Тејт е национален музеј на Обединетото Кралство на британска и модерна уметност и претставува мрежа од четири уметнички галерии во Англија: Тејт Британија (отворена 1897 и преименувана во 2000), Тејт Ливерпул (1988), Тејт Сент Ив (1993) и Тејт Модерн (2000), со дополнително мрежно место, Тејт Онлајн (1998). Тоа е државен орган без одделенија.

Тејт се користи како оперативно име за правно тело кое беше основано со Законот за музеи и галерии од 1992 год. како Одбор на доверители на Тејт галеријата.

Галеријата беше основана во 1897 како Национална Галерија на Британската Уметност. Кога улогата му беше сменета вклучувајќи ја и модерната уметност, беше преименувана во Тејт Галерија по Хенри Тејт, кој ги постави основите за колекцијата. Тејт галеријата беше сместена во зграда на Милбанк, Лондон. Во 2000 г. ја подели својата колекцијата во четири музеи: Тејт Британија (сместена во првобитната зграда) прикажувајќи колекција на британска уметност од 1500 г. до денешен ден; Тејт Модерн која што исто така е во Лондон и во неа се наоѓа колекцијата на Тејт на британска и меѓународна модерна и современа уметност од 1900 г. до денешен ден. Тејт Ливерпул што се наоѓа во Ливерпул ја има истата цел како и Тејт Модерн, но во помал размер и Тејт Сент Ив прикажува модерна и современа уметност од уметници кои се поврзани со областа. Сите четири музеи ја споделуваат колекцијата на Тејт. Еден од најпубликуваните уметнички настани на Тејт е годишната Награда Тарнер, која се одржува во Тејт Британија.

Историја и развој уреди

 
Оригиналната Тејт галерија, сега преименувана во Тејт Британија

Првобитната уметничка галерија Тејт беше наречена Национална галерија на британската уметност и беше сместена на Милбанк, Пимлико, Лондон на страната на поранешниот затвор на Милбанк. Идејата за Национална Галерија на Британска Уметност за првпат беше предложена во 1820 г. од Сер Џон Лејчестер, Барон де Таблеј. Чекор напред беше направен кога Роберт Вернон ја даде неговата колекција на Националната галерија во 1847 г. Декада подоцна Џон Шипхенкс ја даде својата колекција на Музејот на јужен Кенсингтон (подоцна Викторија и Алберт музеј ), со години познат како Национална Галерија на Уметноста (истото име коешто го имаше и галеријата Тејт). Четириесет години подоцна Сер Хенри Тејт кој беше магнат за шеќер и голем колекционер на уметност од Викторијанската доба, понуди финансирање на зградата на галеријата во куќа на британска уметност под услов државата да ги поднесе трошоците за локацијата и даноците. Хенри Тејт исто така и ја подари на галеријата својата колекција. На почеток беше колекција само од британска уметност, концентрирајќи се на делата од модерните сликари, тоа ест Викторијанската доба. Колекцијата беше раководена од Националната Галерија сѐ до 1954 г. Во 1915 г. Хју Лејн неговата колекција од европска модерна уметност ја остави во наследство на Даблин, но колекцијата контроверзно отиде во Тејт, која ја зголеми својата колекција вклучувајќи странска уметност и продолжи да се здобива со дела од современа уметност. Во 1926 г. и 1937 г. дилерот на уметнички дела и покровител Јозеф Дувин плати за две големи проширувања на зградата на галеријата. Неговиот татко порано имаше платено за проширување на зградата за голем дел од наследството на Тарнер, кое во 1987 г. беше трансформирано во крило што го плати Сер Чарлс Клор. Хенри Кортаулт исто така го потпомогна Тејт со набавување на средства. До средината на 20 век исполнуваше двојна функција претставувајќи ја историјата на британската уметност како меѓународна модерна уметност. Во 1954 г. галеријата Тејт конечно беше одделена од Националната галерија.

 
Тејт Ливерпул отворена во 1988

Во периодот од 1950-те и 1960-те год. визуелниот уметнички ресор на Советот за Уметност на Велика Британија финансираше и организираше

привремени изложби во галеријата Тејт вклучувајќи ја и ретроспективата на Марсел Дишан во 1966 г. Подоцна Тејт почна да ја организира својата привремена изложбена програма. Во 1979 г. со финансии од страна на јапонска банка беше отворено големо модерно проширување коешто би сместило поголеми профитабилни изложби. Во 1987 г. се отвори крилото Клор за да смести поголем дел од наследството на Тарнер, а исто така обезбеди сала со 200 седишта. („Стогодишниот Развој“ во 2001 г. обезбеди подобрен пристап и јавни погодности.)

