Тојота Ајго

автомобил на Тојота

Тојота Ајго (Toyota Aygo) – мал автомобил што го произведува јапонската фабрика за автомобили Тојота во соработка со групата ПСА. Се произведува од 2005 година до денес.

Тојота Ајго
Toyota Aygo
ПроизведувачТојота
Познат и какоПежо 107 (2005–2014)
Пежо 108
Ситроен Ц1
Производство2005–до денес
СклопувањеКолин, Чешка
КласаМал градски автомобил (А)
Вид каросерија3 врати хечбек
5 врати хечбек
Распоредмотор напред, погон напред

Прва генерација (2005-2014) уреди

Прва генерација
 
Производствофевруари 2005–2014
СклопувањеКолин, Чешка
Вид каросерија
Распоредмотор напред, погон напред
Мотор
  • 1.0 L трицилиндричен бензински
  • 1.4 L четирицилиндричен дизел
Меѓуоскино раст.2340 mm
Должина3405 mm
Ширина1615 mm
Висина1465 mm
Нетоварена тежина890 кг

Во 2001 година Тојота и групата ПСА одлучиле да направат мал заеднички автомобил за да ги намалат трошоците за развој. Ситроен, Пежо и Тојота на саемот на автомобили во Женева претставиле готово три идентични мали автомобили од А-сегментот: Тојота Ајго, Ситроен Ц1 и Пежо 107. Биле развиени на заедничка платформа и сите три се произведувале во иста фабрика во Колин, во Чешка.

Ајго, 107 и Ц1 ја делат основната платформа, но веќе на прв поглед видливо е дека дизајнерите за поедините марки одлично ја завршиле работата и ги поврзале овие автомобили со автомобилите од својата марка. Сите три возила се долги околу 3,4 метри, широки 1,6 метри и високи околу 1,4 метри. Возилата биле наменети за 4 лица и имало модели со 3 и 5 врати. Овие штедливи возила поседувале напредни технологии во поглед на безбедноста и заштитата на околината. Производниот капацитет на погонот била 300.000 возила годишно, по 100.000 од секој автомобил. Продажбата почнала во јули 2005 година [1]

Тојота Ајго двапати, во исто време со Пежо и Тојота, во 2009] и 2012 година, извршила редизајн на автомобилот.

Мотори уреди

Модел Зафатнина Цилиндри/
вентили
kW/КС Напомена
Бензин
1,1i 996 cm³ 3/12 51 kW / 68 КС
Дизел
1,4 HDi 1398 cm³ 4/8 40 kW / 55 КС

Галерија уреди

Втора генерација (2014-2021) уреди

Втора генерација
 
Познат и какоПежо 108, Ситроен Ц1
Производствомај 2014–2021
СклопувањеКолин, Чешка
ПретходникТојота iQ
Вид каросерија
Распоредмотор напред, погон напред
Мотор1,0 L трицилиндричен бензинец
1,2 L трицилиндричен бензинец
Меѓуоскино раст.2340 mm
Должина3455 mm
Ширина1615 mm
Висина1460 mm

На саемот за автомобили во Женева во 2014 година, Тојота го претставила новиот изглед, комплетно редизајнирана верзија на Ајго, која била конструирана во фабриката на Тојота и Пежо во Колин, Чешка. Дизајнот ѝ се припишувал на јапонската младешка култура инспирирана од роботот Астро Бој и јајце во кутија, и целта на Ајго била да биде попристапен на младите возачи и да овозможи поголемо ниво на корисничка адаптибилност.[2][3] Нејзиното производство почнало на 27 мај 2014 година.

Наводи уреди

  1. „Тојота Ајго“ (англиски). netcarshow.com. Посетено на 10 февруари 2014.
  2. Philip, Sam (2014-03-03). „It's the new Toyota Aygo. No, really“. Top Gear. Архивирано од изворникот на 2015-06-04. Посетено на 2019-10-15.
  3. Toyota. "All-new Toyota AYGO revealed". Соопштение за печат.  посет. 11 февруари 2015 г Архивирано на 11 февруари 2015 г.

Надворешни врски уреди