Примери
Ти беше момчето што пееше убаво на минатиот фестивал.

Ти е лична заменка за второ лице еднина во македонскиот јазик. Оваа лична заменка се користи да се означи лицето со кое се зборува или кон кого се обратуваме.[1]

Лични заменки уреди

Личната заменка „ти“ се користи како подмет во реченицата, односно да се означи лицето кое го врши дејството и лицето за кого се однесува нешто. Останатите форми за второ лице може да се видат во следнава табела, која патем ги наведува сите заменки во македонскиот јазик:

Лични заменки
број лице подмет присвојна заменка
и придавка
директен предмет индиректен предмет
без предлози со предлози
долга кратка долга кратка

присвојна

еднина I јас мој/ моја/ мое/ мои мене ме мене ми мене
II ти твој/ твоја/ твое/ твои тебе те тебе ти тебе
III м.р. тој негов/ негова/ негово/ негови него го нему му него
ж.р. таа нејзин/ нејзина/ нејзино/ нејзини неа ја нејзе ѝ неа
с.р. тоа негов/ негова/ негово/ негови него го нему му него
множина I ние наш/ наша/ наше/ наши нас нè нам ни нас
II вие ваш/ ваша/ ваше/ ваши вас ве вам ви вас
III тие нивен/ нивна/ нивно/ нивни нив ги ним им нив


Потекло уреди

Македонската лична заменка „ти“ потекнува од старословенската 'ты'. Така, оваа македонска лична заменка е доста слична и со останатите заменки за прво лице на останатите словенски јазици, како: ti на словенечки, српски, хрватски, босански и црногорски, ти на бугарски и украински, ty на полски, словачки, чешки и лужичкосрпски и ты на руски и белоруски.[2]

Употреба уреди

Во македонскиот јазик оваа заменка се користи за означување на соговорник, односно второ лице еднина.

Поврзано уреди

Наводи уреди