Трансепт, попречен брод или попречен кораб – во црковната архитектура претставува број поставен нормално (под прав агол) во однос на надолжните бродови (главен и бочните бродови) така што го раздвојува светилиштето од остатокот на црквата и на основата ѝ дава облик на латински крст.

План на црква со трансепт (затемнет дел)

Првпат бил употребен во ранохристијанската базилика кога бројот на претставници на црквата го надраснал просторот на презвитериум. Тогаш базиликата со трансептот и апсидата добила облик на буквата Т. Подоцна меѓу апсидата и трансептот бил додаден уште еден простор, т.н. презвитериум, па градбата добила облик на латински крст. Попречниот брод, трансептот, обично е со иста висина како и главниот брод. Должината на трансептот обично е поголема од ширината на главниот брод заедно со споредните бродови. Влезот од трансептот во главниот брод е нагласен со триумфален лак.

Трансептот постои веќе во 4 век во базиликата „Св. Петар“ во Ватикан, но процутот го доживеал во романичката и готската архитектура.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди