Тработивиште

село во Општина Делчево

Тработивиште — село во Општина Делчево, во областа Пијанец, во околината на градот Делчево.

Тработивиште

Панорамски поглед на селото

Тработивиште во рамките на Македонија
Тработивиште
Местоположба на Тработивиште во Македонија
Тработивиште на карта

Карта

Координати 41°53′15″N 22°49′00″E / 41.88750° СГШ; 22.81667° ИГД / 41.88750; 22.81667
Регион  Источен
Општина  Делчево
Област Пијанец
Население 415 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2325
Повик. бр. 033
Шифра на КО 09026
Надм. вис. 650 м
Тработивиште на општинската карта

Атарот на Тработивиште во рамките на општината
Тработивиште на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа во областа Пијанец, во јужниот дел на територијата на Општина Делчево, на патот помеѓу Делчево и Пехчево, сместено непосредно од десната страна на реката Брегалница.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 650 метри.[2]

Атарот зафаќа простор од 22,5 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.144 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 634 хектари, а на пасиштата 291 хектар.[2]

Селото се наоѓа во јужниот дел на областа Пијанец, во подножјето на планината Влаина, во близина на македонско-бугарската граница. Оддалечено е 11 километри јужно од градот Делчево и 17 километри севеерно од Пехчево.

Историја уреди

Селото првпат се споменува под името Трѣботишско во 1347 - 1350 година во грамота на српскиот цар Стефан Душан (двѣ нивѣ оть Трѣботишскаго мѣста).

Во XIX век, Тработивиште било село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство.

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[3]

Стопанство уреди

Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.[2]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948867—    
19531.033+19.1%
1961813−21.3%
1971695−14.5%
1981656−5.6%
ГодинаНас.±%
1991574−12.5%
1994571−0.5%
2002533−6.7%
2021415−22.1%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Тработивиште имало 602 жители.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Тработивиште имало 320 жители.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци и 300 Турци.[6]

Селото во 1961 година било големо и броело 813 жители. Во 1994 година, бројот се намалил на 571 жител, од кои 488 биле Македонци, 77 Роми и тројца жители Турци.[2]

Турското население, кое претставувало скоро една половина од жителите во селото до средината на XX век, се иселило и заминало во Турција. Денес, во селото е останато само едно турско семејство.[7]

Според пописот од 2002 година, во селото Тработивиште живееле 533 жители, од кои 446 Македонци, 79 Роми, 5 Турци, 1 Србин и 2 останати.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 415 жители, од кои 303 Македонци, 4 Турци, 86 Роми, 2 останати и 20 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е прикажано вкупното население и етничка припадност во Тработивиште:[10]

Година Македонци Албанци Турци Роми Срби Ост. б.п. Вкупно
1948 867
1953 541 1 463 23 0 5 1.033
1961 698 0 66 19 30 813
1971 579 0 65 25 4 22 695
1981 551 0 26 60 2 17 656
1991 484 0 8 76 2 4 574
1994 488 0 3 77 1 2 571
2002 446 0 5 79 1 2 533
2021 303 0 4 86 0 2 20 415

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години.

Општествени установи уреди

 
Подрачното основно училиште во Тработивиште

Самоуправа и политика уреди

Селото влегува во рамките на Општина Делчево, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Делчево.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Тработивиште, во која единствено село било Тработивиште.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната општина Тработивиште, во која покрај селото Тработивиште се наоѓале селата Вирче, Нов Истевник, Панчарево, Разловци и Стар Истевник.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на општината Делчево.

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачко место бр. 0591 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.[12]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 426 гласачи.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 409 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости уреди

Цркви[15]
Џамии
  • Џамија — селска џамија, сместена на сретсело

Личности уреди

Родени во Тработивиште

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 298. Посетено на 6 јули 2018.
  3. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 228.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 140-141.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Заврши реконструкцијата на старата џамија во Тработивиште“. Вечер. 13 септември 2016. Архивирано од изворникот на 2018-10-02. Посетено на 6 јули 2018.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 6 јули 2018.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население во 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). Извор: ДЗС Архивирано на 3 февруари 2020 г..
  11. „ОУ „Св. Климент Охридски" - Делчево“. Архивирано од изворникот на 2019-03-21. Посетено на 6 јули 2018.
  12. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 6 јули 2018.
  13. „Локални избори 2017“. Посетено на 6 јули 2018.
  14. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  16. Димитар Димески, Воислав Кушевски (ин мемориам), Историја, XXXVI, 1–2, Скопје, 2000

Надворешни врски уреди