Тириншка Шума (германски: Thüringer Wald) — подрачје со возвишенија кое се протега од северозапад кон југоисток, создавајќи непрекината верига од стари заоблени планини, предизвикувајќи големи потешкотии во сообраќајните рути, овозможувајќи само неколку можни премини во германската покраина Тирингија. Долга е околу 120 километри и 35 километри широка. Највисока точка е Гросер Берберг (Großer Beerberg) со 982 метри.

Положба на Тиригиската Шума во Германија

Ренштајг (Rennsteig, понекогаш нарекуван Rennweg) — древна патека која ги следи врвовите долж главниот срт. Сега е позната патека за планинарење и ја обележува традиционалната граница помеѓу доминантниот терен на ридови во средишна Германија и поостриот терен во јужна Германија, граница помеѓу средишна/северна Тирингија и Франконија. Дијалектите и традиционалните облеки се различни на секоја страна на Ренштајг. Ренштајг е исто така предмет на обработка во песната Rennsteiglied, неофицијалната химна на Тирингија.

Тириншката Шума е позната по замокот Вартбург, во близина на Ајзенах (каде Мартин Лутер престојувал некое време во прогонсво) и целогодишниот туризам, вклучувајќи ги многуте центри за зимски спортови.

Геолошки, Тириншката Шума е дефинирана како појас на многу возвишенија и деформирани метаморфни и магматни карпи, кои ги делат од релативни рамните седиментни рамнини на Thüringer Becken (на североисток) од сличните карпести форми во долината на Вера (на југозапад). Реката Шварца, следејќи ја оската на антиклиналата на Шварцбург (Schwarzburger Sattel), ја дели Тириншката Шума од шкрилните ридови на Тирингија и Франконија на југоисток.[1] Рудните богатства имале важна историска важност во развојот на регионот, на пример во Зул[2] и Илменау.[3]

Поглед од Рупберг близу Цела-Мелис
Поглед на дел од Штицербах

Реки и езера уреди

Браната на Ора

Североисточниот дел на планините припаѓа на сливот на десните притоки на Апфелштет, особено Шмалвасер и левите притоки на Ора, особено Кернвасер, преку Апфелштет, Гера и Унштрут во Зале. Апфелштет се влева во малото вештачко езеро Тамбарц-Дитхарц, а Шмалвасер и Ора во поголеми езера.

Јужниот дел припаѓа на сливот на Асбах, кој се влева во реката Штиле во Шмалкалде и во Хазел, реките и потоците на Шварца,[4] Хезелбах,[5] Лихтенау и Бах аус Албрехтс во Вера.

Планини уреди

Главните карпи на Gebrannten Stein (897 метри)
  • Шиценберг (Schützenberg, 904 м, главен срт југозападно од Оберхоф)
  • Грајфенберг (Greifenberg, 901 м, главен срт западно од Оберхоф)
  • Гебрантер Штајн (Gebrannter Stein, 897 м, јужно од Ренштајг, северно од Цела-Мелис)
  • Донерсхаук (Donnershauk, 894 м, главен срт)
  • Шмалкалдер Лојбе (Schmalkalder Loibe, 886 м, главен срт во западниот дел)
  • Гросер Хермансберг (Großer Hermannsberg, 867 м)
  • Рупберг (Ruppberg, 866 м, југозападно страна)
  • Гросер Бухенберг (Großer Buchenberg, 813 м, северно од главниот срт и југозападно од браната Шмалвасер)
  • Кремерод (Krämerod, 765 м, главен срт во крајниот северозапад)
  • Шварцер Копф (Schwarzer Kopf, 749 м, краен југ, југозападно од Цела-Мелис)
  • Зигелберг (Siegelberg, 734 м, краен североисток, југоисточно од Лујзентал)

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Bergmanssverein-erfurt.de
  2. Eigenstrasse.de
  3. „Ilmweb.de“. Архивирано од изворникот на 2012-07-07. Посетено на 2012-11-24.
  4. Шварца е наречена Хазелбах во нејзините горни текови и Шенау во нејзините средни текови
  5. Хезелбах е исто така наречена Dürre Hasel

Надворешни врски уреди

50°40′N 10°50′E / 50.667° СГШ; 10.833° ИГД / 50.667; 10.833