Тома Веклер

друмски велосипедист

Тома Веклер (француски: Thomas Voeckler; р. 22 јуни 1979) — поранешен француски професионален друмски велосипедист, кој професионално настапувал во периодот од 2001 до 2017 година.[2]

Тома Веклер
Лични податоци
Цело имеТома Веклер
ПрекарТи-Бланк,
Ле Шушу
Роден22 јуни 1979(1979-06-22)(44 г.)
Шилтигајм,  Франција
Висина1,74 м[1]
Маса71 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клубпензиониран
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачуниверзален возач
Аматерски клубови
2000 Бонжур (стажант)
Професионални клубови
2001–2010
2011-2017
Бонжур
Тим Јуропкар
Значајни победи
Голема трка
Тур де Франс
Планински пласман (2012)
4 поединечни етапи (2009, 2010, 2012)

Етапни трки

Трка околу Луксембург (2003)
Четири дена Динкерк (2011)
Рут ду Суд (2006, 2013)
Тур Ла Прованс (2016)
Тур де Јоркшир (2016)

Еднодневни трки и класици

Француски национален друмски првак (2004, 2010)
ГП Уест-Франција (2007)
Гран при Квебек (2010)
Брабант Пејл (2012)

Тој е еден од најпознатите француски возачи на неговата генерација и затоа честопати е опишуван како „национален херој“, поради неговите големи резултати на неколку изданија на Тур де Франс.[3][4]

Ран живот уреди

Роден во Шилтигајм, Долна Рајна, Веклер станал професионален велосипедист од 2001. Доаѓа од регионот Алзас во Франција, но подоцна се преселил на Мартиник, каде му бил доделен прекарот „Ti-Blanc“ (petit blanc) поради неговиот мал раст и бледиот тен. Исто така е познат како „Ле Шушу“ (драг, мил),[5]

Кариера уреди

Рани години уреди

Во 2003, Веклер освоил две етапи и генералниот пласман на Трката околу Луксембург. Следната година, тој наеднаш стекна светска слава во светот на велосипедизмот. По освојувањето на француското првенство, малку почитуваниот Веклер дошол на Тур де Франс 2004. По бегството со пет други возачи на петтата етапа, Веклер остварил значајно време во однос на главната група и ја добил жолтата маичка (le maillot jaune). Извонредно, тој ја бранел неговата маички следните десет дена, дури и на етапи кои не биле во корист на неговата сила. Со жолтата маичка на грбот и интензивното медиумско внимание околу него, Веклер станал само посилен. Ги преживеал суровите искачувања на Пиринеите, секунди пред крајниот победник, Ленс Армстронг. На крајот, Веклер ја предал маичката на Армстронг на етапата 15 во Француските Алпи. Тогаш, Веклер ја загубил и белата маичка (le maillot blanc, носена од најдобриот возач под 25 години) од Владимир Карпетс. Но, со овие успеси Веклер веќе станал национален херој.

Сезоната 2005 на Веклер му била исполнета со многу трки, вклучувајќи некои, кои не биле насочени кон неговиот стил на возење. Неговата единствена победа таа година дошла на етапата 3 на Четири дена Динкерк.

Во 2006 ја освоил петтата етапа на Вуелта ал Паис Васко. На Критериум ду Дофине Либере, Веклер завршил втор на етапата 1. Исто така ја освоил и Париз-Бурж 2006. Во 2007, Веклер ја освоил неверојатна победа на Гран при де Плуе Уест-Франс, каде ги победил фаворитите со доцното бегство. Во 2008, почетокот на сезоната на Веклер била обележана со крајната победа на Сиркут де ла Сарт. Во 2009 ја освоил својата прва етапна победа на Тур де Франс. Веклер заминал кон победата на 5 километри пред крајот, откако бил во бегство поголемиот дел од трката.[6]

2010 уреди

По слабиот почеток во 2010, Веклер заминал кон победа на француското национално друмско првенство. Тој бил способен за бегство од групата заедно со Кристоф ле Мевел. Веклер бил подобар од Ле Мевел во спринтот и ја зел втората негова маичка на државното првенство. Потоа, неговата форма продолжила на Тур де Франс 2010, каде по неколку неуспешни напади, тој бил првиот кој ја преминал линијата на целта на етапата 15. Нападнал на десет километри пред целта на искачувањето од екстра категорија Порт де Балес, совладувајќи го врвот сам. Го поминал многу опасниот спуст без никаква грешка и ја поминал целта во Бањер де Лишон со повеќе од една минута предност пред останатите.[7]

На емоционално ниво, тоа што се случи на првенството на Франција, кога јас дојдов сам веќе беше премногу. Но, потоа победата на етапа на Тур де Франс со трибојната маичка на мене е веќе извонредно.

