река во Босна и Херцеговина. Таа е понорница долга 96,5 км над земја. Со вкупна должина од 187 км над и под земја, таа е една од најдолгите понорници на светот.

Требишница
Требишњица
Trebišnjica river near Gornji Orahovac, in Bosnia and Herzegovina.
Требишница
Местоположба
Физички особености
Устие 
 • место
Неретва и Јадранско Море
Должина98 km
Големина на сливотНеретва со Требишница
Особености на сливот

Горен тек уреди

Со оглед дека Требишница тече низ карстен предел, таа претставува комплексен систем од надземни и подземни текови. Ја формираат два потокa од планините Лебршник и Чемерно во Босна и Херцеговина:

Двата потока се одликуваат со остри, непредвидливи кривулици и промени на насоката.

Реката повторно се појавува во Фатничко Поле под името Фатничка Река, и повторно понира по краток тек над земја.

Среден тек уреди

 
Мостот Арсланагиќ, османлиски мост изграден во 1574 година по наредба на големиот везир Мехмед-паша Соколовиќ

По 30 км под земја, реката повторно се појавува во форма на повеќе извори во близината на Билеќа. Овие извори ја формираат Требишница. Се работи за најголемата река во источна Херцеговина. Реката се упатува на југ следејќи ја депресијата на Мируша, каде поминува брана подигната во 1966 година во близина на селото Горно Грнчарево. Депресијата Мируша е потопена и го формирала Билеќкото Езеро.[1][2]). Голем дел од езерскиот брег е дел од границата со Црна Гора.

Потоа Требишница се упатува кон запад каде повторно наидува на брана во близина на селото Горица, на околу 3 км спротиводно од Требиње. Се протега долж јужната падина на Белашница пред повторно да нурне под земја во Попово Поле.

Долен тек уреди

 
Реката во Требиње.

Водите од Требишница повторно се јавуваат на три различни места:

  • Изворот Чаплина која се влева во Неретва
  • Повеќе извори близу до пристаништето Слано северозападно од Дубровник во Хрватска.
  • Требишница која повторно се јавува во пештерата Груж близу Дубровник. Овде реката се нарекува Омбла или Дубровничка Река. Тече само 4,2 км, но има среден проток од 24 m³/s. Потоа реката се влева во Јадранското Море.

Површината на басенот на реката Требишница изнесува 4.926 км2 од кои 600 км2 му припаѓаат на неретванскиот басен.

Наводи уреди

  1. Bileća
  2. Indicators of the environmental state of the Bilećko Jezero Lake[мртва врска]. R. Dekić, Svjetlanaa Lolić, R. Gnjato, G. Trbić, O. Gnjato et A. Ivanc. Dans Archives of Biological Sciences, vol. 63, br. 3, str. 775-783. 2011.

Надворешни врски уреди

Координати: 42°42′45″N 18°20′51″E / 42.71250° СГШ; 18.34750° ИГД / 42.71250; 18.34750