Трап

село во Општина Могила

Трап — село во областа Пелагонија, во Општина Могила, во околината на градот Битола.

Трап

Поглед на селото

Трап во рамките на Македонија
Трап
Местоположба на Трап во Македонија
Трап на карта

Карта

Координати 41°7′56″N 21°28′11″E / 41.13222° СГШ; 21.46972° ИГД / 41.13222; 21.46972
Регион  Пелагониски
Општина  Могила
Област Пелагонија
Население 160 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7212
Повик. бр. 047
Шифра на КО 02116
Надм. вис. 573 м
Трап на општинската карта

Атарот на Трап во рамките на општината
Трап на Ризницата

Потекло на името уреди

Селото најпрвин е споменато во 1332 година. Се верува дека името потекнува од „трап“, што означува јама или дупка.[2]

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа во Пелагонија, речиси во средишниот дел на Битолското Поле, во јужниот дел на територијата на Општина Могила.[3] Селото е рамничарско, на надморска височина од 573 метри. Од градот Битола, селото е оддалечено 22 километри.[3]

Трап претставува претежно мало село, во непосредна близина на селото Будаково, североисточно од градот Битола.[4]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Корија, Тумба, Бара, Кара-Асаница, Тепеџик, Дедебалка и Демирица.[4]

Селото има збиен тип и е поделено на две маала: Дедебалка на југ и Тепеџик на север. Првото маало е постаро и во нејзе се куќите на старите македонски родови. Второто маало било основано од српските колонисти од Првата светска војна.[4]

Историја уреди

Западно од селото се наоѓа месноста Тумба со остатоци од старини како камења, вар, тули, стари пари и врчви. Се верува дека таму некогаш се наоѓало село.[4]

Покрај старата селска црква „Св. Петка“, за која се верува дека е една од најстарите во оваа област, во нејзина близина некогаш се наоѓал манастир „Св. Никола“.[4]

Во 1903 година поради вмешаноста на селаните во Илинденското востание, селските бегови ги истерале селаните во Битола и во селото останала единствено куќата на денешниот род Пецаковци, кои не биле чифчии.[4]

Иселените Македонци се вратиле во селото во 1915 година. По Првата светска војна, во селото се населиле 20 српски семејства, кои останале тука до 1941 година.[4]

Во XIX век, Трап било село во Битолската каза на Отоманското Царство.

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[5]

Стопанство уреди

 
Стопански објект во селото

Атарот зафаќа простор од 6,3 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 581 хектар. Селото има исклучително полјоделска функција.[3]

Најзастапени индустриски гранки во Трап се главно земјоделството и сточарството. Најзастапени земјоделски култури се пченицата, јачменот и тутунот. Од сточарството најразвиени се говедарството и овчарството. Кравите и овците се одгледуваат првенствено заради млекото кое за повеќе семејства во селото е извор на економски опстанок.

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948286—    
1953309+8.0%
1961316+2.3%
1971282−10.8%
1981261−7.4%
ГодинаНас.±%
1991240−8.0%
1994176−26.7%
2002176+0.0%
2021160−9.1%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Трап живееле 206 жители, сите Македонци.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Трап имало 448 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Трап се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 28 куќи.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[9]

Трап е населено со македонско население. Селото во 1961 година имало 316 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на само 176 жители.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Трап живееле 175 жители, од кои 174 Македонци и 1 останат.[10]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 160 жители, од кои 120 Македонци, 27 Турци и 13 лица без податоци.[11]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 206 448 286 309 316 282 261 240 176 175 160
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]

Родови уреди

Трап е македонско православно село, родовите во селото се староседелски и доселенички.[4]

  • Староседелски родови во селото се: Пецаковци (10 к.), кои во 1903 година имале задруга од 30 членови. Го знаат следното родословие: Тодор (жив на 80 г. во 1951 година) Петре-Ѓоре-Пецо понатамошните предци не ги знаат. Пецо имал брат Лазар, од Лазар се Лазаровци; Лазаровци (3 к.), Пералевци (3 к.), Чичовци (1 к.), Велевци (1 к.) и Шубаровци (2 к.). Лазаровци се деленици од Пецаковци.
  • Доселенички родови: Несторовци (4 к.), доселени се од селото Горна Горица, Мала Преспа; Илиевци (2 к.), Наумовци (2 к.), Тасевци (4 к.), Нанчовци (1 к.) и Митревци (1 к.) и тие се доселени од споменатото село Горна Горица, Мала Преспа; Ничовци (2 к.), доселени се од Глобочани, Мала Преспа и Ориѓани (4 к.), доселени се од охридското село Коњско во 1946 година.

Општествени установи уреди

 
Подрачното основно училиште во селото Будаково, во кое учат и учениците од селото Трап

Самоуправа и политика уреди

Селото влегува во рамките на Општина Могила, која била создадена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1996 до 2004 година, селото се наоѓало во рамките на некогашната рурална општина Добрушево.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Битола.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Тополчани.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Будаково, во која селото Трап, се наоѓале и селата Алинци, Арматуш, Будаково, Горно Чарлија, Далбеговци, Дедебалци, Добрушево, Долна Чарлија, Мусинци, Ношпал, Путурус, Радобор и Црничани. Во периодот 1950-1952, селото било дел од истоимената општина, во која влегувале селата Алинци, Будаково, Путурус, Радобор и Трап.

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 0218 според Државната изборна комисија, сместено во домот на културата.[16]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 124 гласачи.[17] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 125 гласачи.[18]

Културни и природни знаменитости уреди

 
Поглед на селската црква „Св. Петка“
Археолошки наоѓалишта[19]
  • Трап — некропола од железно време;
  • Црквиште — населба од неолитско и доцноантичко време;
  • Тумба — населба од неолитско време; и
  • Св. Петка — осамен наод од старохристијанско време.
Цркви[20]

Редовни настани уреди

Слави[21]
  • Свети Пантелејмон — селска слава

Личности уреди

Родени во Трап

Култура и спорт уреди

Фудбалски клуб „Пелагонија“, кој се натпреварува во општинската лига.

Иселеништво уреди

Се знае за следниве иселеници: Трапчановци (3 к.), живеат во Поешево; Трапчановци (3 к.), живеат во Лавци; Дурусовци (1 к.), кои живеат во Трн; Трапчановци (4 к.) и Паторовци (3 к.), живеат во Новаци; Пензуловци (1 к.), живеат во Карамани; Сакрумовци (5 к.), живеат во Могила; Дивогасковци (2 к.), ’Ржаносламовци (7 к.), Павлевци (2 к.) и Ченкаровци (2 к.), живеат во Долна Чарлија и Музревци (2 к.), живеат во Галичани.[4]

Во поново време, иселувањето се кон градовите Битола и Скопје, но и во прекуокеанските земји и Европа.[21]

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 172. ISBN 978-608-220-026-2.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 42. Посетено на 25 октомври 2019.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 4,7 4,8 Трифуноски; Јован Ф. (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina : antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
  5. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  6. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 237.
  7. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 168-169.
  8. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 12.
  9. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  10. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 25 октомври 2019.
  11. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  12. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  13. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  14. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  15. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  16. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 25 октомври 2019.
  17. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 25 октомври 2019.
  18. „Локални избори 2021“. Архивирано од изворникот на 2021-12-02. Посетено на 17 октомври 2021.
  19. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  20. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  21. 21,0 21,1 „Мој Роден Крај“. www.mojrodenkraj.com.mk. Архивирано од изворникот на 2020-07-01. Посетено на 2019-10-25.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди