Томас Хенри Хаксли (анг. Thomas Henry Huxley; 4 мај 182529 јуни 1895) бил англиски зоолог, популаризатор на науката и заштитник на еволуционата теорија на Чарлс Дарвин (за своите жестоки полемики го добил прекарот „булдогот на Дарвин“). Член (од 1883 до 1885 претседател) на Кралското друштво. Во 1890 година е награден со почесниот Линеов медал за продолжување на линеовите традиции во современата биологија.

Томас Хаксли.
Илустрација од корицата на делото на Хаксли Evidence as to Man’s Place in Nature (1863), на која се споредуваат скелетите на мајмуните и човекот.

Работа уреди

Неговите полиња на интерес биле поврзани со споредбената анатомија и можностите за нивна еволуциона интерпретација. Најдобро е познат по неговите дебати со Ричард Овен по прашањето за степенот на анатомска блискост на човеколиките мајмуни и човекот (илустрацијата од неговата работа за местото на човекот во природата долго време останала популарен симбол за дарвиновата теорија и прототип за многу слични илустрации и карикатури). Томас Хаксли ја бранел независноста на професионалната наука, изградена врз принципите на материјализмот. За да го опише својот однос кон господаречкото религиозно верување, тој го вовел поимот агностицизам.

Семејство уреди

Хаксли бил основач на цела династија од видни англиски учени и културни дејатели. Негови внуци биле писателот Олдос Хаксли, сер Џулијан Хаксли (познат еволуциски биолог, првиот директор на УНЕСКО и основач на Светскиот фонд за дивата природа) и сер Ендрју Хаксли (физиолог и Нобеловски лауреат).

Награди уреди

Надворешни врски уреди