Тонски број бројка која се користи во записниот систем за обележување на тоновите во еден јазик. Бројката се става по романизираниот слог. Треба да се напомене дека бројката може да носи сосема друго значење во различен контекст бидејќи системите се развивале независно еден од друг.

Кинески уреди

Во кинескиот јазик бројките означуваат тонови. На пример, стандардниот мандарински има четири тона кои се означуваат со бројките 1, 2, 3 и 4. Иако овие тонови имаат имиња, кои имаат повеќе значење во компаративното изучување на географските и хронолошки јазични видови, највеќето луѓе тоновите ги нарекуваат по број: „прв тон“, „втор тон“, итн.

Тонските броеви се користат и за другите видови на говорниот кинески јазик според различни обичаи, кои можат да бидат независни еден од друг. Бројките се неповрзани и со релативната висина или тоновите. Ова може да се увиди со споредба на тонските таблици на стандарниот мандарински, стандардниот кантонски и тајванскиот.

Стандарден мандарински
Тонски број 1 2 3 4  
Тонско име јин
пинг
јанг
пинг
шанг чи
Тонска буква ˥˥ ˧˥ ˩, ˨˩˦ ˥˩
Стандарден кантонски
Тонски број 1 2 3 4 5 6 7 8 9
Тонско име јин
пинг
јин
шанг
јин
чи
јанг
пинг
јанг
шанг
јанг
чи
шанг
јин
жу
сја
јин
жу
јанг
жу
Тонска контура ˥˥, ˥˧ ˧˥ ˧˧ ˨˩, ˩˩ ˩˧ ˨˨ ˥ ˧ ˨
Тајвански
Тонски број 1 2 3 4 5 6 7 8  
Тонско име јин
пинг
шанг јин
чи
јин
жу
јанг
пинг
нема јанг
чи
јанг
жу
Тонска контура ˦˦ ˥˩ ˧˩ ˧ ˨˦ ˧˧ ˥

Белешка: Тука не се наведени правилата за тонското санди и неакцентираниот слог кај стандардниот мандарински заради едноставност.

Иако тонските броеви се бескорисни во компаративното изучување, тие се од голема корист во контекст на еден конкретен дијалект како згоден и краток начин на бележење на тонот. На пример, може да ги видиме следниве описи:

  • Кај стандардниот мандарински, бројката 1, првобитно во тон 1, се изговара како тон 4 ако е проследена од мерен збор во тон 1, 2 или 3. Ако мерниот збор е во тон 4, тогаш се изговара во тон 2.
  • Стандардните кантонски тонови 7, 8 и 9 имаат иста тонска контура како и 1, 3 и 6 (односно).
  • Кај тајванското тонско санди, тонот 1 се изговара како тон 7 ако е проследен од други слогови кај повеќесложни зборови.

Некои шеми на романизација, како јутпинот користат тонски броеви. Дури и кај пинјинот се користат тонски броеви кога нема можност за дијакритични ззнаци, како кај основниот ASCII текст.

Други јазици уреди

Тонските броеви се користат и при изучувањето на други тонски јазици. Понекаде 1 значи висок, а 5 низок тон. За да ги дознаеме нивните правилни значења мораме да ја земеме го предвид конкретниот обичај на јазикот.