Тимок или Голем Тимок (српски: Велики Тимок) — река во источна Србија. Претставува е збир на реки со исти имиња и со придавки пред нив (Црн Тимок, Бел Тимок, Сврљишки Тимок, Трговишки Тимок, Голем Тимок). Од изворот на Сврљишки Тимок до устието на Велики Тимок во Дунав има должина од 202 км[1]. Реката тече низ Србија ,а последните 15 км ја претставува границата на Србија и Бугарија.уште се наоѓа и на надморска висина од 28 м,што претставува и најниска точка во Србија. Тимок е дел од Црноморскиот слив со протек од 24 м3/с, а може да достигне и 40 м3/с.Тимок е десна и последна притока на Дунав во Србија.

Тимок
Голем Тимок (Велики Тимок)
Тимок кај Балеј, Бугарија
Местоположба
ЗемјиСрбија, Бугарија
ГрадовиСрбија: Заечар, Брусник
Бугарија: Брегово, Балеј
Физички особености
ИзворЗаечар
 • местоСлив на Бел Тимок со Црн Тимок, Србија
 • координати43°55′12″N 22°17′52″E / 43.92000° СГШ; 22.29778° ИГД / 43.92000; 22.29778
УстиеДунав, кај Брегово, српско-бугарска граница
 • координати
44°12′49″N 22°40′13″E / 44.21361° СГШ; 22.67028° ИГД / 44.21361; 22.67028
Должина202 км[1]
Големина на сливот4.626 км2[2]
Проток 
 • просечен24 м3
Особености на сливот
ТечениеДунавЦрно Море
Притоки 
 • левиЦрн Тимок
 • десниБел Тимок

Тимок е широк 35 м, а длабок 0,5 - 1,5 м. Негова најголема лева притока е Вражогрначка река (45 км), а по тоа влегува во епигенетска Вражогрначка клисура длабока окулу 150-240 м, која се простира во должина 4,5 км. Каде што поминувс низ ерозивно проширување кај селото Трнавца и влегува во големата клисура или Соколовица со многу меандри. Некои од нив се : Стражевац, кои се наоѓа од десната страна на Тимок. Тој тече по алувијалната рамнина широка 300 - 1000 м, до селото Вељково и во долина на 18 км по алувијалната рамнина Дунав.

Должината на Тимок е 88 км, а сливното подрачје 1.222 км2. Заедно со Белиот и Трговишкиот Тимок е долг 201,7 и има има сливно подрачје 4.636 км2[2]. Неговиот тек е најголем во близина на вливот и изнесува 300 м3/с, а најмалиот од сите окулу 3 м3/с, што покажува дека реката има обилни одлики. На Тимок е хидроелектраната Соколовица ( 3,84 MW ) која годишно произведува цамо 17 милиони kWh електрична енергија. Електраната е пуштена во функција во 1949 година, таа хидроелектрана работи на проточна вода.

Поврзано уреди

  • Тимочани — старо словенско племе во поречието на Тимок

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Статистички годишник на Република Србија 2017 (PDF) (српски и англиски). Белград: Републички завод за статистика на Србија. октомври 2017. стр. 16. ISSN 0354-4206. Посетено на 30 мај 2018.
  2. 2,0 2,1 Velika Morava River Basin, ICPDR, ноември 2009, стр. 2