Трговскиот патник (филм од 2016)

„Трговскиот патник“ - иранско-француски филм од 2016 година, во режија на Асгар Фархади, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Таранех Алидости и Шахаб Хосеини. Филмот бил премиерно прикажан на Канскиот филмски фестивал во 2016 година каде освоил две награди: за најдобро сценарио и за најдобар глумец. Филмот добил бројни позитивни критики, а потоа ја освоил и наградата „Оскар“ за најдобар филм на странски јазик.[1]

Синопсис уреди

Еден брачен пар се подготвува за улогите во драматаСмртта на трговскиот патник“ на Артур Милер. Меѓутоа, жената (ја игра Алидости) е брутално нападната од непознат човек. Таа сака што побрзо да го заборави непријатниот настан, но сопругот (го игра Хосеини) настојува да го пронајде напаѓачот со цел да му се одмазди...[2]

Наводи уреди