Трговска политика
Трговската политика ги опфаќа сите мерки кои државата ги презема за да ги регулира трговските односи со другите држави, односно странство. Со цел да се оцени економската и политичката опревданост на трговската политика, особено е важно да се утврди кој добива а кој губи во трговската размена. Современата трговска политика во основа е протекционистичка. Протекционизмот и рестрикционизмот постојано се присутни во меѓународната трговска размена. Во настојувањето да обезбеди стабилен економски развој и да постигне внатрешна и надворешна рамнотежа, трговската политика е насочена кон остварување на економските цели: целосна вработеност, платнобилансна рамнотежа и ефикасно искористување на раположливите ресурси.