Тихоокеански часовен појас

часовен појас во Северна Америка

Тихоокеански часовен појас (англиски: Pacific Time Zone, PT) — часовен појас кој опфаќа делови од западна Канада, западни САД и западно Мексико. Местата во овој појас следат стандардно време одземајќи осум часа од координираното универзално време (UTC−8). При летно сметање, часовното отстапување е UTC−7.

  Тихоокеански часовен појас

Во САД и Канада, појасот се нарекува „тихоокеанско стандардно време“ (Pacific Standard Time, PST) при стандардното сметање (од почетокот на ноември до средината на март) и „тихоокеанско летно време“ (Pacific Daylight Time, PDT) при летно сметање (од средината на март до почетокот на ноември ). Во Мексико појасот се нарекува „северозападен појас“ (шпански: Zona Noroeste) и се применува истото стандардно и летно сметање како во другите две земји.

Најголем град во појасот Лос Анџелес со неговата метрополитенска област.

Тихоокеанскиот часовен појас е два часа понапред од хавајско-алеутскиот, еден час понапред од алјаскиот, еден час зад планинскиот,[б 1] два часа зад централниот и три часа зад источниот часовен појас.

Канада уреди

Појасот целосно опфаќа само една територија во Канада:

Времето во една покраина и една територија е поделено на тихоокеанскиот и планинскиот појас:

Мексико уреди

Во Мексико, појасот ги опфаќа следниве места:

САД уреди

Две сојузни држави на САД целосно влегуваат во поајсот:

Три сојузни држави временски се поделени во тихоокеанскиот и планинскиот појас:

Една сојузна држава временски е поделена на тихоокеанскиот и алјаскиот појас:

Поврзано уреди

Белешки уреди

  1. Најголемиот дел од Аризона применува стандардно време во текот на целата година, така што летното тихоокеанско време се совпаѓа со времето во Аризона.

Надворешни врски уреди