Тома Никлев Петров (1860, Свето Митрани - 4 мај 1909, Могила) — македонски револуционер, член и раководител на Македонската револуционерна организација, учесник во Илинденското востание и еден од членовите на Горскиот штаб на Крушевската востаничка околија [1].

Тома Никлев
Роден 1860
Свето Митрани, Македонија
Починал 4 мај 1909
Могила, Битолско, Македонија

Животопис уреди

Никлев е роден во 1860 година во прилепското село Свето Митрани тогаш во Отоманското Царство. Тој се приклучил кон Македонската револуционерна организација во 1895 година и застанал на чело на првиот револуционерен комитет во Крушево. Во Илинденското востание бил член на Горското началство и учествувал во освојувањето на Крушево.

Загинал во екот на Борбата за Македонија. Заедно со крушевскиот четник Стојче Летник при преминување на реката Шемница, биле убиени од грчки терористи [2].

Извори уреди

  1. Историја на Крушево и Крушевско, Од постанокот на градот до поделбата на Македонија, книга прва, Крушево, 1978
  2. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 116.

Литература уреди

  • Историја на македонскиот народ, Просветно дело, Скопје, 1972.