 
Тејт Сент Ив (на десно), отворена во 1993, има поглед на Портмеор Бич

Во 1988 г. во зафрлена населба во северозападна Англија се отвори Тејт Ливерпул. Тој прикажува различни дела од Тејт во Лондон како и зголемување на неговите привремени изложби. Во 2007 г. Тејт Ливерпул беше угостен со наградата Тарнер, која за првпат се одржа надвор од Лондон. Ова е увертира во постанувањето на Ливерпул европска престолнина на културата во 2008 г.

Во 1993 г. се отвори друг огранок, Тејт Сент Ив. Таа изложува дела на модерни уметници, особено оние од училиштето Сент Ив. Тејт исто така управува и со Музејот Барбара Хепворт и Вајарска градина кој е отворен во 1980 г.

 
Тејт Модерн е отворена во 2000 година.

Ниедна од овие две нови галерии на Тејт немаше значајно влијание врз функционирањето на првобитната Тејт галерија во Лондон, чијашто големина како што растеше колекцијата сè повеќе се покажуваше како ограничување. Логичен чекор беше “британските” и ”модерните” аспекти од колекцијата, да се одвојат и тие сега се наоѓаат во одвоени згради во Лондон. Првобитната галерија сега е Тејт Британија и е национална галерија за британска уметност од 1500 г. до денешен ден и нешто од модерната британска уметност. Тејт Модерн, во Бенксајт Пауер Стејшн на јужната страна на Темза, е отворена во 2000 г. и изложува национална колекција на модерна уметност од 1900 г. до денешен ден, вклучувајќи дел модерната британска уметност. Првата година, Тејт Модерн беше најпопуларниот музеј на светот со 5 250 000 посетители. Сер Николас Серота беше директор на Тејт од 1988 г.

Тејт Онлајн уреди

Тејт Онлајн е мрежната страница на Тејт. Сè до неговата промоција во 1998 г., страницата нудеше информации за сите четири (физички) Тејт галерии (Тејт Британија, Тејт Сент Ив, Тејт Ливерпул и Тејт Модерн) под истиот домен. Тејт Онлајн ги припрема посетителите и ги продолжува посетите на физички места, но исто така дејствува како одредиште самото за себе. Другите извори вклучуваат илустрирани информации за сите дела од колекцијата на британска и модерна меѓународна уметност на Тејт, можности за структурно и неформално електронско учење за сите посетители, над 400 часа на архивирани интернет настани, сите статии од весникот Тејт ЕТЦ и серии од нарачани уметнички работи по интернет. BT Group(British Telecommunications Group) е ексклузивен спонзор на Тејт Онлајн од 2001 г. Покрај тоа што нуди информации за галериите и организацијата, Тејт Онлајн се користеше како платформа за изложби на интернет уметност, наречена Нет Арт[1], кои се организирани како дел од иницијативата на Тејт Интермедиа Арт[2] која ја покрива новата медиска уметност. Досега 13 интернет уметнички изложби беа прикажани сè до започнувањето на иницијативата во 2000 г. вклучувајќи Тејт во Вселената (2002) која беше номинирана во интерактивната уметничка категорија за БАФТА Интерактивни Награди во 2003 г.

Администрација уреди

Тејт добива годишно финансирање од Министерството за Култура, Медиуми и Спорт. Со него управува Одборот на доверители кој е одговорен за функционирањето на галеријата и назначувањето на директорот (за период од 7 години). Според Законот за добротворност од 1993 год. Тејт е ослободен од добротворност директно од владата, наместо Добротворната комисија да враќа финансиски приходи итн. Меѓутоа, од Доверителите сè уште се очекува наполно да ги следат одговорностите на Доверителите за добротворност и може да подлежат на надзор на Добротворната Комисија оние елементи што се дел од нивните активности.

Се основаа различни органи за поддршка на Тејт вклучувајќи ги Тејт членовите за општа јавност, каде годишната членарина дава права како што се слободен влез плаќајќи за изложбите и просториите на членовите. Исто така Тејт има Тејт Покровители за поголема членарина и Тејт Фондација. Постојат и голем број на заеднички спонзори. Меѓутоа често се спонзорираат поединечни прикажувања.

