Тоде Илиевски — поет, писател за деца и млади, сатиричар, хуморист, преведувач, енигматичар и шаховски проблемист.[1][2][3][4] Објавил над 9 000 енигматски творби (анаграми, палиндроми и ребуси) и околу 450 шаховски проблеми.[5]

Тоде Илиевски
Роден/а7 март 1952
Македонија Мраморец, Охридско
Починат/а29 јануари 2022
Охрид
ЗанимањеПисател, енигматичар, шахист

Животопис уреди

Роден е на 7 март 1952 година во с. Мраморец, Охридско. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Работел како просветен работник во повеќе места во Западна Македонија. Бил директор на Радио Дебар и на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид.

Член на Друштвото на писателите на Македонија од 1994 година. Учествувал во работата на редакциите на „Јужен бран“, „Спизалит“, „Радосна вест“ и „Копнежи“, а бил главен и одговорен уредник на енигматските забавници „Клуч“ и „Ѕуница“. Одделни песни му се препеани на други јазици. Застапуван е во антологии, избори и учебници. Преведува од словенските јазици.[6]

Творештво уреди

Илиевски е автор на следниве дела:

  • „Ведро едро“ (поезија за деца, 1990)
  • „Концерт за шумите“ (поезија, 1992)
  • „Изворите во горите“ (поезија за деца, 1999)
  • „Зелен блен“ (поезија, 2001)
  • „8X8 by Tode Ilievski - 64 selected problems 1977 - 2002“ (шаховски проблеми, 2002)
  • „Лов на Лебедовото Езеро“ (поезија, 2008)
  • „Приватните библиотеки во Охрид и Охридско“ (лексикон на приватни библиотеки во соавторство со Виолета Мартиновска, 2008)
  • „Липов чај“ (поезија за деца, 2009)
  • „Ќерката на поетот“ (поезија, 2011)
  • „Белиот предел“ (поезија за деца, ПНВ Публикации, 2021)

Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[7]

Награди уреди

  • Повелба на Св. Климент (за творештво, 2002)
  • Награда на Празникот на липите (за песна, 2003 и 2006)
  • Награда на фестивалот Славјанска прегратка – Варна (за песна, 2008)
  • Награда на Издавачката куќа „Феникс“ (за краток расказ, 2008)
  • Награда „Ванчо Николески“ (за најдобра стихозбирка за деца, 2010)[8]

Извори уреди

  1. Весник „Дневник“Број 2093, 18 март 2006: „Јубилеен турнир "Тоде Илиевски - 50"“
  2. Тоде Илиевски во „Литернет“
  3. Маринела Јовановиќ, Нада Филева: „Мал охридски литературно-научен лексикон“, Охрид, 2002
  4. Тоде Илиевски во PDB
  5. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 358.
  6. Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр.100.
  7. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 111-114.
  8. „Нова Македонија“ број 21903, сабота 6.2.2010