Тома Веклер по победата на етапата 15 на Тур де Франс.[7]

Во септември, Веклер го воведното издание на трката Гран при Квебек, нов настан во календарот на Светската турнеја. Тој ги намалил неговите шанси за победа неколку дена пред настанот на конференција за печат, наведувајќи недостиг на форма. Меѓутоа, започнал напад во последниот километар и ја поминал целта со неколку должина на тркалото пред возачот на Тим Скај Едвалд Боасон Хаген.[8]

2011 уреди

 
Веклер во првата година како професионалец

Во 2011, Веклер уживал во неговата најдобра година како професионалец. Забележал осум пролетни победи пред Тур де Франс во јули, освојувајќи две етапи на Париз-Ница и генералниот пласман на Четири дена Динкерк, како и на Тур ду Хаут Вар.

На деветтата етапа на Тур де Франс, Веклер заминал во бегство, ја преживеал несреќата предизвикана од телевизискиот автомобил, во која учествувале двајца други возачи,[9] и ја поминал линијата како втор, преземајќи го водството во генералниот пласман и со тоа и жолтата маичка. Ја носел жолтата маичка од почетокот на етапата 10 па натаму, носејќи ја низ сите планински етапи на Пиринеите и на Алпите, но не бил во можност да ја задржи на крајот на етапата 19, кралската етапа, која завршувала на Алп д’Ез. Веклер завршил на Тур како четврти со време од 3 минути и 20 секунди зад победникот, Кедел Еванс, во генералниот пласман – негов најдобар пласман во кариерата на Тур дотогаш. Неговиот пласман на четвртото место во генералниот пласман бил највисок од некој Французин по четвртото место на Кристоф Моро во 2000.

Износот исплатен на Веклер за 2011 од Тим Јуропкар изнесувал 420.000 евра за цела година, што го направило втор највисоко платен француски велосипедист по Силвен Шаванел.[10][11] Неговото планирано одење во Тим Кофидис било вредно најмалку двојно повеќе, меѓутоа Веклер останал на помалата плата со екипата на Жан-Рене Бернодо, откако го обновиле спонзорството за 2011, способен да продолжи со 15-годишната врска со тренерот.[12]

2012 уреди

Во 2012, Тома Веклер ги следел успесите од претходната година победи и врвни пласмани, вклучувајќи го и новиот фокус кон пролетните класици.

Пролетната кампања на Тома Веклер не донела добри резултати до април, кога забележал место во првите десет на Трката околу Фландрија, вториот класичен монумент во календарот во 2012; неговата прва победа во сезоната дошла десет дена подоцна, во текот на 30-километарското соло бегство на полукласикот Брабант Пејл, која ја освоил под лоши временски услови (студ и дожд).[13] Следната недела забележал пласман во првиот пет на класикот Амстел Голд Рејс,[14] и недела подоцна продолжил неговиот успех на Ардените со четврто место на последниот пролетен класик во сезоната, монументот Лиеж-Бастон-Лиеж.[15] Заедно со други возачи на Јуропкар, Веклер успеал да победи на етапа на габонската трка Ла Тропикале Амиа Бонго на крајот на април.[16]

