Трајко Чундев

политичар

Трајко (Трајчо, Трајче) Стојанов Чундев (1896, Подлес – помеѓу 20 и 24 ноември 1948, Скопје) — македонски револуционер, деец на ВМРО и ММТРО.

Трајко Чундев
Роден 1896
Подлес, Велешко  Османлиско Царство
Починал 20 ноември 1948(1948-11-20) (возр. 52)
Скопје,  СР Македонија,  Југославија

Животопис уреди

Семејство и рани години уреди

Трајко Чундев е роден во 1896 година во велешкото село Подлес. Неговиот татко Стојан исто бил член на ВМОРО во отоманско време со особени заслуги кон организацијата. Трајче од него ја наследил целата преданост кон ослободителното дело. Уште како млад започнал да помага во народната борба. Пристапил како доброболец во заштитните војски во Македонија за време на Првата светска војна. Потоа се преселил во Бугарија заедно со своите соборци, оставајќи ги во родниот крај сопругата со двете деца, како и мајката вдовица. Татко му Стојан бил убиен од Србите.

ВМРО (Автономистичка) уреди

Се приклучува во редовите на ВМРО по Првата светска војна. Станал близок соработник на Ванчо Михајлов. Се борел против српското влијание во Македонија, со цел да го спроведе бугарското влијание. Раководел со нападот врз српската касарна во Велес. Учествувал во основањето на Бугарскиот централен акционен комитет во текот на 1941 година. На 17 јануари 1943 година бил избран за потпретседател на скопското здружение на Илинденската организација. На 2 август 1944 година, во манастирот „Св. Прохор Пчински“ се одржало Првото заседание на АСНОМ, на коешто, по иницијатива на Методија Андонов Ченто, во новата власт биле поканети да учествуваат и дејци од пробугарското крило на ВМРО, меѓу нив и Трајче Чундев и Јордан Чкатров. Чундев учествувал и на второто заседание на АСНОМ. Во време кога Ченто бил претседател на Президиумот на АСНОМ, тој лично го повикал Чундев да премине во редовите на партизаните.[1]

Во следниот период зазел одговорни функции во новосоздадената Народна Република Македонија во рамки на СФРЈ и учествувал во комисијата за кодифицирањето на македонскиот јазик. Трајко Чундев жестоко се спротивставувал на србизацијата на македонскиот јазик, која е кодифицирана врз основа на српската караџица, по моделот на Вук Караџиќ („Пишувај како што зборуваш“). Чундев сметал дека македонскиот јазик морал да се заснова на старословенската азбука, основана од Свети Кирил и Методиј, како и неговиот ученик Свети Климент Охридски. „Партизанските лекции“ биле прочитани во село Горно Врановци, каде во тоа време се наоѓала агитпроп на Главниод штаб и редакцијата на списанието „Млад Борец“. Таму се подготвувал и првиот број на весникот „Нова Македонија“. По нив имало дискусии по изнесените прeдлози. Во еден свој емоционален исказ, тој ја осудил кодификацијата на македонскиот јазик врз основа на караџицата со зборовите:

Српските букви се симбол на најцрното 20-годишно српско робство и на атската тиранија во Македонија.[се бара извор]

Смртна казна уреди

Исказот на Трајко Чундев три години подоцна, кога целосно била уништена против српската линија во политичкиот врв во Македонија, ќе го чини глава. Против Чундев е изречена смртна пресуда која била извршена. Според сведоштва на судскиот процес, најголемиот доказ за „неговата непријателска пропаганда и за ширење омраза кон другите југословенски народи, односно српскиот“, бил неговиот личен дневник, пронајден при претресот на неговото живеалиште. Од дневникот, јавниот обвинител Лазар Мојсов го истакнува токму она место, каде Чундев го опишал своето мислење кон Блаже Конески, сторено во село Горно Врановци:

Со својата тврдоглава упорност, спазувајки ги добиените напатствија од своите претпоставени српски агенти, Конески силно се бори за целосно воведување на Вуковата азбука во Македонија. Тие отворени просрпски дејности тој ги има и подоцна – за време на „Првата јазична комисија“ (27. XI. – 4. XII. 1944), ама без успех. А во „Втората јазична комисија“ (15. II. – 15. III. 1945) 40 тој веќе успева целосно да ги наложи. Во својот дневник Чундев запишал: „Еден студент, србоман од Прилеп (Блаже Конески), настојува српската азбука целосно да се прифати во Македонија. Тој или е будала или некој стои зад него...“ (цитатот е според зборовите на жив учесник на судскиот процес).[се бара извор]

Судот ја имал предвид револуционерната дејност на Чундев како член на ВМРО. Но, и покрај тоа што таа негова дејност била главна причина за пресудата, се јавила потреба за поцврсти докази за противнародна дејност против југословенската федерација, а судот ја искористил како аргумент препирката со студентот Блаже Конески. Противењето на србизацијата на Македонија се толкувало како реакционерно и антидржавно дејствие коешто водело до распалување на меѓунационална омраза во Југославија и за секој прекршител следувала смртна казна. Слично како што многу други македонски револуционери во тој временски период кои се спротивставувале на новата комунистичка власт и србизацијата, тој бил обвинет дека е бугараш[белешка 1] поради неговите ставови околу кодифицирањето на македонскиот јазик и по наредба на УДБА бил осуден на смрт и застрелан помеѓу 20 и 24 ноември 1948 година на непознато место во Скопје.[се бара извор]

Белешки уреди

  1. После 1945 година, терминот бугараш, како погрден збор, го употребуваат и комунистите од Македонија како етикета за сите про-бугарски ориентирани Македонци (кои соработувале со фашистичкиот окупатор или биле дел од бугароманските контрачети), како и за десно ориентирани Македонци и противници на југословенската федерација. Многу македонски родољуби се убиени, затворани и испраќани на Голи Оток како бугараши, зедно со оние кои навистина себеси се чувствувале за бугари и работеле за бугарската кауза. Односно тогашната држава не правела разлика меѓу македонските патриоти и бугарофилите, и тенденциоозно Македонците кои се залагале за самостојно работење биле нарекувани бугараши. Трајко Чундев, припаѓал на групата која работи за бугарската кауза.

Наводи уреди

  1. Документи од првото и второто заседание на АСНОМ, Александар Т. Христов, Новица Велјановски, Архив на Македонија, 1987 година, стр. 433.