Томислав Чокревски

Томислав Чокревски (11 декември 19345 декември 2017) — македонски универзитетски професор, социолог и државник.

Томислав Чокревски
Министер за внатрешни работи
На должноста
23 февруари 1996 – 30 ноември 1998
Претседател Бранко Црвенковски
Претходник Љубомир Фрчкоски
Наследник Павле Трајанов
Лични податоци
Роден(а) 11 декември 1934
Битола, СФРЈ СФР Југославија
Починал(а) 5 декември 2017(2017-12-05) (возр. 82)
Скопје, Македонија Македонија
Националност Македонец
Партија СДСМ
Вероисповед Православен христијанин

Животопис уреди

Чокревски е роден во Битола на 11 декември 1934 година. Основно образование и гимназија завршил во родниот град. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје[1] во 1958 година. Магистрирал на Факултетот за политички науки во Белград во 1967, а докторирал на Правниот факултет во Скопје, на тема „Социјалната природа и функција на големите организации и развитокот на социјалистичката демократија“ во 1976 година. На Правниот факултет во Скопје бил избран за предавач по предметот социологија во 1968, за виш предавач во 1972, за вонреден во 1977 и за редовен професор во 1982 година. Бил уредник на списанието „Погледи“ во 1964 година и републички секретар за образование, наука и култура од 1967 до 1971 година[2]. Бил декан на Правниот факултет во Скопје во 1991 и 1992, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (1992/93 - 1993/94) и министер за внатрешни работи во Владата на Бранко Црвенковски од 1995 до 1998 година.

Библиографија уреди

Објавил поголем број монографски дела и учебници од областите на социолошките и политичките науки. Основната идеја што ја следи во социологијата е функцијата на големите организации во демократијата.

  • Организационо општество, “Студентски збор“, Скопје, 1995;
  • Социологија на правото, “Студентски збор“, Скопје, 2000.

Наводи уреди

  1. „Проф. д-р Томислав Чокревски“. Правен факултет „Јустинијан I“. Архивирано од изворникот на 2009-08-30. Посетено на 2009-11-19.
  2. Правен факултет - Педесет години, 1951-2001, Скопје, 2001.
Политички функции
Претходник
Љубомир Фрчкоски
Министер за внатрешни работи на Македонија
1996–1998
Наследник
Павле Трајанов