 
Веклер во жолтата маичка на Тур де Франс 2011

На Тур де Франс започнал слабо, страдајќи од повредата на коленото и скоро да ја напуштел трката, откако претходно се откажал од некои трки за подготовка. Меѓутоа, собрал сила и подоцна ја освоил етапата 10, првата планинска етапа на трката, вклучувајќи го и преминот на искачувањето од екстра категорија на Кол ду Гран Коломбје како прв, со тоа преземајќи ја точкастата маичка како водство во планинскиот пласман, која ја носел еден ден.[17] Исто така бил напред и на кралската етапа на трката, етапата 16 од По до Бањер де Лишон, која вклучувала четири големи искачувања, меѓу нив и Кол ду Турмале. Веклер се одвоил од групата на околу 25 километри од почетокот и бил дел од огромното бегство со 38 возачи. Ги поминал сите четири искачувања како прв и ја преземал повторно точкастата маичка како и победата, откако отпаднал и последниот негов соперник Брис Феји од екипата Сор-Сожасен, на самиот спуст од Кол де Пересур, последното искачување на етапата. Потоа, пристигнал на целта со една минута и 40 секунди пред најблискиот соперник.[18] Тома Веклер го освоил планинскиот пласман и се појавил на подиумот во Париз за првпат во неговата кариера, освојувајќи ја точкастата маичка, која ја носел од Пиринеите до целта.[19]

2013 уреди

Веклер ја започнал сезоната со класиците во добра форма на Дварс дор Вландерен. Избегал од водечката група возачи на последното искачување на 6 километри пред целта и направил обид сам да стигне до целта, но бил достигнат во последните метри, за на крајот да заврши само петти. Тешко го доживеал овој пораз поради малата разлика.[20] На арденскиот класик Амстел Голд Рејс, Веклер паднал со други фаворити, бил ставен на носилка и однесен во болница, каде било востановено дека има скршена клучна коска.[21] До јуни, Веклер се опоравил и прикажал добра форма уште еднаш, освојувајќи ја шестата етапа на Критериум ду Дофине преку бегство.[22] Веклер продолжил со победите преку освојување на Рут ду Суд и Тур ду Поату-Шарент.

2014 уреди

 
Веклер на Тур де Франс 2014

Во јануари, Веклер бил подготвен да учествува на Тур Даун Андер, но бил удрен од автомобил додека тренирал во Австралија и ја скршил клучната коска.[23] Се вратил на Средоземната трка, а потоа завршил на 25. место на Амстел Голд Рејс и 36. на Лиеж-Бастон-Лиеж. Потоа, настапил на Тур де Романди во април, напаѓајќи без успех при крајот на првата етапа.[24] На четвртата етапа, го освоил второто место откако бил поразен во спринтот од другиот член на бегството Михаел Албасини (Орика-ГринЕЏ).[25] Веклер завршил на 21. место во генералниот пласман. Веклер имал позначаен резултат на Тур де Франс, завршувајќи втор на етапата до Бањер де Лишон зад Мајкл Роџерс.[26] Во август, додека бил на тренинг, Веклер удрил во автомобил и повторно се повредил, овој пат изместувајќи го рамото.[27] Се вратил на Тур ду Дуа, завршувајќи 46.. Во октомври, Веклер завршил втор на Париз-Тур, откако бил дел од рано бегство. Соработувал добро со другиот член од бегството Јеле Валес до последниот километар, кога Валес одбил да води и Веклер бил победен во спринтот. Бил разочаран и не се искачил на подиумот, поради што добил казна и загубил 3.770 евра.[28]

2015 уреди

Сезоната 2015 била релативно тивка, со петто место на етапа на Тур де Франс и трет во генералниот пласман на Тур де Јоркшир.[29]

2016 уреди

Во февруари, Веклер ги освоил првите победи од август 2013 година, кога ја освоил првата етапа и генералниот пласман на првото издание на Тур Ла Прованс.[30] На почетокот на мај, Веклер ја освоил последната етапа на Тур де Јоркшир, претекнувајќи го Николас Роуш, со што го освоил и генералниот пласман.

