Топлица (Гостиварско)

село во Општина Врапчиште

Топлица — село во Општина Врапчиште, во околината на градот Гостивар.

Топлица
Топлица во рамките на Македонија
Топлица
Местоположба на Топлица во Македонија
Топлица на карта

Карта

Координати 41°51′30″N 20°53′17″E / 41.85833° СГШ; 20.88806° ИГД / 41.85833; 20.88806Координати: 41°51′30″N 20°53′17″E / 41.85833° СГШ; 20.88806° ИГД / 41.85833; 20.88806
Општина Врапчиште
Население 918 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1242
Шифра на КО 07080
Надм. вис. 520 м
Топлица на општинската карта

Атарот на Топлица во рамките на општината
Топлица на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа во областа Горни Полог, во источното подножје на Шар Планина. Оддалечено е 9 километри североисточно од Гостивар.

Историја уреди

Во XIX век селото било дел од Тетовската каза во Гостиварската нахија во Отоманското Царство.

Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[2]

Стопанство уреди

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948437—    
1953496+13.5%
1961578+16.5%
1971811+40.3%
19811.020+25.8%
ГодинаНас.±%
19913[3]−99.7%
19941.226+40766.7%
20021.274+3.9%
2021918−27.9%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Топлица живееле 120 жители, сите Албанци.[4]

Според Афанасиј Селишчев, во 1929 година селото било дел од Галатска општина и имало 40 куќи со 250 жители Албанци.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Албанци.[6]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.274 жители, од кои 1.267 Албанци, 1 Бошњак и 6 останати.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 918 жители, од кои 882 Албанци и 36 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 120 437 496 578 811 1.020 3 1.226 1.274 918
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови уреди

Топлица е албанско село

Според истражувањата од 1951 година, родови во селото:

  • Доселеници: Ајдар (21 к.), Даљуш (8 к.) и Еминет (11 к.) доселени се од селото Топојани во Љума, северна Албанија. Во првиот род се знае следното родословие: Медија (жив на 80 г. во 1951 година) Азир-Билал-Оломан-Ајдар, кој се доселил; Жере (5 к.) доселени се од некое место во Матија во северна Албанија; Лепролар (2 к.) доселени се од селото Неготино, каде припаѓале на истоимениот голем род; Ајдарче (1 к.) доселени се од селото Пирок. Подалечно потекло од Љура во северна Албанија; Лисец (2 к.) доселени се од селото Лисец. А таму се доселени од фисот Бериш (од околината на Скадар); Џеладин (1 к.) доселени се од селото Раковец.[13]

Општествени установи уреди

Самоуправа и политика уреди

Културни и природни знаменитости уреди

Редовни настани уреди

Личности уреди

Култура и спорт уреди

Иселеништво уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  3. Во Пописот од 1991 година, во населените места: Страчинци, Љуботен, Арачиново, Грушино, Мојанци, Орланци, Боговиње, Жеровјане, Пирок, Милетино, Радиовце, Теново, Челопек, Горно Јаболчиште, Велешта, Горно Татеши, Долно Татеши, Врапчиште, Топлица, Вруток, Долно Јеловце, Здуње, Речане, Балин Дол, Беловиште, Гостивар, Дебреше, Мало Турчане, Чајле, Баниште, Дебар, Кривци, Селокуќи, Хаме, Делогожди, Корошишта, Ливада, Мислодежда, Ново Село (Делогожди), Горна Бањица, Долна Бањица, Симница, Долна Лешница, Желино, Озормиште, Требош, Бачишта, Букојчани, Горно Строгомиште, Зајас, Колари, Лешница, Палиград, Смесница, Копанце, Шемшево, Горно Палчиште, Долно Палчиште, Камењане, Кичево, Долно Свиларе, Кондово, Радуша, Рудник Радуша, Бедиње, Горно Коњаре, Д`лга, Куманово, Лопате, Романовце, Сопот, Табановце, Черкези, Белановце, Матејче, Никуштак, Опае, Ропалце, Жужње, Нистрово, Сенце, Тануше, Добри Дол, Калиште, Неготино-Полошко, Сенокос, Бериково, Гарани, Јагол, Ново Село (Осломеј), Поповјани, Премка, Србица, Стрелци, Туин, Шутово, Охрид, Ќојлија, Арнакија, Буковиќ, Грчец, Крушопек, Ласкарци, Љубин, Семениште, Барово, Јаболци, Биџево, Долна Белица, Заграчани, Калишта, Радолишта, Струга, Батинци, Вртекица, Морани, Студеничани, Глоѓи, Доброште, Непроштено, Пршовце, Слатино, Теарце, Голема Речица, Лавце, Мала Речица, Сараќино, Тетово, Баланци, Форино, Чегране, Џепиште, Гајре, Лисец, Скопје дел - Гази Баба, Скопје дел Карпош, Скопје дел - Центар и Скопје дел - Чаир, дел од жителите не прифатија да замат учество (го бојкотираа) во Пописот.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 213.
  5. Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 24.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ.

Надворешни врски уреди