Примери
Тоа е моето куче.
Тоа е сè што купив.

Тоалична заменка за трето лице еднина од среден род во македонскиот јазик. Оваа лична заменка се користи да се означи или посочи некоја именка од среден род[1], која и не мора да е присутна во моментот на зборување.

Лични заменки уреди

Личната заменка „тоа“ се користи како подмет во реченицата, односно да се означи лицето кое го врши дејството и лицето за кого се однесува нешто. Останатите форми за трето лице среден род може да се видат во следнава табела, која патем ги наведува сите заменки во македонскиот јазик:

Лични заменки
број лице подмет присвојна заменка
и придавка
директен предмет индиректен предмет
без предлози со предлози
долга кратка долга кратка

присвојна

еднина I јас мој/ моја/ мое/ мои мене ме мене ми мене
II ти твој/ твоја/ твое/ твои тебе те тебе ти тебе
III м.р. тој негов/ негова/ негово/ негови него го нему му него
ж.р. таа нејзин/ нејзина/ нејзино/ нејзини неа ја нејзе ѝ неа
с.р. тоа негов/ негова/ негово/ негови него го нему му него
множина I ние наш/ наша/ наше/ наши нас нè нам ни нас
II вие ваш/ ваша/ ваше/ ваши вас ве вам ви вас
III тие нивен/ нивна/ нивно/ нивни нив ги ним им нив


Потекло уреди

Старословенската форма еквивалентна на македонската „тоа“ е 'оно'. Така, оваа македонска лична заменка не е слична со останатите заменки за трето лице на останатите словенски јазици, како: ono на полски, словачки, чешки, словенечки, српски, хрватски, босански и црногорски, то на бугарски, wonо на лужичкосрпски, оно на руски, яно на белоруски и воно на украински.[2]

Освен на македонски и бугарски, во сите останати словенски јазици заменката директно потекнува од старословенската форма. Македонската заменка „тоа“ настанала со потсилување на старите едносложни заменски морфеми со партикули, сè со цел да се закрепи нивната изразеност. Заменката „тоа“ потекнува од старословенската показна 'то', но проширена со дополнителни гласови за позацврстена изразеност.[3]

Употреба уреди

Во македонскиот јазик оваа заменка се користи за означување или посочување на именка од среден род.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Речник на македонскиот јазик: тоа на makedonski.gov.mk
  2. Лични заменки во словенските јазици, на англиски.
  3. Конески, Блаже (1967), Историја на македонскиот јазик, Скопје, стр. 144