Тириншка Котлина

котлина во Тирингија, Германија

Тириншка Котлина (германски: Thüringer Becken) — котлина во средишниот и северозападниот дел на сојузната покраина Тирингија, Германија.[1][2] Низ неа течат неколку реки, од кои најдолга е Унштрут. Се протега 60 км од север кон југ и околу 120 км од исток кон запад. Висински се движи од 150 до 250 м.н.в.

Карта на Тириншката Котлина.
Јужниот дел на Тириншката Котлина помеѓу Ерфурт, Гота и Арнштат. Во позадина е Тириншката Шума со планината Гросер Инзелсберг, а лево е замокот Милбург во Милберг.

Котлината е опкружена со широк појас од школковаровнички сртови (како на пр. Хајних, Дин, Хајнлајте, Хое шреке, Шмике, Фине); на југозапад се граничи со Тириншката Шума, а на југоисток со со реско одделени тераси (школковаровничките висорамнина Илм-Зале и Ордруф и шаренопесочничката висорамнина Зале-Елстер). Тириншката Котлина потекнува од периодот тријас, кога налегнале хоризонталните слоеви од шарен песочник, школковаровник и којпер. Под нив се солените и гипсоците слоеви од цехов камен. Во кенозоикот околните сртови се подигнале, а котлината се спуштила, образувајќи длабнатина налик на чинија.

Висината на котлината се намалува од југ и запад кон исток. Иако некои од рабните сртови имаат особини на ниски венци, тука нема забележителни возвишенија освен Етерсберг и Фанершер Хее.

Во Тириншката Котлина преовладува земјоделството. Заедно со Магдебуршкото Берде и таканаречениот Лајпцишки Залив има најплодна почва во Германија.[3] Населена е уште во VIII и XI век, што значи дека највеќето села и градови во котлината е стари преку илјада години. Поради плодноста на овој крај, по котлината и нејзините краеви се појавиле градови прилично рано (Ерфурт и Милхаузен).

Населени места уреди

Покрај Ерфурт и Милхаузен, други населени во котлината се следниве (во загради е дадена година на основање и кога местото стнало град):

Историја уреди

Големи делови на котлината во поранешната Ландгрофовија Тирингија од 1264 г. биле во владение на династијата Ветинци, а по Лајпцишката поделба од 1485 г. овој крај го сочунувал Тириншкиот округ на Изборно Кнежевство Саксонија. Помали делови биле сопственост на ветинските Ернестински војводства и Грофовијата Шварцбург; градот Ерфурт бил владение на мајнчките ариепископи. Според Виенскиот конгрес од 1815 г. албертинските и мајнчките краеви му припаднале на Кралството Прусија, а помалите подрачја на северниот и јужниот раб ги сочиниле Тириншките држави.

Наводи уреди

  1. Elkins, T.H. (1972). Germany (3rd ed.). London: Chatto & Windus, 1972. ASIN B0011Z9KJA.
  2. Kohl, Horst; Marcinek, Joachim and Nitz, Bernhard (1986). Geography of the German Democratic Republic, VEB Hermann Haack, Gotha, pp. 32 ff. ISBN 978-3-7301-0522-1.
  3. Dickinson, Robert E. (1964). Germany: A regional and economic geography (2nd. изд.). London: Methuen.

Надворешни врски уреди