Тиаго Алкантара до Насименто роден на 11 април 1991 година, попознат како Тиаго (шпански изговор: [ˈtjaɣo], португалски изговор: [tʃiˈaɡu]), е шпански фудбалски репрезезентативец кој настапува за англискиот премиерлигаш Ливерпул.

Тијаго
Настап на Тиаго за Шпанија во 2015
Лични податоци
Полно име Тиаго Алкантара до Насименто[1]
Роден на 11 април 1991(1991-04-11)(32 г.)
Роден во Сан Пјетро Вернотико, Италија
Висина &100000000000001720000001,72 м[2]
Позиција Играч од средниот ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Ливерпул
Број 6
Младинска кариера
1995–1996 Фламенго
1996–2000 Урека
2000–2001 Келме
2001–2005 Фламенго
2005–2008 Барселона
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2008–2011 Баселона Б 59 (3)
2009–2013 Барселона 68 (7)
2013–2020 Баерн Минхен 150 (17)
2020- Ливерпул 2 (0)
Репрезентација
2007 Шпанија 16 1 (0)
2007–2008 Шпанија 17 8 (5)
2009 Шпанија 18 1 (1)
2009–2010 Шпанија 19 11 (4)
2010–2013 Шпанија 21 21 (6)
2011– Шпанија 20 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 18:23, 15 April 2017 (UTC)
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 28 March 2017

Роден е во Италија од бразилски родители, неговиот татко Мазињо е поранешен фудбалски репрезентативец на Бразил и дел од генерацијата која го освои Светското првенство во Сад 1994 година. Тијаго се приклучил на ФК Барселона на возраст од 14 години, а своето деби го имал во 2009 година. По освојувањето на повеќе трофеи вклучувајќи четири Ла Лига првенства, Лига на шампионите и ФИФА клупско Светското првенство со Барселона, тој беше потпишан од страна на Баерн Минхен за 25 милиони евра € во 2013 година. Со Баерн, тој има освоено седум трофеи, вклучувајќи ја и Бундеслигата во секоја од првите три сезони.

По успешните настапи за Шпанија на Европското првенство во Шпанија за играчи под-19 години и за фудбалската репрезентација под 21 година, тој го направи своето деби за Шпанија во 2011 година. Тој беше привремен репрезентативец на Шпанија на Светското првенство 2014, но се повлече поради повредата на коленото. Тиаго беше селектиран за УЕФА Евро 2016.

Наводи уреди

  1. „Selección Española Convocados“. RFEF. 2016. стр. 5. Архивирано од изворникот (website) на 2017-03-13. Посетено на 6 June 2016.
  2. „Thiago Alcántara do Nascimiento“. Fcbarcelona.com. Посетено на 12 July 2013.

Надворешни врски уреди