Тодор Петров

Политичар од Македонија
За други значења видете на појаснителната страница.

Тодор Петров (Гевгелија, 19 март 1960) — македонски политичар, борец за правата на Македонците низ целиот свет и претседател на Светскиот македонски конгрес.[1]

Тодор Петров
Претседател на Светскиот Македонски Конгрес
На должноста
Стапил
15 септември 1990
Пратеник во Собранието на Реублика Македонија
На должноста
1990–1994
Лични податоци
Роден(а) 19 март 1960(1960-03-19)(64 г.)
Гевгелија, НР Македонија, ФНРЈ
Националност Македонец
Партија Независен
Живеалиште Скопје
Установа Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
Занимање Политичар
Професија Економист
Вероисповед Македонска православна црква

Животопис уреди

Петров е роден на 19 март 1960 година во Гевгелија. Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје. Бил директор на Занаетчиска задруга во Гевгелија и директор на неделникот „Македонско сонце”. Од 1990-1994 година бил независен пратеник во првиот повеќепартиски парламент на Македонија, по распаѓањето на поранешна СФРЈ.[2] Од 1990 година е претседател на Светскиот македонски конгрес. Од 2006 година беше претседател на кратковечната Македонската партија како транснационална партија.[3] Во 2009 година учествуваше во кандидатската трка на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Република Македонија, но не ја доби кандидатурата.[4]

Живее и работи во Скопје. Зборува англиски јазик.

Наводи уреди

  1. „Интервју со Тодор Петров, претседател на СМК“ (PDF). Македонско Сонце. 18 јануари 2008. Архивирано од изворникот (PDF) на 2008-05-16. Посетено на 2009-11-05.
  2. „Тодор Петров“. Собрание на Република Македонија. Посетено на 2009-11-05.
  3. „Тодор Петров ќе промовира партија“
  4. „Ѓорѓе Иванов и Тодор Петров ги претставија своите програми пред делегатите на ВМРО-ДПМНЕ“