OUTSET Фонд за Современа Уметност беше основан 2003 г. од покровители на Тејт, Јана Пил и Кандида Гертлер. Во соработка со Уметничкиот Панаѓур Frieze фондот купува дела од панаѓурот за Тејт.

Контроверзии уреди

  • Во 19 век имаше недоразбирања околу добивките од наследството на Чантреј и обвинувања кога наклонетоста резултира со купување на слабо неинтересно дело од Кралските Академици.
  • Во 1971 г. по пет дена беше затворена изложба на Роберт Морис поради здравствени и безбедносни причини.[3][4]
  • Во 1972 г. галеријата Тејт купи дело од Карл Андре наречено ''Еквивалент VIII''. За време на изложбата на делото во 1976 г. весникот Тајмс објави статија користејќи го делото да се пожали за институционално трошење на пари од данокот. Статијата го направи делото неславно и беше предмет на потсмев во медиумите и вандализам. Делото сè уште е популарно како „Тули“ и влезе во Британскиот државен лексикон.
  • Секоја година, Наградата Тарнер се одржува во галеријата Тејт (историски во Тејт Британија) и наградува уметник под 50 години кој е или Британец или кој првенствено твори во Велика Британија. Предмет е на голема контроверзија и создава големо медиумско внимание за Современата Британска Уметност, како и прикажувања што предизвикуваат внимание.
  • Во 1995 г. се откри дека Тејт прифатил подарок од 20 000 фунти од уметничкиот измамник Џон Дру. Галеријата му даде пристап на Дру до нејзините архиви кои потоа тој ги искористи да фалсификува документи авторизирајќи фалсификувани модерни слики кои подоцна ги продал.
  • Во 1998 г. Сер Николас Серота, директор на Тејт смисли “Операција Кобалт”, тајно и крајно успешно купување на две слики на Тејт од Џ.М.В. Тарнер што ги украде германската галерија во 1994 г. Види во Франкфуртска уметничка кражба (1994).
  • Чарлс Саатчи понуди голем подарок од дела што беа отфрлени од Серота. Серота одговори дека немало таква понуда.
  • Во 2005 г. Стакист понуди донација од 175 слики кои беа изложени во уметничката галерија Вокер. Донацијата беше одбиена и Тејт беше обвинет за “одбивање на една од најистакнатите британски колекции”.[5]
  • Во 2005 г. имаше скандал кога Тејт за 705 000 фунти го купи делото Горната Соба од артистот и тогашен доверител Крис Офили, како и обвинувања за конфликт на интереси.[6] Во јули 2006 г. Добротворната Комисија ја заврши истрагата и ја критикуваше галеријата за дејствување надвор од нејзината законска моќ.[7]
  • Во 2006 г. беше дадено легално мислење дека Тејт и Националната Галерија немаат законско право на сопственост на Наследството на Тарнер, бидејќи условите на Тарнер никогаш не беа исполнети и сè уште се обврзувачки.[8]
  • Во 2006 г. се откри дека Тејт беше единствениот музеј финансиран од државата, кој не е акредитиран од Советот на музеи, библиотеки и архиви (eng:MLA), бидејќи не сакаше да ги почитува правилата дека за отстранување на дело од колекција би требало прво да се понуди на други музеи. MLA се закануваше да го спречи Тејт од набавување на дела според Согласноста во Лиу (eng:AIL), при што делата се дадени на државата да го подмири данокот за наследство. 1800 музеи се овластени од MLA.[9]

Наводи уреди

  1. Tate: Net Art
  2. Intermedia Art
  3. [1]
  4. tate.org Пристапено во ноември 10, 2008
  5. Alberge, Dalya (2005)"Тејт одбива £500,000 подарок од 'неоригинални' Стакисти", The Times, 28 јули 2005. Преземено 10 јули 2007.
  6. Печатот за скандалот со “Горната Соба“ Преземено 19ти март 2006
  7. Alberge, Dalya (2006)"Купувањето на Офили од Тејт го прекрши законот за добтротворни цели" The Times online, 19 јули 2006. Пристапено јули 19, 2006
  8. „jmwturner.org“. Архивирано од изворникот на 2017-12-08. Посетено на 2021-08-16.
  9. The Art Newspaper Архивирано на 14 август 2006 г. Преземено 19ти март 2006

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди