Том-Јелте Слагтер

холандски велосипедист

Том-Јелте Слагтер (холандски: Tom-Jelte Slagter; р. 1 јули 1989) — холандски професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Б&Б Хотелс п/б КТМ.[1]

Том-Јелте Слагтер
Слагтер на Трката околу Алберта 2015
Лични податоци
Цело имеТом-Јелте Слагтер
ПрекарТиЏеј
Роден1 јули 1989(1989-07-01)(34 г.)
Гронинген,  Холандија
Висина1,67 м
Маса57 кг
Податоци за клубот
Мом. клубБ&Б Хотелс п/б КТМ
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачуниверзален возач
Професионални клубови
2010
2011–2013
2014–2017
2018-2019
2020-
Рабобанк Континентал Тим
Рабобанк
Гармин-Шарп
Тим Дименжн Дата
Б&Б Хотелс-Витал Консепт
Значајни победи
Етапни трки
Тур Даун Андер (2013)
Последна промена
10 август 2020

Кариера уреди

Рабобанк (2011–2013) уреди

Додека возел за Бланко Про Сајклинг во 2013,[2] Слагтер ја освоил најголемата победа во неговата кариера како победник на првата трка од Светската турнеја во сезоната, Тур Даун Андер. Ја освоил третата етапа на трката по нападот на последното искачување, стигнувајќи сам на врвот. На спустот му се приклучиле тројца возачи и со групата зад петици, Слагтер победил во групата.[3] Ја добил водечката маичка на петтата етапа откако завршил втор на Олд Вилунга Хил и постигнал исто време како Сајмон Геранс (Орика-ГринЕЏ), минатогодишниот победник.[4] Слагтер успешно го одбранил водството на последната етапа во Аделаида, каде Хавиер Морено (Мовистар Тим) го освоил второто место, 13 секунди зад него.[5]

Слагтер се приклучил на екипата Гармин-Шарп за сезоната 2014, потпишувајќи двегодишен договор.[6][7][8]

Гармин-Шарп (2014–2017) уреди

2014 уреди

На Париз-Ница, Слагтер ги освоил етапите 4 и 7. Потоа, завршил втор на шпанската еднодневна трка ГП Мигел Индураин. Негова последна трка пред сезоната на класици била Трката околу Баскија, каде завршил на 13. место. На Лиеж-Бастоњ-Лиеж завршил шести, негов најдобар резултат некогаш на монумент. Исто така, завршил петти на Флеш Валон. Слагтер возел на Тур де Франс и завршил деветти на етапата 16 до Бањер де Лишон. По Тур, возел на Класика де Сан Себастијан и завршил надвор од првите десет, на 14. место. Возел на канадските класици, ГП Квебек и ГП Монтреал, каде завршил на 11. и на 12. место, соодветно.

2015 уреди

Најдобар резултат на Слагтер во првиот дел од сезоната 2015 било деветтото место на Флеш Валон. Возел на Трката околу Алберта, каде освоил две етапи. Потоа возел на канадските класици и завршил четврти во Квебек и десетти на Монтреал.

Тим Дименжн Дата (2018-2019) уреди

На Тур Даун Андер, Слагтер завршил трет во генералниот пласман, на неговата прва трка за Тим Дименжн Дата. Негов најдобар резултат во текот на класиците било 12. место на Флеш Валон.

Достигнувања уреди

2010
1.   Национален друмски првак под 23 години
1. Етапа 2 Сиркут де Ардени
4. Краен пласман Тур де л’Авенир
7. Лиеж-Бастон-Лиеж под 23 години
8. Вламсе Пејл
2011
75. Краен пласман Вуелта а Еспања
2012
5. Гран при Квебек
6. Краен пласман Трка околу Оман
30. Краен пласман Џиро д’Италија
2013
1.   Краен пласман Тур Даун Андер
1. Етапа 3
1.   Пласман за млад возач
1.   Планински пласман Трка околу Алберта
7. Гран при Квебек
9. Краен пласман Тур де л’Ен
2014
Тур де Франс
  Награда за борбеност на етапа 19
Париз-Ница
1. Етапа 4
1. Етапа 7
2. ГП Мигел Индураин
5. Флеш Валон
6. Лиеж-Бастон-Лиеж
2015
3. Краен пласман Трка околу Алберта
1. Етапа 3
1. Етапа 4
4. ГП Квебек
9. Флеш Валон
10. ГП Монтреал
2016
4. Тре Вали Варезине
8. Класика де Сан Себастијан
9. Брабантсе Пејл
2017
1. Етапа 2 Трка околу Австрија
3. ГП Монтреал
4. Краен пласман Трка околу Алберта
6. ГП Квебек
2018
3. Краен пласман Тур Даун Андер
2019
6. ГП Квебек
7. Краен пласман Тур де Јоркшир
8. Краен пласман Трка околу Германија

Распоред на резултатите на етапните трки уреди

Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019
  Џиро СО 30 76 77
  Тур 56 82 59
  Вуелта 75
Распоред на резултатите на етапните трки
Етапна трка 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019
  Тур Даун Андер 1 14 3 17
  Париз-Ница 16 36 33 119 СО
  Тирено-Адријатико 27 45
  Волта а Каталуња 41 СО
  Трка околу Баскија СО 13 27 СО 79 77 77
  Тур де Романди 43
  Критериум ди Дофине СО 66
  Тур де Свис 66 40 45 25 71

Распоред на резултатите на класиците уреди

Монумент 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019
Милано-Санремо СО 105 14 51
Трка околу Фландрија
Париз-Рубе
Лиеж-Бастоњ-Лиеж 34 6 44 СО 45 30 43
Џиро ди Ломбардија 52 СО 46 93 13 СО СО СО
Класици 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019
Амстел Голд Рејс 85 21 36 60 76 85
Флеш Валон 47 14 5 9 36 12 48
Класика де Сан Себастијан 49 14 27 8 СО
Гран при Квебек 5 7 11 4 15 6 97 6
Гран при Монтреал 20 15 12 10 17 3 84

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи уреди

  1. „B&B Hotels - Vital Concept“. UCI.org. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 4 January 2020. Посетено на 4 January 2020.
  2. „Поранешен Рабобанк (RAB) – NED“. Светска турнеја на UCI. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 2013-10-03. Посетено на 3 јануари 2013.
  3. Алекс Малон (24 јануари 2013). „Слагтер освои тенка победа во Стирлинг“. CyclingNews. Future Publishing Limited. Посетено на 30 јануари 2013.
  4. Алекс Малон (26 јануари 2013). „Геранс победоносно на Денот на Австралија во Олд Вилунга“. CyclingNews. Future Publishing Limited. Посетено на 30 јануари 2013.
  5. „Летечкиот Холанѓанец Слагтер победи на Тур Даун Андер“. The Northern Star. APN Group Websites. 28 јануари 2013. Посетено на 30 јануари 2013.
  6. Боден, Матје (24 септември 2013). „Гармин подготвен за драматична обнова во 2014“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 6 ноември 2013.
  7. „Гармин потпиша со холандскиот возач и првак на Тур Даун Андер, Слагтер“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 8 август 2013. Архивирано од изворникот на 2013-12-15. Посетено на 8 август 2013.
  8. „Dutch connection paved way for Slagter's move to Garmin“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 14 август 2013. Архивирано од изворникот на 2013-12-15. Посетено на 26 септември 2013.

Надворешни врски уреди