Тетовирање (филм)

филм

Тетовирањемакедонски филм (во жанрот драма) од 1991 година, режиран од Столе Попов. Главните улоги ги толкуваат: Мето Јовановски, Столе Аранѓеловиќ, Љиљана Меѓеши, Јовица Михајловски, Кирил Поп Христов, Светозар Цветковиќ, Зоран Цвијановиќ, Александар Чамински, Ванчо Петрушевски, Ѓорѓи Колозов, Петре Арсовски, Данчо Чевревски, Благоја Чоревски, Младен Крстевски, Стево Спасовски, Милица Стојанова, Шишман Ангеловски, Лиле Георгиева и Александар Шехтански во главните улоги.[1] За овој филм, Столе Попов бил награден со наградата „Златна мимоза“ на Филмскиот фестивал во Херцег Нови во 1991 година, во категоријата за најдобра режија.[1] Неофицијално, Тетовирање е и првиот македонски филм понуден за номинација за престижната филмска награда Оскар, но не бил прифатен од Академијата.[2]

„Тетовирање“
плакат од филмот
РежисерСтоле Попов
СценаристМирко Ковач
Главни улогиМето Јовановски
Столе Аранѓеловиќ
Светозар Цветковиќ
Љиљана Меѓеши
Данчо Чевревски
Јовица Михајловски
Петре Арсовски
Кирил Поп Христов
Стево Спасовски
Благоја Чоревски
Зоран Цвијановиќ
Александар Чамински
Кирил Ристоски
Александар Шехтански
Милица Стојанова
Ѓорѓи Колозов
Младен Крстевски
Шишман Ангеловски
Ванчо Петрушевски
Лиле Георгиева
Ѓокица Лукаревски
Нино Леви
Самоил Дуковски
Жанрдрама
МузикаЉупчо Константинов
МонтажаВангел Чемчев-Лаки
ДистрибутерВардар филм, МРТ
Премиера1991
Времетраење128 мин
ЗемјаМакедонија Македонија
Јазикмакедонски

Содржина уреди

Дејството на филмот се одвива во летото 1989 година и го следи животот на работникот Илија (го игра Мето Јовановски), кој по низа апсурдни настани, иако потполно невин, завршува во затвор, обвинет за убиство, а подоцна и убиен од еден специјалец.

Илија, кој и инаку, според својот нескротлив темперамент како да е предодреден да биде во конфликт со официјалните сили што го „штитат“ поредокот комунистичкиот режим во распад — по една караница со сопругата (ја игра Љиљана Меѓеши) го напушта домот со единственото што го поседува, празниот куфер.[1] Откако им станува сомнителен на двајца полицајци кои го забележуваат на железничката станица, завршува во Истражниот затвор, каде е подложен на „вербална и физичка тортура“.[1] Иако малтретиран од затворските чувари и вистинските криминалци и иако дел од една истражна постапка која непрестајно се одолговлекува, невиниот Илија оправдано очекува да биде ослободен од причини што, покрај својата невиност, на негова страна го има и таткото на неговата жена, кој е познат адвокат.

Во меѓувреме, по еден од судирите, борејќи се за сопствениот живот во тепачка со криминалецот Љупчо (го игра Александар Чамински) — кој потоа, не по вина на Илија, им подлегнува на повредите — обвинет е за убиство и е упатен на издржување на затворската казна. „Со тоа, односот меѓу сопружниците добива нова, дури и побогата димензија; миговите на посети од страна на неговата сопруга му даваат на Илија сила да истрае и да се бори за ревизија на процесот.“[1] Сепак, еден ден, Илија е вовлечен во бегството на затвореникот Змија (го игра Јовица Михајловски) и, при тоа, убиен е од специјалец со куршум испукан во челото на сликата на Исус — истетовирана на неговите гради.

Улоги уреди

Глумец Улога
Мето Јовановски Илко
Лилјана Медјеси Жената на Илко
Столе Аранѓеловиќ Мајстор
Светлозар Цветковиќ Нускало
Петре Арсовски Командирот
Јовица Михајловски Боле Змија
Александар Шехтански
Ѓорѓи Колозов Лале
Младен Крстевски Сибрат
Милица Стојанова Мара
Благоја Чоревски Батко Доктор
Стево Спасовски Професорот
Мите Грозданов Затвореник
Нино Леви
Ванчо Петрушевски Жика
Данчо Чевревски Кифла
Александар Чамински Љубо манијак
Кирил Ристоски Управникот
Заим Музаферија Јордан
Благоја Спиркоски-Џумерко Стражарот
Ѓокица Лукаревски Полицаец
Шишман Ангеловски Бербер
Илко Стефановски
Сабина Ајрула-Тозија
Ѓорѓи Јолевски Гркот
Кирил Поп Христов Исус
Александар Ѓорчев
Ѓорѓи Тодоровски Полицаец
Кирил Гравчев
Мустафа Јашар
Лиле Георгиева Старата продавачка
Атила Клинче
Владимир Јачев Полицаец
Предраг Павловски

Реакции и награди уреди

Реакции уреди

„Тетовирање“ зборува за беспрекорноста на функционирањето на апсурдот, репресијата и насилството[1] и е еден од најпопуларните македонски филмови кога и да е снимени. Роберт Алаѓозовски, во својот есеј „Маргиналните слоеви и поновиот македонски филм“, дава позитивен оглед на филмот велејќи дека „стремејќи се кон една кафкијанска атмосфера и кон еден бекетовски апсурд, дејствието во филмот се интензивира и згуснува, преминувајќи час врз судбината на главниот лик час врз преостанатите, мешајќи ситуации на комични гегови, разуздан гнев и апсурдни чинови, а сето тоа надополнувајќи го со документаристичка веродостојност и издржана метафорика, при што некои ситуации се директна пародија на востоличени филмски клишеа, како што е смртта на главниот јунак“.[3] Денес, „Тетовирање“ има култен статус, а истовремено низа реплики од филмот во изминативе децении се станати дел од вокабуларот на помладите генерации[се бара извор].

Награди уреди

Филмот и екипата што учествува во неговата реализација се добитници на низа награди:[4]

Белешки уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 „Тетовирање“. Македонски Информациски Филмски Центар. Посетено на 2008-09-04.[мртва врска]
  2. Всушност, Американската Филмска Академија објавила дека примила четири апликации од новоформираните земји - Ерменија, Хрватска, Македонија и Словенија, но дека тие не биле прифатени поради тоа што наведените земји не биле меѓународно признаени; сепак, речиси е невозможно Македонија да понудила друг филм, со оглед на тоа што во наведената година, покрај Тетовирање е снимен само уште еден филм - Љубовта на Кочо Топенчаров, документарен филм со должина од 13 минути (за потврда, посетете ја статијата од хронолошкиот преглед на МИФЦ за 1991 година[мртва врска]).
  3. Роберт Алаѓозовски. „Маргиналните слоеви и поновиот македонски филм“. Блесок. Посетено на 2008-15-09. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help); Надворешна врска во |publisher= (help)[мртва врска]
  4. Фестивал Охридско лето/ Ohrid Summer Festival 56, стр. 50-51.

Надворешни врски уреди