Во септември 2016 година, Веклер објавик дека ќе се повлече од професионалниот велосипедизам, по Тур де Франс 2017,[31] негово петнаесетто последователно учество на трката.[2]

Друго уреди

Веклер е познат по прикажувањето на широка низа изрази на лицето при самото возење, особено кога вложува дополнителни напори.[32] Изразите се движат од гримаси на болка до исплазување на јазикот и многу други мимики.[33] Во август 2011, Веклер настапил со неговиот велосипед против коњ во егзибициски натпревар и изгубил.[34]

Достигнувања уреди

2003
1.   Краен пласман Трка околу Луксембург
1. Етапа 1
1. Етапа 3
1. Класик Лоара Атлантик
1. Етапа 8 Тур де л’Авенир
2. Тур де ла Сома
3. ГП де Денен
2004
1.   Национално друмско првенство
1. А траверс ле Морбијан
1. Етапа 4 Рут ду Суд
2. Класика де Алмерија
2005
1. Етапа 3 Четири дена Динкерк
2006
1. Париз-Бурж
1. Етапа 5 Вуелта ал Паис Васко
1.   Краен пласман Рут ду Суд
1. Етапа 1
3. Краен пласман Етоал де Бесеже
2007
1.   Планински пласман Париз-Ница
1.   Краен пласман Тур ду Поату Шарент
1. Гран при де Плуе Уест-Франс
2008
1.   Краен пласман Сиркут де ла Сарт
1.   Краен пласман Гран при де Плимелек-Морбијан
2009
1. Етапа 5 Тур де Франс
1.   Краен пласман Етоал де Бесеже
1.   Краен пласман Тур ду Хаут Вар
1. Етапа 2
1. Трофеј де Гримперс
2. Гран при д’Увертир ла Марселеза
3. Тур де Вандеја
2010
1.   Национално друмско првенство
1. Етапа 15 Тур де Франс
1. Гран при Квебек
3. Краен пласман Џиро ди Сардења
2011
1.   Краен пласман Тур ду Хаут Вар
1.   Краен пласман Четири дена Динкерк
1. Етапа 4
1. Етапа 1 Средоземна трка
Париз-Ница
1. Етапа 4
1. Етапа 8
1. Шоле-По де Лоар
1. Етапа 2 Џиро дел Трентино
3. ГП Уест-Франција
4. Краен пласман Тур де Франс
2012
1. Брабант Пејл
Тур де Франс
1.   Планински пласман
1. Етапа 10
1. Етапа 16
1. Етапа 3 Ла Тропикале Амиса Бонго
4. Лиеж-Бастон-Лиеж
5. Краен пласман Четири дена Динкерк
5. Амстел Голд Рејс
7. Гран при Квебек
8. Трка околу Фландрија
2013
1.   Краен пласман Рут ду Суд
1. Етапа 3
1.   Краен пласман Тур ду Поату-Шарент
1. Етапа 4 (ITT)
1. Етапа 6 Критериум ду Дофине
2. Тур ду Дуа
2. Гран при де Валони
5. Дварс дор Вландерен
8. Милано-Торино
2014
2. Париз-Тур
3. Тур де Вандеја
6. Гран при де Плимелек-Морбијан
Тур де Франс
  Награда за борбеност на етапа 4
2015
2. Краен пласман Тур ди Жеводан Лангдок-Русијон
3. Краен пласман Тур де Јоркшир
2016
1.   Краен пласман Тур Ла Прованс
1. Етапа 1
1.   Краен пласман Тур де Јоркшир
1. Етапа 3
4. Краен пласман Сиркут де ла Сарт
4. Краен пласман Рут ду Суд
Тур де Франс
  Награда за борбеност на етапа 3

Распоред на резултатите на големите трки уреди

Голема трка 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017
  Џиро 135 СО 89 23
  Тур 119 18 124 89 66 97 67 76 4 26 65 42 45 79 91
  Вуелта 101

