Точка на измама (англиски:Deception Point) е третиот роман на американскиот автор Ден Браун.

Точка на измама
Македонска корица
Изворен насловDeception Point
ПреведувачМарија Џонс
Земја САД
Јазиканглиски
Жанртрилер
Издавач Pocket Books
Магор
Издадена
2001
Страници 492
ПретходнаАнгели и демони 
СледнаКодот на Да Винчи 

Содржина уреди

Кога сателитот на НАСА ќе открие зачудувачки редок објект закопан длабоко во арктичкиот мраз, вселенската агенција, оптоварена со проблеми, ќе ја објави својата толку потребна победа - победа со длабоки импликации кон политиката на НАСА и за престојните претседателски избори. За да се потврди автентичноста на откритието, Белата куќа се повикува на способностите на разузнавачкиот аналитичар Рајчел Секстон. Придружувана од тим експерти, вклучувајќи го и харизматичниот Мајкл Толанд, Рејчел патува на Арктикот и го открива незамисливото: докази за научничко лукаство - дрска измама што се заканува да го нурне светот во контроверзии. Но пред да може да го предупреди Претседателот, Рејчел и Мајкл паѓаат во заседа на смртоносен тим атентатори. Борејќи се да си го спасат животот во пуст предел, опасен по живот, нивна единствена надеж за опстанок е да откријат кој стои зад оваа вешта измама. Вистината, како што ќе дознаат тие, е најшокантна измама.

Критики уреди

„Одличен трилер. Голема уверлива приказна која се одвива со убиствено темпо, со убедливи места на случување и со сосема точна мешавина од допадливи и одбини карактери. Фино дотеран амалгам од акција и интрига.“ - Паблишерс викли[1]

Наводи уреди

  1. „Deception Point | Dan Brown“. danbrown.com. Посетено на 2022-01-29.