СО = се откажал

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Профил на Тома Веклер“.
  2. 2,0 2,1 Флечер, Патрик (22 септември 2016). „Voeckler to retire at the end of 2017 Tour de France“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 16 јули 2017.
  3. Тајниот живот на Тома Веклер (2012-04-11). „Тајниот живот на Тома Веклер“. Cyclesportmag.com. Посетено на 2012-07-11.
  4. „Веклер во врвна форма за Лиеж-Бастон-Лиеж“. Cyclingnews.com. 16 април 2012. Посетено на 11 јули 2012.
  5. „Французите ја слават победата на Тома Веклер, додека Марк Кевендиш останува во зелената маичка“. The Guardian. UK. 8 јули 2009.
  6. Peter Scrivener (8 јули 2009). „Live text – Tour de France“. BBC Sport. Посетено на 8 јули 2009.
  7. 7,0 7,1 Џејмс Фиш (19 јули 2010). „Веклер ја освои етапата 15 на Тур де Франс, Контадор премина во жолто“. The Epoch Times. Посетено на 28 ноември 2012.
  8. Кирстен Фратини (11 септември 2010). „Веклер победи на воведното ГП Квебек“. CyclingNews. Future Publishing LLC. Посетено на 28 ноември 2012.
  9. Тур де Франс 2011: Автомобил удри во велосипедисти на деветтата етапа (видео) – рано водство. The Washington Post. 21 август 2011.
  10. Thomas Voeckler : Un avenir doré ? | France Soir Архивирано на 14 јули 2012 г.. Francesoir.fr. 21 август 2011.
  11. Tour de France 2011 : Voeckler, Chavanel… Les salaires des Français !. Sportune.fr. 21 август 2011.
  12. The secret life of Thomas Voeckler (11 април 2012). „Тајниот живор на Тома Веклер“. Cyclesportmag.com. Посетено на 11 јули 2012.
  13. „Тома Веклер победи на дождливиот Брабант Пејл сам“. Velonation.com. 2012-04-11. Посетено на 2012-07-11.
  14. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-04-18. Посетено на 2012-07-14.
  15. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-07-03. Посетено на 2012-07-14.
  16. „Габон/Велосипедизам: Тома Веклер победи на третиот круг на Тропикале Амиса Бонго“. Starafrica.com. Архивирано од изворникот на 2013-01-04. Посетено на 11 јули 2012.
  17. Косинс, Питер (11 јули 2012). „Веклер победи од бегство на Белгард-сур-Валзерин“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 11 јули 2012.
  18. Химас, Питер (18 јули 2012). „Веклер сам до втората етапна победа на Тур“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 18 јули 2012.
  19. „Бредли Вигинс победи на Тур де Франс 2012“. BBC Sport. BBC. 22 јули 2012. Посетено на 25 јули 2012.
  20. Шејн Стоукс (20 март 2013). „Gatto overhauls Voeckler for dramatic Dwars Door Vlaanderen success“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 15 април 2013.
  21. „Voeckler out with broken collarbone“. Cyclingnews.com. Future plc. 15 април 2013. Посетено на 15 април 2013.
  22. „Тома Веклер победи на шестата етапа на Критериум ду Дофине“. SI.com. Sports Illustrated. 7 јуни 2013. Посетено на 7 јуни 2013.
  23. „Тома Веклер ја скрши клучната коска“. Associated Press. ESPN. 15 јануари 2014. Посетено на 6 октомври 2014.
  24. Садб О’Ши (30 април 2014). „Албасини ја освои првата етапа на Тур де Романди“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 6 октомври 2014.
  25. Стивен Фаранд (3 мај 2014). „Албасини победи на четвртата етапа на Тур де Романди“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 6 октомври 2014.
  26. Кени Прајд (22 јули 2014). „Мајкл Роџерс ја освои првата победа на Тур де Франс на етапата 16“. Cycling Weekly. IPC Media Sports & Leisure network. Посетено на 13 октомври 2014.
  27. „Веклер удри во автомобил пред Тур де Лимузен“. Cyclingnews.com. Future plc. 19 август 2014. Посетено на 13 октомври 2014.
  28. „News shorts: Kilimanjaro boot camp for Tinkoff-Saxo? Voeckler fined for podium no show“. Cyclingnews.com. Future plc. 13 октомври 2014. Посетено на 13 октомври 2014.
  29. „Voeckler unsure if 2016 will be his final season“. Cyclingnews.com. 16 јануари 2016. Посетено на 28 март 2016.
  30. Вин, Најџел (25 февруари 2016). „Thomas Voeckler takes first race win since 2013“. Cycling Weekly. Посетено на 28 март 2016.
  31. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Final weeks.
  32. „Rubber face: the Tour's most expressive man“. Bike Radar. Future Publishing Limited. Архивирано од изворникот на 2012-08-25. Посетено на 22 септември 2012.
  33. Џен Си. „Monsieur Panache“. bicycling.com. Bicycling. Посетено на 22 септември 2012.
  34. Voeckler Loses Out To Trotting Horse. Cyclingnews.com. 21 август 2011.

Надворешни врски уреди